2Проф. д-р Вера Георгиева добитничка на наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2026 година
Други спортовиНа трансродовите жени им е забранет настап на Олимписките игри Меѓународниот олимписки комитет им забрани на трансродовите жени да се натпреваруваат во сите женски дисциплини!Забраната се однесува на правото на учество во која било женска категорија на Олимписките игри, како и на кој било друг настан под покровителство на Меѓународниот олимписки комитет. Ова вклучува индивидуални и тимски спортови. Игрите сега ќе бидат ограничени на биолошки жени, сè ќе се утврди со еднократен генетски тест. Новата политика се базира на извршна наредба издадена од претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, пред Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. Според изворите, ниедна спортистка која преминала од машко во женско не се натпреварувала на Зимските олимписки игри, иако имало многу контроверзии, а во моментов не е јасно колку трансродови жени се натпреваруваат на олимписко ниво.Тагови: Олимписките игри трансродови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканОдреден притвор за девет припадници на МУП на Србија осомничени за насилствоСудијата за претходна постапка при Првиот основен суд во Белград, на 6 ноември 2026 година, донесе одлука со која на обвинетите им определи мерка притвор.На осомничените Игор Жмириќ и други им е одреден притвор поради опасност од попречување на постапката и вознемирување на јавноста. Судијата за претходна постапка при Првиот основен суд во Белград, на 6 ноември 2026 година, донесе одлука со која на обвинетите Игор Жмириќ, В.Л., Ј.О., Б.Ј., Д.В., Н.Д., Н.Ф., З.В. и М.В. им определи мерка притвор, која според таа одлука може да трае најмногу 30 дена. Притворот за обвинетите В.Л., Ј.О., Б.Ј., Д.В., Н.Д., Н.Ф., З.В., И.Ж. и М.В. е определен врз основа на законски причини пропишани во одредбите од член 211, став 1, точки 2 и 4 од Законот за кривична постапка, односно поради постоење посебни околности кои укажуваат дека обвинетите, доколку се на слобода, ќе ја попречуваат кривичната постапка преку влијание врз сведоците. Исто така, земено е предвид постоењето на основано сомневање дека сториле кривично дело со елементи на насилство, за кое е пропишана казна затвор во траење подолго од пет години, при што начинот на извршување и тежината на последиците од кривичното дело предизвикале вознемиреност кај јавноста, што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка. Против наведената одлука е дозволена жалба до кривичниот вонрасправен совет на Првиот основен суд во Белград, во рок од три дена од денот на приемот на одлуката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЕвропа под закана на лажни дојави за експлозивни направи во патнички авиониЕвропа под закана на лажни дојави за експлозивни направи во патнички авиони.Европскиот воздушен сообраќај беше соочен со серија безбедносни инциденти во периодот од 2 до 5 ноември 2026 година, кога повеќе авиокомпании и аеродроми добија дојави за наводно поставени експлозивни направи во патнички авиони. Во овој период во најмалку 33 летови биле откажани заради дојавите.. Инцидентите биле пријавени во Италија, Ирска, Обединетото Кралство, Шпанија, Бугарија, Романија, Полска, Финска, Австрија, Данска, Белгија, Португалија, Франција, Грција, Србија и Чешка. Не сите дојави довеле до пренасочување на летовите. повеќето авиони слетале на планираните дестинации, по што биле спроведени безбедносни проверки. дел од летовите биле пренасочени, а најмалку пет добиле придружба од воени авиони.Тагови: авиони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
ФудбалРафиња го продолжи договорот со Барселона!Шпанскиот фудбалски шампион, Барселона заврши одлична работа и ја осигура иднината на еден од своите најважни фудбалери! Бразилецот Рафиња еден од капитените на тимот, го продолжи договорот со каталонскиот гигант до 30 јуни 2030 година, а неговото признание по потпишувањето привлече посебно внимание. Имено, тој откри дека пред само две години бил убеден оти ќе го напушти клубот! Рафиња потпиша нов договор со каталонскиот гигант, кој ќе го задржи на „Камп Ноу“ до 30 јуни 2030 година. Претходната соработка важеше до 2028 година, но раководството одлучи да го награди за фантастичните игри и уште еднаш да покаже колку сметаат на него. Сепак, зад ова потпишување стои многу поголема приказна од едноставно продолжување на соработката. На свечената церемонија, Рафиња призна дека ни самиот не верувал оти ќе доживее таков пресврт во Барселона! - По првите две години во клубот, не можев ни да замислам дека денес ќе бидам овде. Веројатно ни многумина од вас не очекуваа дека ова ќе се случи, бидејќи тогаш бев изложен на многу критики. Јас знаев колку можам и што можам да му дадам на овој клуб. Особено е интересно она што Рафиња го откри во интервју за британскиот „Гардијан“. Бразилецот призна дека во 2024 година веќе бил ментално подготвен да ја напушти Барселона. Не чувствувал доволно доверба, а ситуацијата околу неговиот статус во тимот воопшто не била едноставна. - Во себе веќе знаев дека си заминувам. Тоа беше крајот, вистина е. А потоа следеше пресврт! На клупата на Барселона седна Ханси Флик, кој го повика Бразилецот на разговор и јасно му стави до знаење дека смета на него. - Ми рече дека има доверба во мене, дека ќе бидам важен за тимот и дека начинот на кој играме ќе ни одговара. Во таков момент, неколку зборови можат да променат сè. Почувствував голема доверба и добив сигурност да го играм својот фудбал. Одлуката да остане се покажа како полн погодок. Бразилецот блесна, стана еден од најважните играчи во тимот, а во август оваа година ја доби и капитенската лента! Рафиња пристигна во Барселона во 2022 година од Лидс, а денес е еден од најзаслужните за успехот на каталонскиот клуб. За првиот тим одигра 190 натпревари, постигна 94 гола и забележа 64 асистенции. Со Барселона освои три титули во шпанското првенство, еден Куп на кралот и три шпански Суперкупа. Оваа сезона игра во фантастична форма, а особено се истакна по промената на својата позиција. Ханси Флик го помести поблиску до противничкиот гол и сè почесто го користи како централен напаѓач. Резултатот е импресивен – 19 гола во раната фаза од сезоната, од кои 15 во првенството и четири во Лигата на шампионите. Со тоа, Бразилецот стана еден од најубиствените фудбалери во Европа! – Ја променив позицијата и се обидувам да го дадам најдоброто за тимот. Се прилагодувам на она што се бара од мене. Уживам во тоа, а сè е полесно кога го имате квалитетот што го поседуваме во овој тим. Сепак, еден трофеј особено му недостасува. Бразилецот не крие дека има огромна желба да ја освои Лигата на шампионите со Барселона. „Има еден трофеј што сè уште ми недостасува, но сакам да освојам што е можно повеќе во овој дрес до 2030 година“ – рече тој. Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, присуствуваше на потпишувањето на новиот договор, при што клубот јасно покажа дека Рафиња претставува еден од столбовите на проектот за наредните години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter