На Табановце се чека до 30 минути, на другите гранични премини нема подолги задржувања

На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила, a времето на чекање за влез во земјава е од 15 до 30 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Поради вршење на градежни активности за реконструкција и проширување на регионален пат Р1109 делница Понов мост - влез во Богданци, од денеска е воведен времен режим на сообраќај.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Локалните власти во Холандија веруваат дека има двојно повеќе бегалци од официјалните бројки

Властите во бројни холандски провинции и општини веруваат дека во Холандија има двојно повеќе мигранти отколку што е забележано од официјалната државна статистика и предупредуваат на висок ризик од експлоатација.

Многу претставници на локалните власти во Холандија веруваат дека официјалната статистика опфаќа само околу половина од реалниот број на работници мигранти кои дошле во Холандија од други европски земји, пишува порталот „НЛ Тајмс“.

Локалните и покраинските лидери сакаат новата влада да создаде реален долгорочен план за решавање на овој проблем и да се откаже од нејасните изборни ветувања и неумерената реторика на десничарските партии, што ги доведе до победа на изборите. /МИА

Пензионерскиот синдикат на Македонија при КСС го поздравува најавеното покачување на пензиите

Пензионерскиот синдикат на Македонија (ПСМ), членка при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), кој ги здружува пензионерите од целата земја го поздравува најавеното покачување на пензиите за 5,000 денари од страна на новата Влада.

Имено, пензиите ќе се зголемат на двапати по 2,500 денари. Првото зголемување ќе биде во септември оваа година, а второто на почетокот на 2025 година.

Социо-економскиот статус на пензионерите во Македонија во последните години е навистина на незавидно ниво.

Потребно е пензиите да се зголемуваат за да можат истите да бидат доволни за да им овозможат пристоен живот на пензионерите.

Се надеваме дека во иднина со новата Влада ќе имаме фер и коректен социјален дијалог и дека ќе ги ставиме на маса сите проблеми кои ги засегаат пензионерите.

Пензионерски синдикат на Македонија

На еден месец пред стартот на Олимпијадата, Сена сè уште многу загадена

 Еден месец пред отворањето на Олимписките игри во Париз, реката Сена сè уште е премногу загадена и над стандардите потребни за одржување на олимписките натпревари.

Ова го покажуваат извештаите од анализата која денеска ја објави Градското собрание на Париз, каде од 26 јули до 11 август ќе се одржат летните Олимписки игри.

„Квалитетот на водата останува лош поради неповолниот хидролошки контекст, кој вклучува натпросечни врнежи од дожд, премалку сонце и температури под сезонските стандарди“, се наведува во извештајот.

„Очекуваме работите да се подобрат оваа недела со оглед на временските услови“, коментираа од префектурата на регионот Ил де Франс.

Регионалниот префект Марк Гијом предупреди дека реката нема да биде погодна за капење на почетокот на јули поради протокот на реката.

Концентрацијата на две фекални бактерии на кои се засноваат прописите за дозволи за капење покажа нагло зголемени вредности во однос на првите две недели од јуни, со многу високи вредности во периодот од 18 до 20 јуни.

Овие лоши резултати поттикнати од неповолните временски услови, ги зголемија сомнежите за успешно на одржување на олимписките натпревари во Сена (триатлон и пливање во отворени води), како и самата церемонија на свеченото отворање на Игрите.

притисни ентер