ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче
АЛТА банка АД Битола: Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива
1ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче
2АЛТА банка АД Битола: Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива
СветНа третата годишнина од руската агресија Лајен најави помош за Украина од3,5 милијарди евраТри години од почетокот на војната во Украина, мирот не бил никогаш поблиску, иако патот до него и натаму останува неизвесен..Со протестни маршови, од Атина до Барселона, преку Тајпеј до Вашингот илјадници луѓе изразуваат солидарност и поддршка на Украина. Во предвечерјето на евентуалниот мировен договор, велат дека цената може да биде превисока ако Украина остане надвор од преговорачката маса. -Пред три години беше последниот ден на мир за мене, последен на мирен живот и од тогаш се се промени. Следниот ден на 24 февруари во 4 по полноќ, јас живеам во Харкив, живеев во Харкив, град кој граничи со Русија и слушнавме експлозии и нашиот мирен живот заврши. -Трагичен момент бидејќи САД е подготвена да преговара без Украина, правејќи комерцијален договор со Русија./ Имаме голем гнев, голема тага и голема неправда изминативе три години и буквално не можам да спијам добро поради тоа веќе три години, затоа сум тука денеска. На тригодишнината во Киев пристигнаа и повеќе европски и светски лидери, кои учествуваа на Самитот посветен на Украина. Доминираа пораки - преговори без Киев и ЕУ не смее да има. Претседателот на Украина – Зеленски во обраќањето рече, прв услов за да седне на маса со Путин е размена на сите воени заробеници. -Мирот може да биде резултат на само избалансирана дипломатија и јасни безбедносни гаранции, а војната е против Украина, па Украина треба да биде на масата за преговори, заедно со Европа. Стратешката цел на Русија е Европа и европскиот начин на живот и нејзината безбедност, а судбината на Европа не треба да биде определена без Европа,- Володимир Зеленски – Претседател на Украина. -Слободна и суверена Украина не е само во интерес на Европа, туку е во интерес на целиот свет, бидејќи автократите ширум светот следат многу внимателно, дали ќе има последици ако ги нарушите меѓународно признатите граници и го нападнете вашиот сосед,-Урсула Фон Деј Лајен – Претседател на ЕК. -Не можеме да се вратиме назад, не можеме да се вратиме во ера каде „силата ја прави правдата“. Мора да направиме се што е во наша моќ да и овозможиме на Украина да обезбеди праведен и траен мир, мир кој не може да се постигне без украинците на маса,-Џастин Трудо – Премиер на Канада. И додека во Киев се демонстрираше европската солидарност, Москва испрати јасна порака. Министерот за надворешни работи на Русија – Сергеј Лавров за време на посетата на Анкара рече дека евентуалниот прекин на огнот ќе се случи кога ќе биде задоволена руската страна. -Како што веќе кажа претседателот, ние сме подготвени да преговараме и со Украина и со Европа, со сите претставници кои во духот на добрата волја ќе сакаат да помогнат да се постигне мир, но, ние воените дејствија ќе ги запреме кога кога овие преговори ќе дадат тврди, одржливи резултат што одговараат на Руската Федерација,-Сергеј Лавров – Министер за надворешни работи на Русија. Во меѓувреме, како што изјави украинската вицепремиерка Стефанишина, САД и Украина ги привршуваат преговорите за договорот за ретки минерали, иако неодамна претседателот Зеленски одби да го потпише, зашто како што појасни, само САД имале бенефит од истиот. Украина располага со резерви на ретки минерали чија вредност се проценува на трилиони долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалАстон Вила и Карагер на суд: „Нè навреди“ Англискиот премиерлигаш Астон Вила најави поведување судска постапка против легендарниот фудбалер Џејми Карагер поради, како што наведоа од клубот од Бирмингем, неприфатливи навреди што поранешниот фудбалер на Ливерпул ги упатил кон нив.По тој повод, „Вила“ се огласи на социјалните мрежи и информираше за правните чекори што ќе ги преземе. Во соопштението, потпишано од претседателот на клубот Насеф Савирис, премиерлигашот го обвини Карагер дека ги навредил и клубот и навивачите. Во објавата се наведува дека клубот нема да дозволи никој да го запре подемот на „Астон Вила“ во англискиот и европскиот фудбал. Гостувајќи во подкастот „Stick to Football“ претходно оваа недела, Карагер изнесе претпоставка дека менаџерот на „Астон Вила“, Унаи Емери, би бил заинтересиран да ја преземе тренерската функција во „Манчестер Јунајтед“, во услови на шпекулации дека Мајкл Керик таму ќе добие отказ. „Тој сигурно би сакал можност да води некој голем клуб. Во фудбалот, сакале ние или не, постои одредена хиерархија. Така, Реал Мадрид ќе го земе најдобриот играч на Манчестер Јунајтед – како што направија со Роналдо. Исто така, постојат клубови кои се на повисоко ниво од Астон Вила и кои би можеле да ги земат нивните играчи или тренер. Затоа, навивачи на Астон Вила, молчете повеќе! Астон Вила никогаш нема да биде Манчестер Јунајтед“ – гласи „контроверзната“ изјава на Карагер, поради која сега ќе заврши на суд. Откако се најде на удар на навивачите на Вила, Карагер изјави дека делот со „молчете“ бил шега. Тој потоа ги потсети навивачите на клубот од Бирмингем дека со години зборува за Емери само во суперлативи. „Мислам дека Емери е најдобриот тренер во лигата, а ако сте Манчестер Јунајтед, се прашувате: ’Што е најдоброто што можеме да го добиеме?‘. Не велам дека тој ќе си замине – само велам дека, да бев на нивно место, ќе си го поставев тоа прашање. Мислам дека, ако некој ви каже ’тоа е вашето ниво‘, вашето его би се побунило и би рекло: ’Не, не е така‘. Тоа е она што го мислев. А приказната доби многу пошироки размери“, изјави Карагер за „Overlap Daily“. Карагер повтори дека неговата порака до навивачите на Вила била упатена „како шега“.Тагови: Астон Вила Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во ЃорчеОсновното јавно обвинителство Скопје продолжува со прибирање докази во истрагата за двете разбојништва со смртни последици извршени во скопските населби Хром и Ѓорче Петров.Основното јавно обвинителство Скопје продолжува со прибирање докази во истрагата за двете разбојништва со смртни последици извршени во скопските населби Хром и Ѓорче Петров, а за четворицата осомничени вчера е побаран нов краткотраен притвор во траење од 48 часа. – Се преземаат дејствија за прибирање докази, јавниот обвинител до судот денеска ќе достави предлог за определување нов краткотраен притвор од 48 часа – информираа од Обвинителството. Во врска со случајот, на 28 октомври Министерството за внатрешни работи соопшти дека биле лишени од слобода четири лица – А.С. (22), Х.Е. (20), К.А. (58), сите од Скопје, и М.Р. (26) од Струмица, кои се сомничат за две кривични дела „разбојништво“ со последица смрт, извршени на 22 октомври во Хром и на 27 октомври во Ѓорче Петров. Од МВР тогаш информираа дека приведувањата биле реализирани во координација со ОЈО Скопје и по издадени наредби од обвинителството, со цел обезбедување и комплетирање на доказниот материјал за натамошната постапка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАЛТА банка АД Битола: Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива-Во контекст на најновите случувања поврзани со АЛТА банка во Република Србија, АЛТА банка АД Битола ја информира јавноста дека Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива.-Во контекст на најновите случувања поврзани со АЛТА банка во Република Србија, АЛТА банка АД Битола ја информира јавноста дека Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива и е под непосредна супервизија на Народната банка на Република Македонија. -АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со редовно и непречено работење. Сите експозитури и банкомати во вообичаениот режим, а клиентите имаат непречен пристап до своите средства. Клиентите можат слободно да располагаат со своите депозити, да подигнуваат готовина и да ги извршуваат сите банкарски трансакции, согласно вообичаените услови на работење. Настаните поврзани со банката во Србија не значат автоматски промена на финансиската состојба или правниот статус на АЛТА банка АД Битола. Дополнително, нагласуваме дека околностите во Република Македонија се суштински различни од оние во Србија. АЛТА банка АД Битола не е предмет на политички притисоци и пресметки од карактерот на оние што ги одбележаа случувањата во Србија. Банката работи врз основа на професионални, деловни и регулаторни принципи. Банката располага со сопствен капитал, средства и обврски, а нејзиното работење е под континуирана супервизија на Народната банка. Депозитите на физичките лица се осигурени преку Фондот за осигурување на депозити, согласно законските услови и лимити. Ги уверуваме нашите клиенти дека Банката продолжува со редовно работење и исполнување на своите обврски. Нивните средства им се достапни и нема ограничувања во користењето на банкарските услуги надвор од вообичаените услови на работење. АЛТА банка АД Битола останува посветена на заштитата на интересите на своите клиенти, финансиската стабилност и одржувањето на довербата, стои во соопштението од банката. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter