ВМРО-ДПМНЕ: За една година ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите, Карбинци се развива со конкретни инвестиции
Втората вечер од патувачкиот фестивал на македонски филм во Сплит посветена на етнолошките филмови на Вера Кличкова
1ВМРО-ДПМНЕ: За една година ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите, Карбинци се развива со конкретни инвестиции
2Втората вечер од патувачкиот фестивал на македонски филм во Сплит посветена на етнолошките филмови на Вера Кличкова
3СДСМ: Не може да има 5,5 милиони евра за прослави, да има за владин вион а да нема пари за 600 евра минимална плата
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
Други спортовиНад 300 млади пливачи на Зимското национално првенство во мали базениЗимско национално првенство во мали базени се одржа во Спортскиот Центар Борис Трајковски во Скопје, во организација на Национална Пливачка Федерација. Оваа манифестација се одржува повеќе од 60 години и им дава можност на младите пливачи да постигнат резултати и да напредуваат во нивните спортски кариери. Во првенството зедоа учество 310 млади пливачи во категоријата од 25 метри, поделени во 5 старосни категории 12, 14, 16 и 18 години, од сите активни пливачи во Скопје и Битола. Настанот беше во согласност со мерките и протоколите укажани од Владата за натпревари и тренинзи, со тоа што беше намален бројот на пливачи, беше поделен на неколку делови, а од публика дозволено беше учество само на тренери и службени лица. - Во текот на целата година пливачките клубови а и федерацијата организираа низа на пливачки натпревари и пливачки маратони кои поминаа во најдобар ред со почитување на протоколите за справување со Ковид-19. Пливањето е важна физичка активност, потребна за правилен раст и развој на младите. Би сакал да искажам благодарност кон спортските пливачки работници кои со несебичен труд и волонтерство се посветени да донесат среќа, радост и многу успех кај нашите пливачи од најмала па се до најголема возраст постигнувајќи државни рекорди и многу значајни резултати во нивните прекрасни кариери, вели Александар Филипчев, претседателот на Федерацијата. За настанот беше обезбеден најмодерниот уред за електронско мерење на времиња, а од Белград беше изнајмена најсовремена опрема со учество на пливачките клубови - членки на Федерацијата. Со завршување на сите 4 дела од Зимското Национално Првенство во пливање кое се одржа на базенот Борис Трајковски, официјално прогласени се најуспешните пливачи по категории: Мажи во категорија сениори - Деркоски Филип П.В.К.Орион, категорија младинци - Стојановски Андреј ПК Нептун, категорија кадети - Стојановски Андреј ПК Нептун, категорија постари пионери - Јанковски Јован П.В.К.Орион и категорија Помлади Пионери - Бошнаков Димитар ПК Скопје. Жени во категорија сениори - Блажевска Еминова Миа П.В.К.Орион, категорија Младинци - Блажевска Еминова Миа П.В.К.Орион, категорија кадетки - Блажевска Еминова Миа П.В.К.Орион, категорија постари пионерки - Дамјанова Софија ПК Октопод и категорија помлади пионерки - Танаскоска Катја ПК Скопје. - Првенството се одвиваше во супер спортска атмосфера каде се почитуваат фер плејот и сите правила на натпреварот. Би сакал да напоменам дека досега се соборени повеќе државни рекорди а постигнати се многу резултати кои се најдобри постигнувања кај нашите македонски пливачи. Во една од трките земаа учество и пливачите од Специјалната Олимпијада на Македонија и тоа му даде посебен драж на првенството. Забелешките и коментарите на сите 16 клубови кои земаа учество се позитивни затоа што нашите колеги - спортски работници ја разбираат тежината на организацијата во ваква ситуација. Би сакал да изразам голема благодарност до сите пливачи, тренери , клубови и спортски работници кои со својата работа овозможуваат насмевки и радост кај нашите деца и пливачи, додава Миро Крстевски, делегат на првенството и претседател на еден од најголемите македонски пливачки клубови - ПК Бета Шаркс Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: За една година ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите, Карбинци се развива со конкретни инвестицииЗа само една година, Општина Карбинци бележи конкретни резултати и реализирани проекти. Во фокусот се образованието, инфраструктурата и подобрувањето на условите за живот на граѓаните.Изградена е нова училишна зграда во Радање, а со доградбата на градинката „Кокичиња“ се обезбедува простор за околу 100 дополнителни деца. Изградена е нова пешачка патека Таринци–Карбинци, во должина од 1,5 километри, а се инвестира и во нови улици во општината. Се реализираат и капитални проекти како каналот Герен во Долни Балван и регулацијата на реката Брегалница, со кои се решаваат долгогодишни проблеми и се создаваат побезбедни и подобри услови за живот. Подобрено е улично осветлување. Паралелно, Општина Карбинци продолжува со поддршка на децата, младите и семејствата преку конкретни финансиски мерки. Во изминатата година Општина Карбинци покажа дека се грижи за семејствата, младите и сите граѓани да имаат подобар животен стандард. Се воведоа конкретни мерки како: 5000 денари поддршка за секое дете кое започнува во прво одделение. 5000 денари поддршка за секој ученик кој ја започнува првата година од средното образование. 5000 денари поддршка за студентите кои ја започнуваат првата година на државните универзитети. И 10.000 денари финансиска поддршка за секое новороденче. Ова можеби се финансиски средства кои на прв поглед не изгледаат големи, но за едно семејство значат поддршка во вистински момент. Ова е само дел од реализираните резултати. Карбинци се движи напред со работа, инвестиции и јасна визија за иднината. Општина Карбинци продолжува да работи за секое населено место и за секој граѓанин. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураВтората вечер од патувачкиот фестивал на македонски филм во Сплит посветена на етнолошките филмови на Вера КличковаМакедонскиот КИЦ и Кинотека втората вечер од патувачкиот фестивал на македонски филм во Сплит ја посветија на етнолошките филмови на Вера КличковаВо рамките на второто издание на патувачкиот Фестивал на македонски филм, синоќа во Сплит се одржа втората вечер на Фестивалот посветена на етнолошките филмови на Вера Кличкова. Беа прикажани филмовите – „Мариовска свадба", „Велигденски обичаи" и „Русалиски обичаи во Гевгелија". Краток вовед во филмовите дадоа вишиот филмолог Дамјана Ивановска Патчева и филмскиот техничар и продуцент Тихомир Кашмицовски од Кинотека на Македонија, приближувајќи ѝ ја на публиката важноста на зачувувањето на етнолошкиот филм како дел од филмското наследство. Денес Фестивалот продолжува со Трибина насловена „Дијалог на кадри – улогата на Кинотеката на Македонија во заштитата на филмското наследство и меѓународната промоција на македонската кинематографија" во просториите на Македонското културно друштво „Македонија" Сплит, која се одржува во рамките на манифестацијата „Денови на македонскиот филм". Вечерта продолжува со проекцијата „Македонски оскаровци" при што ќе бидат прикажани филмовите „Дае" („Мајка") на режисерот Столе Попов и „Медена земја" на Тамара Котевска во кинотеката на Центарот за култура „Златна врата". Македонскиот КИЦ во Загреб и оваа година патувачкиот Фестивал на македонски филм го организира во партнерство со Кинотеката на Македонија и хрватската мрежа на независни киноприкажувачи, како дел од сопствената годишна програма поддржана од Министерството за култура и туризам. Фестивалското издание во Сплит се одржува во соработка со Македонското културно друштво „Македонија" Сплит и Центарот за култура „Златна врата". Во текот на месеците септември и октомври, во знак на одбележување на 35 години независност, Фестивалот на македонски филм продолжува во 11 градови низ Хрватска.Тагови: Вера Кличкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
МакедонијаСДСМ: Не може да има 5,5 милиони евра за прослави, да има за владин вион а да нема пари за 600 евра минимална платаДодека Мицкоски ужива во луксуз со часовници од 60.000 евра, костуми од 5.000 евра македонските работници евдај врзвуваат крај со крај и не можат да го преживеат месецот.Цените на храната и горивата се до плафон а минималната плата од околу 26.000 денари е недоволна за достоинствен живот. Синдикална кошничка е 70.000 денари, месечните трошоците со кирија или станбен кредит надминуваат 90.000 денари. Сегашната минимална плата покрива само 31% од основните месечни трошоци на едно семејство а речиси цела минимална плата, околу 25.000 денари, е потребна само за храна и безалкохолни пијалаци. Кога на тоа ќе се додадат околу 7.000 денари за училишен прибор, 5.000 денари за превоз, 6.000 денари за облека и дополнителните трошоци за здравство, јасно е дека работничките семејства не можат да врзат крај со крај. Затоа СДСМ по третпат го поднесе Предлог-законот за зголемување на минималната плата на 600 евра, односно 36.960 денари. 600 евра е минимум потребна плата за македонските работници да можат да живеат од сопствениот труд. Пари има, но власта ги троши за погрешни работи. Не може да има 5,5 милиони евра за прослави, да има 100 милиони евра за владин авион, мебел, службени автомобили и привилегии за функционерите, а да нема пари за работниците. Власта нека скрати од сопствениот луксуз и нека ги насочи парите кон зголемување на платите и заштита на животниот стандард. Минималната плата од 600 евра затоа што работниците заслужуваат достоинствен живот, а не секојдневна борба за преживување. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter