На Русите и на Белорусите им е забранет настап на Вимблдон - Канал 5

На Русите и на Белорусите им е забранет настап на Вимблдон

На руските и белоруските тенисери и официјално им е забрането учество на најпознатиот Грамд слем тениски турнир Вимблдон.

На Русите и на Белорусите им е забранет настап на Вимблдон

Причината за забраната за руските и белоруските претставници е руската инвазија на Украина, а на тој начин Вимблдон би станал првиот тениски турнир во светот на кој нема да им биде дозволено да играат Руси и Белоруси.

Тенискиот клуб „All England Lawn Tennis Club“ соопшти дека има одговорност да го ограничи глобалното влијание на Русите на секој можен начин. „Во услови во кои Русија врши неоправдана агресија врз Украина, за нас е неприфатливо рускиот режим да има некакви привилегии, вклучително и вклучување на руски и белоруски тенисери на овој турнир.“

Меѓународната тениска федерација (ИТФ) ги суспендира Руската и Белоруската тениска федерација и ги исклучи нивните репрезентации од тимските натпреварувања, но на поединци им е дозволено да играат без националните симболи, како на ИТФ турнирите, така и на АТП и ВТА турнирите.

Вимблдон ќе се одржи од 27 јуни до 10 јули годинава, а вториот и осмиот светски рекет , Русите Данил Медведев и Андреј Рубљев, како и четвртата тенисерка на светот, Белорусинката Арина Сабаленка нема да можат да настапат. Руските тенисери повеќепати изјавија дека се против војната во Украина, а на меѓународните тениски турнири не играат под руско знаме.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најголемиот пожар во историјата регистриран во Белгија, ЕУ испраќа помош

Земјите-членки на ЕУ испратија три хеликоптери и два авиона за гаснење пожари за да ѝ помогнат на Белгија во справувањето со пожар во источниот дел на земјата.

Најголемиот пожар во историјата регистриран во Белгија, ЕУ испраќа помош

Земјите-членки на ЕУ испратија три хеликоптери и два авиона за гаснење пожари за да ѝ помогнат на Белгија во справувањето со пожар во источниот дел на земјата, изјави европскиот комесар за управување со кризи, откако белгиските власти побараа итни засилувања за да го стават под контрола најголемиот пожар што ја погодил земјата во последните неколку децении.

Огнот го зафати „От Фан“ (Hautes Fagnes), најголемиот белгиски природен резерват, каде што пожарот беснее уште од петокот. Локалните пожарникари, земјоделците и ангажираните воени сили се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот.

Според извештаите на локалните медиуми, кои се повикуваат на податоци од гувернерот на провинцијата Лиеж, до денес попладне изгореле околу 1.600 хектари.

Ова е најголемиот пожар регистриран во Белгија досега – кој го надминува дури и пожарот од 2011 година, кога изгореа речиси 1.400 хектари – според податоците на Европскиот информативен систем за шумски пожари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град Скопје: По 30 години чекање, булеварот „Борис Трајковски“ добива нов асфалт

По три децении чекање и бројни најави, започна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“, со што проектот влегува во својата завршна фаза.

Град Скопје: По 30 години чекање, булеварот „Борис Трајковски“ добива нов асфалт

По решавањето на долгогодишните имотно-правни прашања и завршената експропријација, трасата е целосно ослободена за реализација на градежните активности. Во рамки на проектот е изградена и нова атмосферска канализација, со што се создава современа и функционална инфраструктурна основа за овој значаен сообраќаен коридор.

Започнатото асфалтирање е конкретен чекор кон целосното завршување на булеварот и подобрување на сообраќајното поврзување, безбедноста и условите за движење на граѓаните.

Она што со години беше само ветување, денес се претвора во конкретен резултат.

Ова е пример дека со решавање на проблемите, сериозна работа и посветеност, Скопје може да добива инфраструктура која ќе служи на граѓаните и ќе остане за идните генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Д-р: Даниловски: Вирусот западен нил активно циркулира, се наоѓаме во период на засилена трансмисија

Епидемиологот доктор Драган Даниловски за Канал 5 вели дека Македонија веќе се наоѓа во засилена трансмисија на Западен Нил, но не може да се каже дали ова е врвот на епидемијата.

Д-р: Даниловски: Вирусот западен нил активно циркулира, се наоѓаме во период на засилена трансмисија

Смета дека околу 80 проценти од заразените се асимптоматски.Целиот разговор на Сања Трајковска Ставро со епидемиологот Данаиловски гледајте го во вестите во 18 часот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер