Од партијата им порачаа на земјоделците, пензионерите и сите пазарџии да бидат спокојни.
Од таму најавуваат двојно решение, со кое граѓаните ќе заработуваат денар повеќе, но и решение со кое ќе се сузбие сивата економија која и штети на економијата.
Одлуката падна по вчерашниот протест на пазарџиите, кои што ставија клуч на своите тезги и се преселија пред Собранието.
Со најавениот закон за зелени пазари, закупците на тезга треба да плаќаат лиценца од 60 евра годишно, а за секоја дополнителна тезга, тезгаџиите треба да платат уште 40 евра.
Пензионерите, социјалците, стечајците и хонорарците, нема да можат да работат.
Пазарџиите го кренаа гласот против новиот закон, за кој што сметаат дека е дискриминирачки, најавија дека лиценци нема да вадат.