Начевски: Во изминативе 4 години бевме сведоци на целосно запуштање и руинирање на спортот

Во изминативе 4 години бевме сведоци на целосно запуштање и руинирање на спортот во Република Македонија како на централно, но особено ова е видливо на локално ниво, рече Ѓорги Начевски од ВМРО-ДПМНЕ.. 

Анализата која ја направивме како комисија за спорт, покажува фрапантни податоци за негрижата кон спортската инфраструктура која е оставена на забот на времето и нејзино целосно уништување, без оглед дали станува збор за спортски сали, мултинаменски спортски терени или фитнес зони. Поддршката кон спортските клубови е уште поочајна. Клубовите се во тешка финансиска состојба буквално преживувајќи од месец во месец. Ниту нивниот ,,грандиозен'' проект спортски ваучер не ги даде посакуваните резултати па наместо помош за клубовите и спортистите се претвори во средство за рекет и уцени!

Согледувајќи оваа состојба, како комисија во тесна соработка со кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, составивме обемна и амбициозна програма за спорт со специфики за секоја општина, за секое населено место. Почнувајќи од реконструкција на спортската инфраструктура која беше запуштена изминативе години и нејзино ставање во функција и на располагање на спортистите и на граѓаните. Преку 60 нови спортски сали, голем број мултинаменски терени, фитнес зони на отворено, велосипедски патеки, трим патеки за рекреација и поддршка на рекреативниот и аматерскиот спорт! Двојно ќе го зголемиме буџетот за спорт во општините од сегашните 2% на 4% или 5% за конечно клубовите и спортистите да добијат вистински партнер во локалната самоуправа како што и заслужуваат. Поголема едукација на спортските работници, повеќе средства за посета на семинари но и носење на стручен кадар од европските земји кои ќе ги пренесат своите искуства и знаења за подобар и поорганизиран спорт!

Во таа насока, ние како комисија за спорт би сакале да ве повикаме сите вас, искрени љубители на спортот, да ги поддржите кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во градот Скопје и за Градот Скопје, но и секаде низ Република Македонија. Вие знаете дека ние ги исполнуваме нашите ветувања, а вие можете да направите разлика како било тоа во минатото!

Заокружете го бројот 7 за кандидатите за градоначалници и советничките листи, како и бројот 82 за кандидат за градоначалник за Град Скопје, за подобри услови за спортот, за подобри услови за спортистите, за подобри спортски резултати!

МТСП: Неработни денови

Министерството за труд и социјална политика, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07) соопштува .

Министерството за труд и социјална политика, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07) соопштува дека:

1 мај 2024 година (среда), Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

03 мај 2024 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.

06 мај 2024 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им ги честита престојните празници.

Министерство за труд и социјална политика

Италијанскиот новинарски синдикат повика на штрајк на јавниот радиодифузен сервис Раи

Новинарскиот синдикат УСИГраи (USIGrai) повика на 24-часовен штрајк во италијанската јавна телевизија Раи на 6 и 7 мај, главно во знак на протест против мешањето на десничарската влада на премиерката Џорџа Мелони, јави ДПА.

Тие ја обвинија Мелони дека сака да го претвори радиодифузерот во „говорник на владата“.

Заднината на ова е откажување во последен момент на поканата на писателот Антонио Скурати, кој сакаше да прочита текст на денот на ослободувањето на Италија од германската окупација и фашизам на 25 април.

За време на настапот, тој сакаше да ја критикува партијата на Мелони за нејзиното постфашистичко потекло. Текстот на крајот беше прочитан од новинар на Раи.

Мелони е на чело на десничарската трипартиска коалиција од октомври 2022 година. Нејзината сопствена партија „Браќата на Италија“ потекнува од постфашистичкиот политички спектар. Поранешниот диктатор Бенито Мусолини (1883-1945) сè уште е почитуван од истакнати членови на партијата до ден-денес, наведува ДПА.

Потпишан договор за реализација на новата инвестиција на турската компанија Шахтерм во ТИРЗ

Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски и генералниот менаџер на компанијата „Шахтерм“, Фарук Шахин, потпишаа договор за реализација на новата турска инвестиција во Македонија.

Со договорот кој го потпишаа во Бурса, се предвидува закуп на земјиште во ТИРЗ Скопје 2 со површина од над 20.000 м2 и изградба на објект со површина од над 13.000 м2. Ова е прва од двете фази на реализација на инвестицијата.

Потпишувањето на договорот следи само 4 месеци по најавата за новата турска инвестиција во земјава. Турската компанија ја зголеми и првично планираната инвестиција од 70 милиони евра на 100 милиони евра. Според деловниот план компанијата во наредните 10 години предвидува отворање на 1000 нови работни места. Новата инвестиција ќе опфати и центар за истражување и развој, а ќе преставува прв производствен капацитет на „Шахтерм“ надвор од Република Турција.

Потпишувањето на договорот е во рамки на посетата на Турција на делегација на ТИРЗ предводена од Деспотовски во рамки на која е предвидена и презентација на инвестициските можности пред турски компании. На потпишувањето присуствуваше и македонскиот амбасадор во Турција, Јован Манасиевски и Џунејт Шенер, потпретседател на бордот на директори на Стопанската комора на Бурса.

Инаку компанијата “Шахтерм“ има повеќе од 40 години искуство во дизајн и производство на системи за греење за бела техника и апарати за домаќинство. Во моментот, „Шахтерм“ е дел од водечките пет компании во оваа дејност на глобално ниво, со повеќе од половина од годишното производство наменето за пазарите надвор од Турција.

Листата на клиенти е составена од познати светски производители на бела техника и апарати за домаќинство како „Вирпул“, „Амика“, „Горење“, „Беко“ и „Кенди“.

притисни ентер