3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ТехнологијаНад 5 милијарди мобилни годинава ќе станат отпадПовеќе од пет милијарди од околу 16 милијарди мобилни телефони во светот ќе бидат отпишани или фрлени оваа година, процениле експертите и повикале материјалите што ги содржат да се рециклираат.Доколку се наредени еден врз друг, деактивираните мобилни телефони би достигнале височина од 50.000 километри, или сто пати поголема од висината на Меѓународната вселенска станица, објави истражувачкиот конзорциум WEEE. Иако содржат злато, бакар, сребро, паладиум и други компоненти кои можат да се рециклираат, речиси сите овие несакани уреди се оставени, фрлени или изгорени, што предизвикува значителна штета на животната средина и здравјето. „Мобилните телефони се меѓу електронските производи кои најмногу нѐ загрижуваат“, вели Паскал Лерој, главен извршен директор на WEEE, непрофитна алијанса на организации за управување со електронски отпад. „Ако не ги рециклираме ретките материјали што ги содржат, ќе мораме да ги ископуваме од земји како Кина и Конго“, изјави Лерој за АФП. Мобилните телефони на крајот на животот се само врвот на ледениот брег од речиси 45 милиони тони глобален електронски отпад што не се рециклира. Многу од петте милијарди мобилни телефони кои годинава ќе бидат повлечени од оптек, нема да завршат во ѓубре, туку наместо да завршат во рециклирање, ќе останат заборавени во фиоки, плакари и гаражи во домовите и деловните субјекти. Според истражувањето спроведено во шест европски земји од септември годинава, просечно европско семејство моментално има околу пет килограми ваков електронски отпад. Истражувањето покажало дека 46 отсто од домаќинствата чуваат мала електрична и електронска опрема затоа што можеби им е потребна, 15 отсто имаат намера да ја препродаваат, а 13 отсто ја чуваат поради „сентиментална вредност“. „Се чини дека луѓето не разбираат како овие навидум безначајни објекти имаат голема вредност, а на глобално ниво тие претставуваат огромна количина“, вели Паскал Лерој. „Но, електронскиот отпад никогаш нема да се собира доброволно бидејќи трошоците се високи. Затоа законодавството е неопходност. Овој месец, Европскиот парламент усвои нов закон со кој се бара еден полнач за сите нови паметни телефони, таблети и камери од 2024 година. Со ова се очекува да се заштедат најмалку 200 милиони евра и да се намали е-отпадот за неколку илјади тони секоја година. Благодарение на законодавството, Европа собира многу повеќе електронски отпад отколку што е вообичаено во другите делови на светот. Во Европа се собира од 50 до 55 проценти од електронскиот отпад, а во земјите со помали примања помалку од пет проценти. Во исто време, илјадници тони електронски отпад од богатите земји се транспортираат во земјите во развој за рециклирање. И често има недостиг на средства за безбедно отстранување на таквиот отпад, па опасните супстанции како жива или пластика можат да ја загадат почвата, да ја загадат водата или да влезат во синџирот на исхрана. „Поместевме планини во Европа“, вели Лерој. „Сега мораме да го извеземе тоа знаење во други делови од светот“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизТеа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварењеСпоред пишувањата на локалните медиуми, Теа Таировиќ била подложена на итна операција поради внатрешно крварење.Веста за здравствената состојба на популарната пејачка предизвика загриженост во јавноста, откако се појавија информации дека таа во текот на ноќта била хоспитализирана, нејзиниот ПР-тим излезе со соопштение. Како што пренесува „Блиц“, лекарите одлучиле да извршат итна операција по извршениот преглед. Во соопштението од нејзиниот тим се потврдува дека Теа сега е добро. View this post on Instagram A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic) Веста за итната операција на Теа Таировиќ ги вознемири нејзините бројни обожаватели, кои со нетрпение очекуваат нови информации за нејзиното закрепнување. Извори за „Блиц“ наведуваат дека пејачката била примена во болница синоќа, а по лекарските прегледи, лекарите утврдиле дека е неопходна итна операција. Медиумот пренесува дека станувало збор за внатрешно крварење, а според изворите, животот на пејачката бил загрозен. Сериозноста на ситуацијата ја потврдува и фактот што медицинскиот тим реагирал веднаш. View this post on Instagram A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic) Теа Таировиќ сега е добро, потврдува нејзиниот ПР-тим По веста за итната операција, стигна информација и од тимот на пејачката. Нејзиниот ПР-тим потврди дека Теа Таировиќ сега е добро, но одбија да изнесат повеќе детали за нејзината здравствена состојба. „Теа Таировиќ сега е добро. Не сакаме да откриваме детали за нејзината здравствена состојба. Таа лично ќе ѝ се обрати на јавноста штом ќе биде во можност. Ве молиме за разбирање“, изјавија од ПР-тимот на Теа Таировиќ. View this post on Instagram A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic) Засега нема дополнителни информации за настаните што довеле до хоспитализацијата, ниту пак за тоа колку долго ќе трае нејзиното закрепнување.Тагови: Теа Таировиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности за меѓуврсничко и семејно насилство, безбеден сообраќај и кражбиДенеска (26.10.2026) полициски службеници од Полициска станица Делчево реализираа превентивна едукативна активност на учениците од седмо одделение во ООУ „Ванчо Прќе“ на тема „Меѓуврсничко насилство-Безбеден интернет“.Денеска (26.10.2026) полициски службеници од полициски станица Пробиштип во содејство со полициски службеници од криминалистичка полиција и Црвен крст – Пробиштип на учениците од шесто одделение од ООУ „Браќа Миладиновци“, одржаа едукативно предавање на тема „Меѓуврсничко насилство-Безбеден интернет”. Посебен акцент беше ставен на запознавање на учениците со надлежностите на МВР, мерки и активности што се преземаат од страна на МВР во однос на оваа проблематика и превенцијата од вакви појави. Денеска (26.10.2026) полициски службеници од Полициска станица Виница во содејство со полициски службеници од криминалистичка полиција Виница реализираа превентивна едукативна активност на учениците во седмо одделение од ООУ „Гоце Делчев“ од Виница на тема „Меѓуврсничко насилство и Безбеден интернет“. Денеска (26.10.2026) полициски службеници од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Штип реализираа превентивна едукативна активност на учениците во трета и четврта година СОУ „Јане Сандански“ Штип на тема „Учам, полагам, возам“. Денеска (26.10.2026) полициски службеници од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Кочани на повеќе локации во централно градско подрачје во Кочани спроведоа превентивна активност на тема „Возете безбедно со технички исправно возило“. За време на спроведувањето на активноста на возачите учесници во сообраќајот и беше појаснета законската регулатива околу почитувањето на сообраќајните правила и прописи. Поделени им беа летоци и едукативни совети на возачите. „Со знаење против сајбер и сајбер булинг“ е превентивниот проект што Отсекот за превенција при СВР Охрид, го реализираше во основното училиште „Живко Чинго“ во охридското село Велгошти. Полициски службеници од отсекот за превенција, пред учениците одржаа едукативни предавања на темата и низ интерактивна комуникација со учениците, зборуваа за облиците на сајбер насилства и агресивно однесување помеѓу младите како и за формите на овие асоцијални и девијантни појави кои, сериозно ја загрозуваат безбедноста на учениците со посебен акцент на начините за препознавање, избегнување, пријавување на истите како и на законските овластувања на полициските службеници и казнените одредби за сторителите. Проектот ќе биде реализиран и низ другите основни училишта. Денеска (26.10.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес за учениците од прво до четврто одделение во ООУ „Рајко Жинзифов“ во село Горно Оризари, велешко, реализираа едукативно предавање на тема „Правила за малите пешаци“, со цел децата, како најмлади учесници во сообраќајот, од најрана возраст да се запознаат со основните сообраќајни правила и прописи. Едукативно предавање на тема заштита од врсничко и сајбер насилство во ООУ „Гоце Делчев“ во Кавадарци, спроведоа полициски службеници од ОВР Кавадарци, во рамки на кое учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и за последиците што може да се појават, при тоа појаснувајќи им ги начините и методите за навремено превенирање и справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите. На подрачје на општина Чашка, денеска беше реализирана превентивна активност на тема „Пријави семејно насилство“, со цел граѓаните да се запознаат со појавите на семејно насилство, постапките и процедурите што се преземаат, како и нивните права и мерки за заштита при постоење на некои од облиците на семејно насилство. Додека, полициски службеници од Полициска канцеларија Демир Капија, спроведоа активност за заштита од кражби, укажувајќи им на граѓаните како да ја зголемат личната безбедности да внимаваат на своите лични предмети. На подрачје на Велес и Неготино, денеска беа реализирани и сообраќајни превентивни активности со цел укажување на возачите за ризикот од управување на возило под дејство на алкохол, што претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот, како и на обврската за прилагодување на брзината според сообраќајната сигнализација и условите на патот. Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал. Отсекот за превенција при СВР Тетово, вчера (25.10.2026) во Основно училиште „Наим Фрашери“ во Тетово одржаа едукативно предавање „Правила на мали пешаци“, во кој беа опфатени децата од првото одделение, на кои стручно обучени полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово, им одржаа предавање на децата како да се движат во сообраќајот, секако со напоменаа да внимаваат на сообраќајните знаци.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски со честитки за студентската листа во Србија: Телефонски разговор со Илија СрдановиќДенеска премиерот Христијан Мицкоски оствари телефонски разговор со проф. д-р Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија, на кого му беше честитано за постигнатиот изборен резултат и победата. Во разговорот му бил посакан успех во периодот што следува, со надеж дека ќе продолжи развојот на добрите односи меѓу двете држави. Било истакнато дека меѓусебното почитување, добрите меѓудржавни односи и соработката се важни за градење заедничка иднина и остварување на интересите на граѓаните во двете земји. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter