Триесет и четири лица се повредени , десетици се евакуирани , а 14 училишта се затоврени денеска откако тлото под Истанбул се стресе околу 200 пати по вчерашниот силен земјотрес.
Земјотресот со јачина од 5,8 степени што вчера го погоди Истанбул ги принуди жителите да избегаат од зградите , а во потресот се оштетени две џамии. Во најголемиот град во Турција со 15 милиони жители, кој лежи на нестабилно сеизмичко подрачје на Северна Анадолија, зградите се нишаа неколку минути , а училиштата и деловните објекти беа привремено евакуирани.
Земјотресот бил на длабочина од 12,6 километри, со епицентар на околу 70 километри западно од Истанбул во Мраморното море , јужно од градот Силиври, соопшти турскиот сеизмолошки институт.
Според најновите податоци, 10 од 34 повредени ќе останат хоспитализирани, а по силниот земјотресот се регистрирани 188 потреси со магнитуда до 4,1 степени.
Сеизмолозите долго време предупредуваат на можноста за голем земјотрес што може да го погоди Истанбул. Властите ги предупредуваа луѓето да избегнуваат да се движат близу до слабо изработени објекти.
Во 1999 година, земјотрес со јачина од 7,6 степени го погоди градот Измир, 90 километри југоисточно од Истанбул, при што загинаа повеќе од 17.000 луѓе.