На „Скендербег" поставени венци за оддавање почит на жртвите во автобуската несреќа

На плоштадот „Скендербег" во Скопје се поставени венци пред кои граѓаните можат да им оддадат почит на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија.

Посмртните останки на загинатите пристигнаа на Меѓународниот аеродром „Скопје" со два воено-транспортни авиона од Бугарија. Полетувањето на авионите беше пролонгирано поради лошите временски услови во Софија.

По повод пристигнувањето на останките на Скопскиот аеродром во моментов се одржува церемонија на која присуствува државниот врв.

Поворката со останките која требаше да помине низ главниот град е откажана на барање на семејствата на загинатите.

Греење и повеќе храна за животните во битолската Зоолошка Градина

 Јавната општинска установа Зоолошка Градина-Битола со дополнителни мерки ја зголеми грижата за животинскиот свет во градината.

Заради ниските температури на воздухот во ноќните и утринските часови вршиме греење на кафезите, изјави за МИА Жарко Тренкоски, директор на ЈОУ Зоолошка Градина-Битола.

-Зимската сезона ја дочекавме подготвено, обезбедивме храна и резерви од храна за околу 200 диви животни во Зоолошката градина. Количините на храна се за 30 насто зголемени и освен пченка, пченица и луцерка за тревопасните и месо за месојадните животни, доставуваме и прихрана со витамини за да може полесно да ја минат зимата. Но освен со повеќе храна, на животните им помагаме со греење во кафезите бидејќи температурата на водухот е ниска, посебно во текот на ноќта и во раните утрински часови, посочи Тренкоски.

Во битолската Зоолошка Градина кон крајот на минатата година беа регистрирани принови во семејството на мајмуните и стадото на ламите, а во новата година се очекуваат и нови жители на градината.

-Во овој период од годината намалена е посетеноста на Зоолошката градина, но напролет очекуваме поголема фрекфенција на посетители, групи на ученици и туристи. Но и зимските посети се интересни, а посебно привлечно е да се гледаат мечките кои сеуште не се во хибернација, истакна Тренкоски.

Зоолошката градина се наоѓа на Тумбе Кафе во Битола, на површина од два хектари и има нетипичен, но оригинален „ридско-планински“ изглед.

СДСМ: Со Борко Ристовски корупцијата во спортот е до облаците а македонскиот фудбал на колена

Со последните исплати на субвенции кон спортските клубови од страна на Министерството за спорт, фудбалот е клекнат на колена, а корупцијата во спортот е дигната до облаците.

Имено, министерот за Спорт, Борко Ристовски од Владата на СДСМ, наследи буџет од 9 милиони евра, кој што требаше да се распредели како “спортски ваучери“.

Владата на СДСМ, тој буџет континуирано го зголемуваше со години. И во него имаше пари за сите: и за големите спортски клубови и за малите, и за тие од градските средини и за тие од селата.

СДСМ го смени системот на исплата од „спортски ваучер“ во субвенции, но и тоа не го спречи министерот да ја дигне корупцијата во спортот да ја дигне до облаците.

Затоа јавно го прашуваме министерот;

- по кој систем реномирани Фудбалски клубови, од прва и втора лига, добија по НУЛА денари, или нешто ситно, а третолигашки клубови добија милиони и останати суми поголеми од тие на прволигашите и второлигашите?

- По кој систем на сите третолигаши од Источниот и Југоисточниот регион им исплативте по 0 денари, иако таму има клубови со повеќе децениска историја?

- Зошто од останатите региони, сте исплатиле само на неколку третолигаши, а над 98 % од клубовите сте им дале по 0 денари?

- Имате вршено исплати кон фудбалски школи формирани пред неколку години, а клубови што се постари од Вас, не сте им исплатиле ни денар?

Што им ветивте на Фудбалските клубови од прва и втора лига во Ноември?

Им ветивте дека сите ќе добијат дополнителни исплати во Декември, и ги излажавте.

На едни дополнително во декември им имате исплаќано средства уште по еднаш или два пати (со значително поголеми суми), а други ги оставивте само на минималната исплата во Ноември.

Затоа фудбалот го клекнавте на колена, а корупцијата во спортот ја дигнавте во облаците.

Затоа, од Вас бараме јавно да ги објавите (како што тоа го правеше СДСМ) сите исплати кон спортските клубови од сите сметки на министерството, што сте ги направиле додека сте вие на Власт.

Па да види македонската спортска јавност, кои се тие спортски клубови на кои за само 4 месеци им имате исплатено над десетици милиони денари, а кои се тие што не добиле ништо.

Кои се тие спортски клубови што никој не слушнал и разбрал за нив, а на кој има имате исплатено илјадници евра, а кои клубови во кои што членуваат стотици деца ги оставивте на цедило.

За СДСМ, вашиот систем на распределба на парите за спортот е јасен: тој се вика “Партиското тефтерче на Мицко“.

Кој го има во тефтерчето, тој добива пари. Кој спортски клуб е близок до ВМРО ДПМНЕ, тој добива пари.

Затоа, министре, треба да си дадете оставка.

СДСМ располага со податоци за сите ваши исплати, и истите ќе го достави до Основното јавно обвинителство и ГОК.

За достоинството во Спортот, СДСМ секогаш ќе биде на страната на спортистите, и затоа јавно го повикуваме сите спортски клубови, сите информации за корупција во министерството за спорт, да ги достават до СДСМ или до надлежните институции за борба со корупција.

Само така спортот ќе го кренеме на прави нозе. Само така ќе не биде.

СДСМ е на страна а спортот.

Прес конференција на СДСМ, Панче Милевски - Панта, Комисија за спорт

СДСМ

Нормализиран сообраќајот од Средно Водно до Св. Пантелејмон

Сообраќајот на патниот правец од Средно Водно до Св. Пантелејмон од 11 часот е нормализиран, информираат од ЈП Македонија пат.

Претходно, Центарот за управување со кризи информираше дека патот меѓу Пантелејмон во Горно Нерези и Средно Водно не е безбеден за движење со моторни возила и апелираше да не се користи поради голомразица.

На овој потег, како што рекоа од ЦУК, вчера биле заглавени повеќе возила и денеска требало да биде испратена машина за интервенира.

Од ЈП Македонијапат информираат и дека намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патните правци Страцин – Куманово и Дебар – Струга. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.

притисни ентер