На Виз Ер Скопскиот маратон над 8.500 учесници - Канал 5

На Виз Ер Скопскиот маратон над 8.500 учесници

Во Скопје денеска ќе се одржува 13. Виз Ер Скопски маратон на кој се пријавени над 8.500 учесници од 51 држава - годинава илјада повеќе од претходното издание на маратонот.

На Виз Ер Скопскиот маратон над 8.500 учесници
За време на одржувањето на маратонот автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие ќе возат со изменет сообраќаен режим, а учесниците на Скопскиот маратон кои имаат и носат стартни броеви на маичките ќе можат да се возат бесплатно.

Манифестацијата е финансиски поддржана од Град Скопје со 1.200.000 денари, а на располагање се ставени сите јавни претпријатија кои се под интегенција на Град Скопје.

Според директорот на Виз Ер Скопскиот маратон, Кире Синадиновски, маратонот од година во година станува еден од најпосетуваните и најинтересни настани во Македонија.

- Ги покануваме сите да го проследат настанот и да се забавуваат за време на маратонот, полумаратонот, трката од 5 километри и штафетната трка. Како промоторки на Виз Ер Скопски маратон оваа година ни доаѓаат трите сестри близначки од Естонија, Леила, Лили и Лина Луик, кои минатата година учествуваа на маратонот на Олимписките Игри во Рио, рече Синадиновски на прес-конференцијата во петокот.

Стартот на маратонската и полумаратонската трка, како и на шатафетниот маратон е во 8:30 часот, а на трката од 5 километри 15 минути подоцна.

Во рамки на маратонот вчера се одржа и Детски мини маратон на кејот на Вардар, зад Парк Хотел и Спа. Партнери на Детскиот мини маратон се Македонски олимписки комитет и УНИЦЕФ.

Главниот спонзор „Виз Ер“ за секој учесник има обезбедено и вредносен ваучер од 20 евра кој може да се искористи преку www.wizzair.com.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дронови над аеродромот предизвикаа прекин во авиосообраќајот во Луксембург

Властите ги продолжија операциите на аеродромот во Луксембург откако сообраќајот беше прекинат претходната вечер поради откривање на „неовластени беспилотни воздушни системи“ - поточно дронови - во близина и над аеродромот. 

Дронови над аеродромот предизвикаа прекин во авиосообраќајот во Луксембург

Единствениот меѓународен аеродром во Луксембург изјави дека прекинот во петокот е спроведен како превентивна мерка за да се обезбеди безбедноста на патниците, екипажите на летот, персоналот на аеродромот и авионите.

Не беа дадени детали во врска со потеклото на дроновите или кој ги управувал.

Потенцијални доцнења Иако летовите се обновени, можни се понатамошни доцнења и прекини, бидејќи авиокомпаниите и партнерите на аеродромот работат на враќање на редовниот распоред на летови, според известувањето на аеродромот.

Аеродромот во Луксембург, главниот центар на националниот превозник Луксер, изјави дека продолжува да ја следи ситуацијата во соработка со надлежните органи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рафиња сака да ја заврши кариерата во Барселона!

Бразилскиот репрезенативец, Рафиња ги израдува навивачите на шпанскиот фудбалски шампион Барселона со порака за својата иднина. 

Рафиња сака да ја заврши кариерата во Барселона!

Бразилецот во интервју за каталонското радио „RAC1“ откри дека сака да го продолжи договорот со клубот и да остане на „Камп Ноу“.

– Многу сум среќен и сакам да го продолжам договорот. Се надевам дека ќе ја завршам кариерата во Барселона. Нема да одам никаде на друго место – изјави Рафиња.

Бразилецот игра сезона од соништата. Постигна девет гола во Ла Лига и уште два во Лигата на шампионите, а откако беше преместен на позицијата најистурен напаѓач и ја доби капитенската лента, стана еден од клучните играчи во тимот на Ханси Флик. Рафиња има договор со Барселона до 2028 година, но јасно стави до знаење дека сака да остане и по тој период.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Истрага за загрозување на животната средина со отпад во Охрид

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик.

ЈО: Истрага за загрозување на животната средина со отпад во Охрид

Тројцата соизвршители, на 17 септември дошле со товарно возило полно со отпад кај депонијата “Буково”. Започнале да ги горат гумените отпадни кабли со цел да ги издвојат од нив бакарните жици. Од согорувањето се создал чад и биле испуштени штетни материи во воздухот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Охрид достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени, пред се имајќи ја предвид опасноста од бегство и можноста да влијаат врз сведоци во постапката, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер