Националната федерација на фармери го одбележа Меѓународниот ден на руралните жени - Канал 5

Националната федерација на фармери го одбележа Меѓународниот ден на руралните жени

 Националната федерација на фармери денеска го одбележа 15 октомври – Меѓународниот ден на руралните жени под слоганот „Признание за невидливите потпори во развојот на земјоделството и руралните заедници“. 

Националната федерација на фармери го одбележа Меѓународниот ден на руралните жени

На собирот во Дојран присуствуваа земјоделки од целата држава, а настанот го поздрави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Тој ја потренцираше улогата на руралната жена, која е столбот на општеството, таа е мајка, земјоделка и претприемач.

-Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство активно се залага и работи на поддршка на руралната жена преку конкретни мерки и политики кои ја препознаваат нејзината улога и придонес во општеството. Доказ за тоа се и податоците дека на последните четири јавни повици за доделување државно земјоделско земјиште од вкупно 1.454 договори, 248 се склучени со жени. Тоа е околу 17 отсто од вкупниот број на договори, кој не е доволен, но кој ни покажува дека сме на вистинскиот пат, но и подготвени да го преземат својот дел во развојот на македонското земјоделство. Дополнително, по Јавниот повик за мерката 112 „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“, од 117 договори повеќе од половина се склучени со млади земјоделки. Ова е уште еден охрабрувачки показател дека младите жени се подготвени да ја преземат иницијативата и да придонесат за развојот на земјоделството, истакна министерот Трипуновски.

Според претседателот на Националната федерација на фармери (ННФ), Стеванче Јордановски на овој ден се истакнува важноста на трудот и посветноста на руралната жена.

-ННФ веќе 18 години го одбележуваме овој значаен ден со поддршка од Шведска и шведската агенција за развој-We Effect со цел да се постигне свеста за улогата на руралните жени во локалните заедници и во општеството. Како органиција секогаш посветуваме особено внимание на родовата еднаквост и еднаквите можности за сите жени. Жените секогаш имале клучна улога во земјоделството и нивната работа често останува невидлива. Но, нејзиниот придонес е огромен и заслужува признание и поддршка, рече Јордановски.

Директорката на We Effect за Латинска Америка, Европа и Палестина, Пиа Ставас Мајер, истакна дека соработката со ННФ се развива на задоволство на двете страни. Таа ја подвлече важноста од кооперативното здружување на земјоделците, истакнувајќи примери од Шведска.

Настанот со писмо го поздрави и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која не можеше да присуствува на одбележувањето на Меѓународниот ден на руралната жена.

-Вашата улога одамна ги надмина границите на традиционалното земјоделство. Вие сте носителка на процесот, заштитнички на заедницата, двигателки на локалните процеси, современи лидерки на економските и социјалните реформи во руралните подрачја. Крајно време е да го препознаеме и вреднуваме вашиот труд. Јасно е дека тој е се уште невидлив и непризнат, напиша во поздравното писмо претседателката Сиљановска-Давкова.

Во продолжение на настанот се одржи панел-дискусија на тема „Родова еднаквост во руралните средини – предизвици и можности“, на која учествуваа Билјана Петровска-Митревска, проектна менаџерка во Националната федерација на фармери, Дарко Тишовски од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, земјоделките Вангелина Пармачка и Лидија Богдановска, како и Фадрије Мустафовска, претседателка на Здружението „Радика Де“.

Во рамките на панел-дискусијата беше презентиран и Регионалниот извештај „Преглед на положбата на руралните жени во земјите од Западен Балкан“, кој нуди сеопфатен увид во состојбата, како и елаборирање на предизвиците и можностите за унапредување на положбата на жените во руралните средини низ регионот.

Беа доделени благодарници за успешна млада земјоделка од рурална средина, за три успешни операторки за храна, за активистка која со години го подига гласот на руралните жени и е долгогодишна членка на Националната федерација на фармери, како и благодарница за заложба и борба за еднакво општество без сиромаштија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Центар: „Нешто што ќе остане“ се преместува за петок, 11 септември поради најавените временски неприлики

Програмата останува непроменета. На сцената ќе настапат Слаткар, Дупер, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска и 2 Бона, а водител на вечерта ќе биде Сашко Коцев.

Општина Центар: „Нешто што ќе остане“ се преместува за петок, 11 септември поради најавените временски неприлики

Општина Центар информира дека поради најавените временски неприлики за претстојниот викенд, музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“, првично закажан за 12 септември, ќе се одржи еден ден порано – во петок, 11 септември, со почеток во 20 часот, во Парк на Франкофонија.

Програмата останува непроменета. На сцената ќе настапат Слаткар, Дупер, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска и 2 Бона, а водител на вечерта ќе биде Сашко Коцев.

„Нешто што ќе остане“ годинава се одржува по четврти пат, а музичката вечер е дел од одбележувањето на големиот јубилеј – 50 години Општина Центар. И оваа година Општината останува доследна на определбата да ја поддржува и промовира македонската музичка сцена и домашните артисти.

Општина Центар ги повикува сите граѓани да ја забележат промената на датумот и да бидат дел од музичката вечер.

Новиот термин е петок, 11 септември, во 20 часот, во Парк на Франкофонија.

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Штип, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 08.09.2026 во 10:00 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода Б.К.(37) од Штип.

Претрес во Штип, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една поголема ќеса со марихуана, две дигитални ваги, дробилка, семки од растението канабис, пневматски пиштол, мобилен телефон и парични средства. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Ако СДС сами се препознаа во талогот, најцрното во него се Венко Филипче и Андреј Жерновски

​Ако СДС се препознаа самите во талогот, тогаш сосема сигурно е дека најцрното во него се Венко Филипче и Андреј  Жерновски.

ВМРО-ДПМНЕ: Ако СДС сами се препознаа во талогот, најцрното во него се Венко Филипче и Андреј Жерновски

Бидејќи Жерновски меѓународно беше и неуспешен амбасадор во обид, треба да му е јасно каков е распоредот на протоколарното седење кога станува збор за државни прослави, и е потребно барем да не се брука себе со прашањето зошто седел јавниот обвинител до премиерот.

Што се однесува до талогот, Жерновски и СДС сами се препознаа иако премиерот Мицкоски, директно не ги спомна.Но кога сме кај тоа прашање талогот во СДС се фабрика за ширење на нихилизам, омраза и жестоки поделби. Тие се против се што е прогресивно во земјата.

Тие се против сè што оди напред. Против болници, против патишта, против нов клинички центар, против инфраструктурни објекти за општините какви градиме со унгарскиот кредит, против брза железница, против покачени плати и пензии. Против дата центри, против нови инвестиции

Oмраза на СДС го труе општеството, пера кои клеветат, навредуваат. Таквата губитничка политика треба да нè повлече сите надолу. Секој млад човек да почне да се колеба, да нè прикажат дека сме сите исти кога и сме толку различни. Тој талог мора и ќе биде победен.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер