Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
БалканНа протестот на опозицијата во Тирана побарано премиерот Еди Рама веднаш да си заминеСо неколку помали инциденти, пред сè со фрлање пиротехнички средства на влезот на владиниот објект, заврши денешниот, последователен антивладин протест, организиран од албанските Демократи предводени од Сали Бериша.Со неколку помали инциденти, пред сè со фрлање пиротехнички средства на влезот на владиниот објект, заврши денешниот, последователен антивладин протест, организиран од албанските Демократи предводени од Сали Бериша, кои добија поддршка и од Партијата на слободата на поранешниот претседател Илир Мета. На протестот, што се одржа на плоштадот „Народни херои“, пред албанската Ввлада, а на кој присуствува илјадници граѓани од сите делови на земјата, се обратија повеќе говорници, а говорите ги заокружи Бериша, кој предупреди дека „револуцијата продолжува и в понеделник пред албанскиот парламент“ најавувајќи нов протест. -Ние сме во света мисија против држава која се однесува полошо од која било османлиска, нацистичка, фашистичка, диктаторска, која Албанија ја знаела до денес. На Еди Рама му набавивме билет, нема враќање! Мисионери како нас, ништо не може да ги спречи! Ја имаме вистината, ги имаме идеалите, ја имаме нашата љубов кон оваа земја. Ја имаме нашата лојалност кон нашите пријатели. Ништо не може да не спречи на овој пат. Еди Рама го претвори Парламентот во срам на нашата национална историја, полош од парламентот на Путин и Лукашенко. Револуцијата нè повикува, в понеделник сите пред парламентот, рече меѓу другото Бериша. Тој, како вообичаено и сега со серија обвинувања до премиерот Рама, нарекувајќи го криминалец и „уништувач на Албанија, поттикнувач на депопулацијата на земјата...“. -Народ на протести, народ на победата, да се обединиме сите да одиме од битка во битка до нашата конечна победа. Еди Рама заборави дека овој народ можеш да го исклучиш од гласање и избори. Ништо не може го спречи народот да те најде до стаорец(Рама) и да му го дадат тоа што го заслужува. Конечно, уште еднаш, безгранична благодарност до вас на овој плоштад. Ве повикувам да го продолжиме маршот на слободата, да го продолжиме маршот на победата!“, рече Бериша на крајот од својот говор. Од обвинувања Рама не беше поштеден и во обраќањето на Мета кој рече дека „за неговите коруптивни афери знае целиот свет и оти на Рама му е многу јасно дека нема да се спаси од давањето сметка пред народот“. Толпата предводена од Бериша и Мета потоа продолжи и се задржа кусо пред парламентот, пред неколку други државни институции и пред седиштето на владејачката Социјалистичка партија, по што се разотиде. Додека надвор се протестираше, Рама, кој по занимање е склуптор, на социјалните мрежи постираше видео-запис како во неговото уметничко ателје изработува склуптура. Инаку, за безбедноста на протестот беа ангажирани над 1.500 припадници на министертвото за внатрешни работи. Полициски кордон имаше и пред владата и пред други државни институции. Вратата на Владата беше блиндирана, за да се избегне влез на демонстрантите во зградата. Фрлените пиротехнички средства кон владата само за момент го придвижија кордонот, но веднаш состојбата се смири. Приведени се две лица, а полицискиот службеник кој доби лесни повреди од протехничките средства, по укажаната лекарска помош беше пуштен дома.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банкаНема ризик за финансиската стабилност на државата поради состојбите во Алта банка АД Битола, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната надзорна расправа во Собранието. Таа посочи дека буџетските корисници согласно закон не можат да отвораат сметки во комерцијалните банки, туку своите средства ги чуваат и реализираат исклучиво преку Трезорот. Во однос на јавните претпријатија и акционерските друштва на централно ниво, од досега добиените информации само едно претпријатие има сметка во Алта банка за што не постои никаков ризик . „Сакам јасно да порачам дека нема ризик за финансиската стабилност на државата. Буџетските корисници немаат сметки во комерцијалните банки, туку средствата ги чуваат и реализираат преку Трезорот. Кај јавните претпријатија и акционерските друштва, според досега добиените информации, изложеноста е минимална“, истакна Димитриеска-Кочоска. Во однос на институционалните надлежности, министерката нагласи дека супервизијата и надзорот над банкарското работење се исклучива надлежност на Народната банка, додека Министерството за финансии има надлежност во подготовката на законската регулатива. Во однос на прашањето за можноста Министерството за финансии да влијае врз исходот од постапката, истакна дека таква можност не постоела, имајќи предвид дека станува збор за законски утврдена постапка во надлежност на независната Народна банка. Министерката потенцираше и дека во процесот на стекнување на сопственоста врз банката Министерството за финансии немало никаква улога, бидејќи стекнувањето на сопственичкиот удел било реализирано преку купопродажба на акции и јавен оглас. Одделение за односи со јавностКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПроф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комораПоранешниот ректор на УКИМ и абдоменален хирург, Никола Јанкуловски е новиот претседател на Лекраската комора. Професорот Јанкуловски доаѓа на местото на досегашната претседателка доктор Калина Гривчева – Старделова. Тагови: Лекарска комора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГраѓански организации со 7 барања против насилството- доста е, не чекаме осма жртваПоследниот случај на убиство на 17 годишната девојка од Богданци која пријавувала насилство, заради страв не излегувала покажа дека никој не ја заштитил од насилство и убиство. Во пресрет на „16 дена ативизам против родово базирано насилство“ граѓанските организации Мрежа за заштита од дискриминација, Платформа за родова еднаквост и Националната мрежа против насилство врз жени бараат да нема протоколарни свечени настани, осветлување на згради во портокалова боја, и ветување на хартија, а жени умираат од насилство и живеат во страв дека пријавиле, а никој не ги заштитил. Повикот е доставен до владата, собранието, амбасадите, ЕУ и ОБСЕ. За една година седум жени биле убиени од нивните партнери, портокаловите ленти покажаа дека не се ефективни, потребна е навремена рекација на полицијата, социјалните работници, обвинители и судии кои итно ќе постапуват за да се спречи насилникот да го продолжи насилството, вели Аврамовска за Канал 5. Последниот случај на убиство на 17 годишната девојка од Богданци која пријавувала насилство, заради страв не излегувала покажа дека никој не ја заштитил од насилство и убиство. По собирањето на 15 илјади потписи за електорнска нараквица се чека да се направат измени во законот за спречување и заштита на насилство врз жените. Со предлог измените во законот електронските наркавици треба да ја предупреди жртвата дека насилинкот е блиску до неа и да ги алармира надлежните. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34