Директорот на БЈБ Александар Јанев учествуваше на состанокот на Управувачкиот комитет на проектот EU4FAST
1Директорот на БЈБ Александар Јанев учествуваше на состанокот на Управувачкиот комитет на проектот EU4FAST
КошаркаДурант сака да игра на Олимписките игри во 2028 година во Лос АнџелесЧетирикратниот олимписки шампион и најдобар стрелец на сите времиња за машката кошаркарска репрезентација на САД, Кевин Дурант, има намера да се натпреварува на Летните игри во 2028 година во Лос Анџелес.- Да, сакам да играм. Ќе бидам среќен, но морам да останам во најдобра форма. Сакам директорот на тимот Хил и оние што носат одлуки да сакаат да ме вклучат. Не само за моите години служба. Сакам да докажам дека можам да му помогнам на тимот да победи, го цитира „ESPN“ 37-годишниот напаѓач на Хјустон. Дурант призна дека неговото учество зависи од неговата играчка форма, но нагласи дека сака селекторот да го состави тимот не врз основа на стажот, туку на неговите перформанси. Исто така, Дурант, исто така, ги отфрли шпекулациите во медиумите дека Игрите во Париз требало да бидат негови, на Леброн Џејмс и на Стефен Кари последни натпревари. Тој инсистираше дека никогаш не рекол такво нешто. НБА-ѕвездата го критикуваше наративот кога се споредуваат европската и американската кошарка. - Не ми се допаѓаат муабетите за тоа како САД пристапуваат кон играта наспроти Европа. Се што слушам е: Аматерските спортови ја уништуваат играта; Европејците го прават тоа правилно, а Американците го прават погрешно. Тоа е глупост. Читам меѓу редови: тоа е напад врз црните Американци. Ние го контролираме овој спорт, а тие се уморни од него. Дурант ги освои Олимписките игри во 2012, 2016, 2020 и 2024 година со репрезентацијата на Соединетите Американски Држави. Тагови: дурент Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДиректорот на БЈБ Александар Јанев учествуваше на состанокот на Управувачкиот комитет на проектот EU4FASTНа состанокот беа разгледани постигнатите резултати, тековните активности и идните приоритети на проектот, со акцент на унапредувањето на регионалната соработка и зајакнувањето на капацитетите на македонската полиција.Денеска (02.11.2026), во Скопје, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, учествуваше на состанокот на Управувачкиот комитет на регионалниот ИПА-проект на Европската Унија „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе во Западен Балкан“ – EU4FAST. На состанокот беа разгледани постигнатите резултати, тековните активности и идните приоритети на проектот, со акцент на унапредувањето на регионалната соработка и зајакнувањето на капацитетите на македонската полиција. Директорот Јанев истакна дека вложувањето во знаење, професионална експертиза, современа опрема и технологија е клучно за модернизација на безбедносните институции и поефикасно справување со современите безбедносни предизвици. Преку обуки, размена на искуства и донации на опрема, проектот придонесува за поефикасна гранична контрола, поквалитетни истраги за трговија со луѓе и криумчарење мигранти, како и поуспешно откривање на нелегалните финансиски текови. Јанев ја нагласи важноста од отворена и ефикасна меѓународна соработка, поинтензивна размена на информации и координирани истраги, истовремено истакнувајќи ја посветеноста на македонската полиција на почитувањето на човековите права, владеењето на правото и заштитата на жртвите на трговија со луѓе. Директорот Јанев упати благодарност до Европската Унија и земјите членки за поддршката, нагласувајќи дека македонската полиција останува активен и рамноправен партнер во зајакнувањето на регионалната безбедност и европската безбедносна соработка.Тагови: Александар Јанев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45
ТехнологијаСрамно: Телефонот на Трамп е само евтина копија (ВИДЕО)Тестот за издржливост ја откри реалноста зад новиот „телефон на Трамп“ – а резултатите се полоши од очекуваното.Зак Нелсон, од „YouTube“ каналот „JerryRigEverything“, го подложи паметниот телефон „Trump Mobile T1“ на тест за издржливост и целосно го расклопи. Тестот потврди дека, под пластичното куќиште во златна боја, хардверот е практично идентичен со оној на моделот „HTC U24 Pro“. „Trump Mobile T1“ и „HTC U24 Pro“ имаат ист облик и резолуција на екранот, стапка на освежување од 120 Hz, сличен распоред на камерите и главен модул на камерата од 50 MP. Дури и елементите во интерфејсот на камерата се целосно идентични. Стаклото на екранот почнува да се гребе на ниво 6 според Мосовата скала за цврстина, а подлабоки траги се појавуваат на ниво 7 – што е типичен резултат за модерен паметен телефон. Сепак, се покажа дека страничната рамка е изработена од пластика, исто како и задниот панел во златна боја, чиј слој може лесно да се изгребе со сечило. На куќиштето од телефонот, исто така, има погрешно прикажано знаме на САД – со 11 ленти наместо 13. Новинарите ја забележаа оваа грешка уште при првиот контакт со готовиот уред. Расклопувањето откри практично идентичен распоред на матичната плоча, камерите, системот за ладење и другите компоненти, како кај моделот „T1“, така и кај „HTC U24 Pro“. Разликите се главно козметички. Претходно, „iFixit“ понуди уште поубедлива потврда за потеклото на овој паметен телефон: матичната плоча од „HTC U24 Pro“ функционираше во моделот „T1“, па дури и го прикажуваше логото на „HTC“ при вклучувањето. „Trump Mobile“ првично го рекламираше уредот како производ произведен во САД, но подоцна го отстрани тоа тврдење и почна да ја користи фразата „Гордо американски“. Во септември, цената на телефонот исто така се зголеми – од 499 на 749 долари. Тестот на каналот „JerryRigEverything“ не беше првиот што го откри вистинското потекло на моделот „T1“, но јасно покажа до каде одат модификациите: всушност, станува збор за „HTC U24 Pro“ со поинаков пластичен панел, завршна обработка во златна боја и брендирање „Trump Mobile“. Извор: Б92Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВодата во Скопје безбедна за пиењеНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 26.10.2026 до 30.10.2026 зема 191 примероци за физичко-хемиска и 191 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook