Други спортовиНа следните Олимписки игри ќе се воведе синхронизирано пливање за мажи Меѓународниот олимписки комитет (МОК) одлучи на следните Олимписки игри, кои ќе се одржат во француската метропола Париз во 2024 година, синхронизираното пливање, кое досега беше исклучиво женска дисциплина на ОИ, да се одржи и во машка конкуренција.И синхронизираното пливање го менува името, па во иднина овој спорт ќе се вика уметничко пливање. Мажите првично ќе се натпреваруваат во двочлени тимови, додека женските обично имаат осум члена. Најуспешната нација во историјата на синхронизираното пливање е Русија. МОК сѐ повеќе се обидува да постигне родова еднаквост на Олимписките игри. На пример, жените почнаа да се натпреваруваат во бокс во Лондон во 2012 година, а во скијачки скокови две години подоцна во Сочи. Една од ретките дисциплини која сè уште е исклучиво женска е ритмичката гимнастика.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
СветПоранешна шпанска министерка: Влезот на 80.000 мигранти беше хибриден напад врз ЕУПоранешната шпанска министерка за надворешни работи Аранча Гонзалес Лаја изјави дека масовниот влез на околу 80.000 мигранти од Мароко во шпанската енклава Сеута бил „хибриден напад“ врз надворешната граница на Европската Унија.Според неа, целта била „миграцијата да се искористи како алатка“ за ослабување на Европската Унија во период кога миграцијата претставува особено чувствително општествено и политичко прашање. И покрај овие наводи, шпанскиот премиер Педро Санчез застана во одбрана на Мароко. Гонзалес Лаја оценува и дека случувањата во сеута покажуваат дека миграцијата може да се претвори во средство за политички притисок врз Европската Унија.Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
СветЈеменските Хути ја нападнаа Саудиска Арабија, над 70 ранетиЈеменските Хути, поддржани од Иран, нападнаа енергетски постројки и градови во Саудиска Арабија, сојузник на САД, при што беа повредени повеќе од 70 лица.Нападите доаѓаат откако Иран предупреди дека енергетската инфраструктура низ заливот, вклучувајќи ги и американските нафтени и гасни интереси, е ранлива по последната размена на напади помеѓу САД и Иран. Хутите, кои ги контролираат најнаселените делови од Јемен и поголемиот дел од северот, започнаа напади врз Саудиска Арабија откако прогласија поморска блокада на земјата во јули, загрозувајќи го извозот на нафта преку Црвеното Море. Во исто време, Иран вети дека во наредните денови ќе објави нова ограничена зона во заливот, заедно со мапи на нов бродски коридор низ Ормускиот Теснец, како одговор на економската војна на САД. Саудиските воени авиони извршиле серија воздушни напади врз повеќе области во Јемен, јави телевизијата „Ал Масира“.Тагови: Саудиска Арабија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканРаспишани предвремени парламентарни избори во Србија на 25-ти октомвриПо речиси две годишни политички турбуленции, масовни студентски протести и калкулации, Србија оди на предвремни избори.Претседателот Вучиќ го потпиша указот за распуштање на собранието и ги распиша изборите на 25-ти октомври. Вучиќ кој по двата претседателски, сега влегува во трка за премиерски мандат, во обраќањето образложи дека главна причина за изборите се поделеното општесто и немирите, без директно да ги спомене студентското движење. -Затоа ни се потребни изборни резултати кои јасно ќе ја определат и покажат волјата на граѓаните. Не е особена тајна дека во Србија сите би биле подобри политичари и претседатели, исто како фудбалските и кошаркарските тренери. Но, тој процес на донесување одлуки не е едноставен. , изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија Последните анкети недвосмислено укажуваат дека главната битка ќе се води помеѓу Српската Напредна партија на Вучиќ, чиј кандидат за премиер е токму тој и Студентското движење, кое веќе подготви листа од 250 имиња на кандидати за пратеници. Едната анкета покажа голема предност за Вучиќ, другата значитална предност за студентите, кои според дел од аналитичарите, за да се надеваат на победа мора да ја прецизираат програмата. -Всушност можеме да дојдеме во опасност да гласаме за нешто со силна морална порака, а потоа да се соочиме со луѓе кои не ги познаваме. Каков е нивниот став за ЕУ, за стратешкиот дијалог со САД, каков е односот околу Русија и Украина? , изјави Александар Апостоловски, новинар на „Политика“ Иако кампањата не е почната, набљудувачката мисија „Црта“ алармира дека власта ги користи сите јавни ресурси во пресрет на изборите, од злупотреби на безбедносниот апарат, преку уцени на социјално загрозени граѓани до несразмерно голем медиумски простор за власта, како на пример, дека само во август во вестите на јавниот сервис дури 98 проценти од времето било одвоено за власта, а два за опозицијата. -Претседателот на Србија, Александар Вучиќ самиот зазеде половина од вкупното време во вестите на РТС и тоа е речиси четири пати повеќе од целото време што претседателот го доби претседателската кампања во 2022 година, изјави Тамара Бранковиќ, мониторинг мисија „Црта“ -Алармантна е злоупотребата на безбедносниот апарат. Независните меѓународни и домашни форензички проверки потврдија дека од почетокот на годинава на на 14 члена на студенското движере и на Зелениот лев фронт нивните лефонио биле инфицирани со шпионскиот софтвер „Пегазос“, изјави Раша Неделјков, мониторинг мисија „ЦРТА“ Освен социјалистите на Дачиќ, со околу пет проценти и провропската опозициска коалиција со околу четири, двете последни анкети покажаа дека расцепканите опозициски партии практично се борат со цензусот од три проценти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter