БалканНачалникот на ГШ на Војската на Србија за ракетите: Суперсоничните ракети не се купени за Загреб, Сараево или Подгорица, нема причина за нервозаСуперсонични ракети не се купени за Загреб, Сараево или Подгорица, туку беа купени за сите оние кои не и мислат добро на Србија и веруваат дека можат да ги наметнат своите национални интереси со оружени средства.Суперсонични ракети не се купени за Загреб, Сараево или Подгорица, туку беа купени за сите оние кои не и мислат добро на Србија и веруваат дека можат да ги наметнат своите национални интереси со оружени средства, изјави синоќа началникот на Генералштабот на српските вооружени сили, Милан Мојсиловиќ. Во емисија на телевизијата Пинк, Мојсиловиќ рече дека нема причина за нервоза во регионот, бидејќи Србија е посветена на мирот и регионалната стабилност. „Опремувањето на нашата армија е фокусирано на капацитети кои мора да имаат и одбранбена и офанзивна компонента“, рече Мојсиловиќ. Според него, денес економијата не може да се гледа одвоено од безбедноста, а ако некој е добар во безбедноста, тој ќе има и добра економија. Мојсиловиќ рече дека речиси сите соседни земји се во НАТО, дека воената неутралност е скапа и оцени дека секој динар инвестиран во српските вооружени сили значи заштита на државата. „Мора да имате способност сами да го заштитите небото, да ги одвратите непријателите, да ја браните Србија како што е дефинирано со Уставот … Не можете да немате капацитети, а да бидете воено неутрални“, рече тој. Ана Брнабиќ, претседателка на Собранието на Србија и функционерка на владејачката Српска напредна партија, беше гостинка во истата емисија. Таа рече дека е исклучително горда на се што е видено и стекнато за потребите на српската армија. „Наративот е дека нашите ракети предизвикуваат хаос во регионот, особено од Хрватска. Неприфатливо е што, како што велат, нашите ракети вклучиле црвен аларм … А, црвениот аларм не го вклучи воениот сојуз на Приштина, Загреб, Тирана (…)“, рече Брнабиќ. Тагови: Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
МакедонијаПреветивни активности за заштита од пожариНа граѓаните им беше укажано на потребата од пријавување на несовесно однесување, особено палење оган на отворено, фрлање отпушоци и други дејствија кои можат да предизвикаат пожари, имајќи ги предвид зголемените ризици во летниот период. Денеска (12.07.2026), Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Дирекција за заштита и спасување и Национални Шуми, спроведе превентивно едукативни активности на подрачјето на ПСОН Чаир, под мотото „Да ги заштитиме нашите шуми од шумски пожари и од пожари на отворен простор“ насочена кон подигнување на јавната свест за заштита од пожари и одговорно однесување. На граѓаните им беше укажано на потребата од пријавување на несовесно однесување, особено палење оган на отворено, фрлање отпушоци и други дејствија кои можат да предизвикаат пожари, имајќи ги предвид зголемените ризици во летниот период. Притоа по случаен избор на возачите и жителите на населените места им се делеше и едукативен материјал односно летоци, на кои се испишани едукативни пораки со цел подигнување на безбедносната свест. Полициски службеници од ПС Кочани и ПС Свети Николе спроведоа превентивни активности за заштита од пожари на отворен простор во рекреативниот центар Пониква, заедно со Доброволно противпожарно друштво Кочани, Територијалната против пожарна единица и ЈП Национални шуми Св.Николе. Тагови: Преветивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
МакедонијаШест лица лишени од слобода, вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќиеНа 12.07.2026 во 02:45 часот во село во кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишија од слобода М.К.(37) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнала нејзината 57-годишна мајка и ѝ се заканувала. По преземени мерки било констатирано дека М.К. била под дејство на алкохол, односно ѝ биле измерени 1,02 промили алкохол во крвта. Таа била задржана во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава. На 11.07.2026 во 09:30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ќ.Б. (71) од Куманово, затоа што физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. На 11.07.2026 во 17:35 часот во Полициско одделение Ранковце било пријавено дека Д.Т. од село во општина Ранковце физички ја нападнал неговата мајка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 11.07.2026 во 21:27 часот, во ОВР Дебар лишен од слобода е Ф.А.(58) од Дебар кој претходно, во семејниот дом бил агресивен кон неговата мајка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 12.07.2026 во 01:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.С.(30) од Штип по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 24-годишна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 12.07.2026 во 00:05 часот во Пехчево, полициски службеници од ОВР Берово го лишија од слобода И.К.(50) од Пехчево по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 46-годишна сопруга и и упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 11.07.2026 во 14:40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.Г.(42) од Скопје, по претходна пријава дека упатувал закани кон неговиот 63-годишен чичко и неговото семејство. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 11.07.2026 во 09:30 часот во СВР Скопје 40-годишен маж пријави дека во домот на подрачјето на општина Аеродром неговата сопруга Н.Ѓ.(42) фрлила кон него остар предмет и му нанела расекотина во пределот на раката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 11.07.2026 околу 10:30 часот во СВР Скопје 33-годишна жена пријави дека ул.„Јадранска Магистрала“ додека се движеле со возило била физички нападната од нејзиниот партнер А.Р. од Косово. Исто така и А.Р. пријави дека бил физички нападнат од неговата партнерка Н.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Тагови: семејно насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАртилериска граната тешка 13,6 кг отстранета од плажа на Дојранското ЕзероНа плажа на Дојранското Езеро пронајдена е артилериска граната од Првата светска војна.Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Зоран Пејев, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар од 100 мм, тешка 13,6 kg, на брегот на Дојранското Езеро. Гранатата потекнува од Првата светска војна, наменета е за ,,хаубица" М14 а вакви неексплодирани убојни средства најчесто се пронаоѓаат во Дојранскиот, Гевгелискиот, Битолскиот и Охридскиот регион. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26