Цветковска: Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта
ЛДП: Капитулираат пред жртвите и 17.500 потписи на гневни граѓани, но победата не е извојувана од Владата на „машкиот надзор“
1Цветковска: Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта
2ЛДП: Капитулираат пред жртвите и 17.500 потписи на гневни граѓани, но победата не е извојувана од Владата на „машкиот надзор“
3Манасиевски: Фактите докажуваат дека немало забрана за Алта банка за работење во ЕУ, а Рајфајзен имала договор со групацијата на Мацура, СДС повторно фатени во лага
ЖивотНа семејството на Махса Амина му беше забрането да оди во Франција На семејството на Махса Амина му беше забрането да оди во Франција за доделување на наградата Сахаров.На родителите и братот на Махса Амина, млада Иранка со курдско потекло, која почина минатата година и постхумно требаше да ја добие наградата Сахаров, им е забрането да ја напуштат иранската територија,соопшти денеска нивниот адвокат, пренесува РСЕ. - Ним им е „забрането да се качат во авионот и да заминат за Франција на доделување на наградата Сахаров“, додаде тој. Родителите и братот на жртвата Махса Амини имале виза за заминување во Франција, но иранските власти им ги одзеле пасошите. Махса Амини и иранското движење „Жени, живот, слобода“ се добитници на овогодинешната награда Сахаров на Европскиот парламент, која се доделува за слобода на мисла, говор и заштита на човековите права. Махса Амини (22) беше приведена во Иран од полицијата за морал бидејќи наводно го прекршила строгиот кодекс на облекување на Иранките, односно шамијата не и била соодветно врзана. По тридневен притвор, на 16 септември минатата година, таа почина во болница во Техеран поради, како што се претпоставува, полициска тортура. Нејзината смрт беше поттик за масовни протести низ Иран. Доделувањето на наградата треба да се одржи на 13 декември во Стразбур. Наградата го носи името на рускиот научник и дисидент Андреј Сахаров, а е основана во 1988 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦветковска: Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска кантаФејсбук објава на новинарката Сашка Цветковска.„Да си новинар (уште и жена) и на прес конференција на министерот за внатрешни работи да ти е најважно да го поддржиш насилството и да инсистираш на статистики за лажни пријавувања на насилства врз жени и девојки, ти не работиш за јавноста и не можеш и не смееш да им служиш на граѓаните. Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта поради наводно одбегнување на расправии со колеги. Овие не ни се колеги и ние не им служиме на колегите туку на граѓаните. Секое молчење не е неутралност, не кон жртвите, не кон народот. Срамота! Инаку, станува збор за Ивона Талевска поддржана од уште некои свои колеги кои да немаа партии и криминалци зад себе немаше да бидат никогаш ништо, камоли да делат ум.“-стои во објавата. Тагови: Сашка Цветковска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотГолем пресврт на светскиот пазар на нафтаСветскиот пазар на нафта влегува во нова фаза по неколкумесечните нарушувања предизвикани од војната на Блискиот Исток. Цените на суровата нафта нагло се намалија, но европските економии и понатаму се соочуваат со исклучително скап дизел, кој ги зголемува трошоците за транспорт и производство. Според најновиот извештај на Меѓународната агенција за енергија, објавен денеска, 13 ноември, цената на северноморската сурова нафта паднала за дури 32 проценти, од 136 долари за барел на почетокот на октомври на околу 93 долари. Причина за ваквиот пресврт е обновувањето на испораките од земјите во Персискиот залив, кои постепено се зголемуваат и покрај нападите врз танкери и енергетска инфраструктура. Глобалното производство на нафта во октомври достигнало 105,4 милиони барели дневно, што е зголемување од 2,3 милиони барели во споредба со септември. Ваквото закрепнување довело до ситуација во која понудата повторно ја надминува побарувачката, првпат од почетокот на војната со Иран.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Капитулираат пред жртвите и 17.500 потписи на гневни граѓани, но победата не е извојувана од Владата на „машкиот надзор“Овозможија дузина загубени животи на наши сограѓанки и голем број на човечки трагедии. Свесно и искалкулирано одлучија да ги отфрлат предлозите од април 2025 и март 2026 година за електронски нараквици за насилниците, предложени од ЛДП.Овозможија дузина загубени животи на наши сограѓанки и голем број на човечки трагедии. Свесно и искалкулирано одлучија да ги отфрлат предлозите од април 2025 и март 2026 година за електронски нараквици за насилниците, предложени од ЛДП преку лидерката Моника Зајкова. Сега Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера призна јавно дека електронски нараквици за насилниците и сторителите на семејно насилство би дале позитивни резултати и најави усвојување на истата мерка на ЛДП што досега двапати ја предложи како закон во Собранието. Признание добивме, вината е дефинирана, а одговорност за загубените животи и трагедиите? Денес, по собрани 17.500 потписи на граѓанки и граѓани и огромниот јавен притисок, власта објави капитулација и свое законско решение. Но, ова не е победа на Владата, ова е задоцнета реакција на институциите пред барањата на жртвите и насобраниот гнев на граѓаните. Росица, Ивана, Катја, Рамајана и Билјана се само некои од имињата кои не смеат да бидат заборавени. Нивните имиња се потсетник дека за институционалното доцнење се плаќа застрашувачка цена. ЛДП најавува дека после собраните потписи и огромната поддршка за оваа иницијатива уште завчера и по трет пат го поднесе Законот до пратениците и овој пат, нема веќе простор за оправдувања и нови грешки. Заштитата на жените не смее да зависи од ничиј политички рејтинг и нивната безбедност не е политички маркетинг, туку јасно утврдена обврска на државата и институциите. Можеа да послушаат и да спречат. Одлука донесоа, кобна! Бараме одговорност сега! Иако ви се фотељите слатки сепак мора да постои во политиката нешто што се вика морал, етика и поклон пред грешката и жртвите. Преголема грешка прават ако мислат дека без одговорност ќе им биде заборавено!!!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter