Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
2Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
ЖивотНационалниот парк Галичица го одбележува Светски ден на животната срединаОвој ден го одбележува и Националниот парк „Галичица" кој неодамна успешно воспостави репродуктивен центар за Европски елен.По поводСветски ден на животната средина WWF Adria посочува дека примарна улога на заштитените подрачја е зачувување на биолошката разновидност, но дека тоа за жал често се занемарува, поради активности како развој на инфраструктурата, масовен туризам, експлоатација на шумите и други неодржливи, честопати и незаконски активности. Овој ден го одбележува и Националниот парк „Галичица" кој неодамна успешно воспостави репродуктивен центар за Европски елен. Пред само неколку дена, Паркот извести дека во центарот се родиле првите еленчиња. Но, истовремено Паркот се соочува и со предизвици од континуиран развој на инфраструктура на неговата територија. Поради значителните природни убавини, биолошка и пределска разновидност и пејзажни вредности Национален парк Галичица во е посакувано место за престој и уживање. Универзалните вредности на паркот биле основа за негово прогласување за национален парк во 1958 година, но и причина 2/3 од неговата територија да бидат вклучени во рамките на Природното и културно наследство на охридскиот рекион на листата на УНЕСКО. „Ваквите особености многу често и креираат проблеми на Јавната установа Национален парк Галичица (ЈУНПГ) која е задолжена за заштита и управување со паркот. Од една страна поединци сакаат да си обезбедат парче од оваа убавина за лично уживање но истотака национални и локални бизниси вршат постојан притисок за урбанизација и изградба на несоодветна инфраструктура која во иднина ќе им WWF во Македонија Тел: 072 726 104, e-mail: [email protected] овозможи профит без при тоа да се води сметка за оштетувањата врз уникатната природа. Поради ваквата состојба ЈУНПГ во сите свои стратешки документи особено внимание посветува на запознавање на јавноста со потребата од заштита на вредностите како предуслов за одржлив развој на подрачјето и обезбедување на услови за економска благосостојба на локалните заедници и развој на локалната економија." изјави Андон Бојаџи од ЈУНП Галичица. „Зачувувањето на заштитените подрачја е од огромно значење не само за заштитата на биолошката разновидност, туку и за социо-економскиот развој на локално и глобално ниво. Oсобено сега, во време кога се бориме против пандемијата, неопходно е да се постават уште оконкретни и амбициозни цели за заштита на животната средина и природата. Не смееме повеќе да го оправдуваме уништувањето на природните ресурси поради развој. Развој на инфраструктурни објекти во највредните природни живеалишта не е развој, туку уништување на бројни потенцијали за одржлив развој. Зачуваните национални паркови и зачуваната природа треба да бидат интерес, но и одговорност на сите институции ", посочува Ана Чоловиќ Лешоска од организацијата WWF Adria. Чоловиќ Лешоска додава дека за жал, заштитените подрачја се изложени на разни притисоци, поради што доаѓа до губење на биолошката разновидност и природните вредности на подрачјата. Во Македонија, околу 9% од територијата е под заштита, иако меѓународната конвенција за биолошка разновидност се обврза да го зголеми тој процент на 15% до 2020 година. Центар за истражување и информирање Еко-свест од Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 10. ноември 2026 година Дневен хороскоп за вторник, 10. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некој би можел да ви понуди љубовна размена или соработка што ветува. Се ќе изгледа премногу деловно. Кариера Ќе договарате работи без проблеми , а другите ќе ви помагаат. Во сите работи до израз ќе дојде вашиот шарм. Здравје и совет Соработувајте со другите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашите лични односи добро се развиваат , а денеска во нив настојувате да внесете повеќе фантазија и флексибилност. Кариера Ќе успеете да ги вклучите новите соработници во работата , но финансиите ќе ви задаваат грижи.Повторно мислите дека може повеќе и подобро. Здравје и совет Не може ништо да ве одмине. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Во вториот дел од денот ќе се чувствувате многу среќни и исполнети . Оние кои уште се сами , нека ја следат својата интуиција. Кариера Пред вас се нови големи задачи на кои вреди да им се посветите со целосно внимание.Денеска ќе ги анализирате. Здравје и совет Се чувствувате одлично. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои ќе се откажат од добра забава или излегување без оглед на обврските што ги иамте. саканата личност ќе ве следи. Кариера Веќе не сте сигурни колку се очекува од вас, па ќе ја дозирате својата работа или ќе ги проверувате работните задачи. Здравје и совет Не се измачувајте со ситни работи. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе ви се отворат нови љубовни можности , па потрудете се да бидете меѓу луѓе или со саканата личност. Кариера Ќе дојде до мала преодна проверка , што ќе ви одземе време , а се друго е под контрола. Здравје и совет Работите ви одат се подобро и подобро. Овен 21.3-20.4. Љубов Можно е излегување во поголемо друштво. Оние кои се уште сами , нека не зборуваат премногу , туку да ги остават другите тоа да го прават. Кариера Се што денеска ќе работите од зас ќе бара поголем праг на толеранција и поголема способност за соработка. Здравје и совет Мали нервози и грижи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Среќата во личниот живот ќе ја барате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите. На моменти ќе бидете сами , а на моменти среде толпа. Кариера Оние кои истражувале , денеска ќе дојдат до големо откритие. Тоа ќе биде вистински златен рудник. Здравје и совет Добро влијание на алтернативните терапии. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Оние кои се уште сами денеска ги имаат сите шанси за да воспостават близок контакт со личност со која работат или која ја познаваат преку работата. Кариера Ќе ви биде пријатно и убаво на работното место и покрај тоа што ќе ви биде напорно. Здравје и совет Денеска ќе ви биде полесно. Рак 22.6-22.7. Љубов Пред вас е исклучително добар ден во кој ќе може да си ги остварите љубовните сништа. Затоа отворете се и уживајте. Кариера што и да работите , денеска ќе ви биде уживање. работите ќе се одвиваат подобро и полесно отколку што сте се надевале. Здравје и совет Полни сте со позитивна енергија што ја ширите околу себе. Лав 23.7-22.8. Љубов Чувствителноста на саканата личност дфенеска ќе ви создава дополнителни фрустрации. Обидете се да бидете трпеливи и нежни. Кариера Многумина ќе се насмеат на можноста за некаква соработка , зашто ќе им изгледа дека не е реална.Сепак , размислете. Здравје и совет Побарајте хумористични содржини. Девица 23.8.-23.9. Љубов Веројатно ќе бидете обземени од сентименталност , со која тешко ќе излезете на крај. Малку има во љубовта што денеска би можело да ве задоволи. Кариера Вашето знаење и стручноста се неприкосновени , па ќе ви се чини дека не ви обрнуваатдоволно внимание и дека заслужувате повеќе. Здравје и совет Настинка и главоболка. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе се обидете да споите неврзано излегување со рутина. Би можеле да се најдете на ново место со старите познаници или старите навики. Кариера Една пријатна порака ќе ви го осветли денот и малку ќе ве оддалечи од секојдневнието. Сепак , набргу ќе мора да се вратите на работата. Здравје и совет Чувствителност на синусите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаСамоил Малчески, Сеад Ризвановиќ и Александар Кржаловски во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Самоил Малчески, Сеад Ризвановиќ и Александар КржаловскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотПедијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџеритеДури и верзиите без шеќер не се без ризик, бидејќи сепак можат да содржат високи нивоа на кофеин.Енергетските пијалаци се популарни меѓу децата и тинејџерите, а нивната консумација дополнително ја поттикнуваат социјалните мрежи, инфлуенсерите и рекламите, кои ги претставуваат како брз начин за зголемување на енергијата и концентрацијата. Една лименка енергетски пијалак од половина литар може да содржи дури 55 грама шеќер – што одговара на приближно 11 ќесички шеќер од по пет грама. Покрај шеќерот, овие пијалаци често содржат големи количества кофеин, како и други состојки, на пример таурин, ароми и бои. Дури и верзиите без шеќер не се без ризик, бидејќи сепак можат да содржат високи нивоа на кофеин. Немир, анксиозност и срцеви проблеми Педијатрите предупредуваат дека редовната консумација на енергетски пијалаци може да предизвика низа непријатни симптоми: забрзано или силно чукање на срцето, чувство на немир и анксиозност, како и треперење. Консумирањето на овие пијалаци кај младите го нарушуваат срцевиот ритам, предизвикувајќи проблеми со спиењето, како и симптоми на анксиозност или напади на паника. Младите развиваат толеранција кон кофеин, што значи дека телото се навикнува на неговото дејство, па лицето ќе почне да пие сè поголеми количини за да го постигне истото ниво на будност. Рекламите што ги привлекуваат младите луѓе Една од причините за популарноста на енергетските пијалаци е нивниот начин на рекламирање. Шарените пакувања, соработките со инфлуенсерите и врските со видеоигрите, спортот и забавата создаваат впечаток дека ваквите пијалаци се неопходен дел од активниот живот. Дополнителна забуна се верзиите без шеќер, кои понекогаш се перципираат како поздрав избор. Сепак, елиминирањето на шеќерот не ги елиминира ризиците поврзани со кофеинот, особено кај децата и адолесцентите. Во Македонија сè уште нема активна законска регулатива што ја ограничува или забранува продажбата на енергетски пијалаци на малолетници, иако во собраниска процедура во минатото беа поднесувани предлози и иницијативи за изменување на законите со цел да се воведе ваква забрана за лица под 18 години. Забраната за продажба е само еден аспект од превенцијата. Важно е да се разговара со младите за тие да ги разберат последиците од ваквата консумација. Некои ги пијат од љубопитност, други за да се вклопат во друштвото на врсниците, а некои поради замор, стрес или тешкотии со концентрацијата. Сепак, преку Извештај на Институтот за јавно здравје, се препорачува воведување на даноци за засладени пијалаци, строги правила за обележување и ограничување на рекламите за производи со висока содржина на шеќер и кофеин. Од таму препорачуваат, особено за младите лица, водата да биде прв избор, потоа чајот и домашно цедениот сок без додаден шеќер, младите да имаат доволно сон, редовна исхрана и физичка активност. Извор: index.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook