Национална коалиција на граѓански организација за поефикасен пристап до еколошка правда

На првата средба на Национална коалиција, денеска во Скопје, беа презентирани и шест случаи на пристап до еколошка правда.

Вкупно 18 граѓански организации што делуваат во областа на животната средина и заштитата на човековите права денеска потпишаа меморандум за соработка со цел преземање заеднички иницијативи за овозможување поефикасен пристап на ранливите групи до еколошка правда со акцент на механизмот за бесплатната правна помош.

На првата средба на Национална коалиција, денеска во Скопје, беа презентирани и шест случаи на пристап до еколошка правда, меѓу кои случаи против ТЕЦ „Осломеј", „Југохром", „Макстил", Топилница „Злетово" и ОХИС.

Според Ангела Димеска од Центарот за еколошка демократија Флорозон, коалицијата ја сочинуваат 18 граѓански организации од сите плански региони.

– Планираме да настапиме со заеднички став за најактуелните проблеми и на централно и на локално ниво во поглед на чиста и здрава животна средина. Во рамки на меморандумот се согласуваме на меѓусебно делување и во размена на капацитети и податоци, едукација на човечки ресурси и градење на капацитети на организациите, изјави Димеска.

Таа посочи дека тие се залгаат пристапот до бесплатната правна помош да биде регулиран, така што, ќе опафти и спорови од областа на животна средина.

– Трошоците за вештаците се навистина енормни и затоа не постојат физички лица кои сами ја преземаат таа одговорност и товар, зошто е навистина многу тешко да се платат. Трошоците зависат од областа, дали се работи за вода, воздух или почва. Не би сакала да шпекулирам, но со трошоците за вештаците може да достигнат од 10 до 20 илјади евра, изјави Димеска.

Според Кристина Најдовски Илиевски од Европска развојна агенција – Скопје, најмногу прекршувања има на Законот за животна средина и уставното загарантирано право за чиста и здрава животна средина.

– Низ судските лавиринти се уште имаме заглавени судски случаи во врска со животна средина. Најчесто имаме случаи на кривични пријави и управни спорови, кои главно се за решенија кои се добиени, па повторно обжалени. Но, сето тоа е само мала трошка, во сето она што може и нашето законодавство го нуди за решавање на спорови од животна средина, изјави Најдовски Илиевски.

Најголеми загадаувачи во нашата држава, посочи таа, се фабриките и во принцип сите судски спорови што се поведваат се против фабриките кои прават загадување или придонесуваат за уништување на животната средина и загрозување на здравјето на граѓаните, а тужители се или невладините кои работат во полето на заштита на животната средина или политички партии.

– За жал се уште немаме тужба каде физичко лице се јавува како тужител. Можеби во судските лавиринти постои таков спор, но засега од тоа што ни е достапно немаме физичко лице, кое што директно учествувало или било странка во спор, изјави Најдовски Илиевски.

Активностите се согласно Стратегијата за реформа на правусудниот систем за периодот 2017-2022, во корелација со проектот „Еднаков пристап за ефективна правда", имплементиран од Здружението на граѓани – Центар за еколошка демократија Флорозон Скопје, финансиран од Европската Унија преку грантовата шема од ЦФСД при Министерството за финансии на Република Северна Македонија – „Зајакнување на влијанието на граѓанското општество врз ефективните реформи во правниот сектор"./МИА

Се зголемува бројот на земји кои му нудат помош на Иран во потрагата по хеликоптерот на Раиси

Саудиска Арабија изрази подготвеност да обезбеди каква било помош за Иран по уривањето на хеликоптерот со кој патуваше иранскиот претседател Ебрахим Раиси.

Во соопштението до саудиското Министерство за надворешни работи се наведува Кралството ги следи извештаите за несреќата со „голема загриженост“.

И Катар соопшти дела е подготвен да му помогне на Иран во потрагата по хеликоптерот.

Во меѓувреме и турското Министерство за надворешни работи соопшти дека Иран „побарал техничка поддршка во потрагата“ и оти се разговара каква помош би можела да биде испратена што е можно поскоро.

- Се надеваме дека иранските власти, вклучително и иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи, Хосеин Амирабдолахиан, се здрави и здрави, се посочува во соопштението на турското МНР.

Претходно, Европската комисија на барање на Иран ја активираше услугата за сателитско мапирање за да помогне во лоцирањето на хеликоптерот на иранскиот претседател. Помош на Иран му понудија и Русија, Ирак и Азербејџан. /MИА

Се урна едрилица во Австрија, загина 56-годипниот пилот

Во општина Бистрица во Корушка, Австрија, вчера загина 56-годишен пилот при пад на едрилица. 

Причината за несреќата засега не е позната, пишува 24ур.

Според досега познатите информации, мажот рано попладне полетал од аеродромот во Клагенфурт и влетал во словенечкиот воздушен простор. На враќање, од засега непознати причини, тој се урнал во северното подножје на планината Вајнеж веднаш зад границата.

Медиумите јавуваат дека австриските контролори добиле итен повик од леталото околу 16:40 часот. По неколку неуспешни обиди да се контактира со пилотот, започна операција за пребарување во која учествуваа полицијата и спасувачки хеликоптер. Околу 20 часот, остатоците од леталото се пронајдени во долината Рута во подножјето на Вајнеж.

Извор: 24ур

Фејсбук и Инстаграм ги прекршиле регулативите на ЕУ, следи истрага

Фејсбук и Инстаграм ќе бидат предмет на истрага за можни прекршувања на регулативите на ЕУ за онлајн содржини поврзани со безбедноста на децата, објави во четвртокот Европската комисија.

Од социјалните мрежи на Мета се бара да направат повеќе за борба против нелегалната и штетна содржина на нивните платформи според Законот за дигитални услуги на Европската унија (DSA), кој е во сила од минатата година.

Европската комисија објави дека одлучила да отвори детална истрага за Фејсбук и Инстаграм поради загриженоста дека тие не реагирале соодветно на ризиците за децата. Мета поднесе извештај за проценка на ризикот во септември.

„Комисијата е загрижена дека системите на Фејсбук и Инстаграм, вклучувајќи ги и нивните алгоритми, можат да стимулираат зависни однесувања кај децата, како и да создадат таканаречени „ефекти на зајачка дупка“, се вели во соопштението на Европската комисија.

Дополнително, Комисијата е загрижена и за методите за проверка на возраста на корисниците воведени од Мета.

Од друга страна, Мета тврди дека веќе има бројни онлајн алатки за заштита на децата.

„Сакаме младите луѓе да имаат безбедни онлајн искуства соодветни за возраста“, рече портпаролот на компанијата, истакнувајќи дека тие поминале една деценија работејќи на повеќе од 50 алатки и политики насочени кон заштита на децата.

„Ова е предизвик со кој се соочува целата индустрија и со нетрпение очекуваме да ги споделиме деталите за нашата работа со Европската комисија.

Мета веќе е под лупа на ЕУ за изборни дезинформации пред важните избори за Европскиот парламент следниот месец. Прекршувањето на „DSA“ може да резултира со казни до 6% од годишниот глобален промет на компанијата.

Извор: Б92

притисни ентер