WADA отвори жалбена постапка за РУСАДА , така што би можела повторно да ја проглазси за некомпетентна за спроведување антидопинг тестови , со што дополнително го зголемува притисокот кон Меѓународниот олимписки комитет да не им дозволи на руските спортисти да учествуваат на Олимпијадата 2020.
Поради сомнитевања за организирана употреба на допинг, Русија ќе го пропушти второто по ред Светско првенство во атлетика кое започнува во петок во Доха, а на руските спортисти им беше забрането да се појавуваат под нивното знаме на минатогодишните Зимски олимписки игри во Пјонгјанг.
„WADA и даде на руската агенција три недели за да ги објасни наводните измени во податоците од московската лабораторија“, рече претседателот на Апелациониот одбор на WADA, Џонатан Тејлор.