3Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството
БалканНа повидок договор за прекин на штрајкот во правосудството во ХрватскаХрватскиот министер за правда Иван Маленица најави можност за договор и прекин на штрајкот на вработените и службениците во правосудството, кој влезе во осмата недела и е најдолг во историјата на оваа земја.Маленица рече дека на вчерашната средба со претставници на синдикатот се разговарало за зголемување на платите од 12 отсто на судските службеници, кои ќе бидат исплатени во август, заедно со другите најавени зголемувања. Маленица извести дека ќе испрати писмена понуда до синдикалците, а нивниот одговор го очекува до крајот на неделата. - Се најдовме на зголемување на платите на службениците и функционерите во судството за приближно 12 проценти. Подготвени сме да вклучиме и синдикални претставници во изработката на новата регулатива, подготвени сме да разговараме за работните места во новата регулатива и за зголемувањето на новата регулатива, изјави Маленица за ТВ „Дневник Хрватске Нова“. Исто така, рече, ќе ја разгледа можноста на барање на синдикатот Владата да ја укине одлуката за неисплата на платите на вработените кои штрајкуваат. - Подготвени сме тоа да го разгледаме за да го прекинеме штрајкот и тоа е на маса, вели Маленица. Хрватскиот министер посочи дека целта на Владата е да работи на регулативата и просечната нето плата во судството да биде 1.000 евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ТехнологијаГолем хакерски напад: Украдени податоци на речиси девет милиони луѓеДанска претрпе масовен хакерски напад, еве кој е погоден.Хакиран е централниот регистар што ја содржи листата на поединци и нивните адреси во Данска, со што е овозможен пристап до податоците на 8,8 милиони луѓе, соопшти данското Министерство за дигитализација. „Националната агенција за регистрација (CPR) утврди дека неовластени лица стекнале нелегален пристап до имињата, адресите и CPR-броевите (еквивалент на број за социјално осигурување) на приближно 8,8 милиони регистрирани поединци (живи, починати, оние што емигрирале итн.)“, се наведува во соопштението. Аномалии во септември Во тек е истрага, но сторителите сè уште не се идентификувани во оваа фаза, наведе истиот извор. Пристапот до податоците бил остварен преку легитимен канал за пристап на една данска компанија. Овој пристап оттогаш е укинат. Агенцијата во петокот била известена за „аномалија“ во CPR-системот што се случила „во текот на септември“. „Ова е исклучително сериозен инцидент“, изјави министерката Кристина Егелунд, според соопштението за јавноста. „Заедно со сите релевантни тела, во процес сме на утврдување на целосниот обем на инцидентот“, додаде таа. По пробивот на податоците, агенцијата соопшти дека презела мерки за спречување слични инциденти. Националниот регистар содржи податоци за 11 милиони луѓе. Покрај поединците што моментално живеат и престојуваат во Данска, тој содржи информации за починати лица и за лица што ја напуштиле земјата. Поединците со заштитени адреси и имиња не се погодени од протекувањето на податоците, се додава во соопштението. Извор: Б92Тагови: хакерски напад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
МакедонијаОбвинителството побара доживот затвор за Бојковски, пресудата во петокВо Основниот суд во Куманово попладнево се одржаа завршни зборови во судскиот процес против Трајко Бојковски од Старо Нагоричане, кој е обвинет за четири убиства и два обиди за убиство.. Обвинителството побара доживотен затвор за обвинетиот серискиот убиец Трајко Бојковски од кумановско Старо Нагоричане, на денешното судско рочиште на завршните зборови. Судската пресуда се очекува во петок. Јавниот обвинител Љубомир Лапе побара во завршните зборови, обвинетиот жртвите ги бирал по пол, се прикрадувал и напаѓал со цел задоволување на некрофилски страсти. На товар му се ставаат убиствата на Станче Каровска, Јанка Антевска, Марија Маринковска и Мира Станковска. Тој се осврна на негирањето на Бојковски дека го извршил убиството на сега покојната Станче Каревска од село Клечовце. Одбраната на Бојковски побара судот при изрекување на кривичната санкција да ги има предвид олеснителните околности, како и ветувањето дека во иднина нема да направи ново кривично дело, како и дека се работи за млада личност. Трајко Бојковски е обвинет за четири убиства и два обиди за убиство. Тој со веќе убиените жени ги задоволувал своите сексуални страсти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Осомничените за криминал во Државна лотарија се од време на СДС и ДУИ, или Таче и ГрубиКога во јавноста има вести од типот како службени лица купуваат со пари од државата и државни компании работи за лична употреба како брендирани чанти Хермес, Луј Витон, Диор сметаме дека треба јавноста да ги знае сите детали. Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје има поднесено кривична пријава против две службени лица вработени во АД Државна лотарија поради постоење на сомнение за сторени кривични дела Проневера во службата и Фалсификување или уништување деловни книги, двете дела предвидени во казнениот законик. Лицата кои наместо дневниот промет од продажните места на АД Државна лотарија да го депонираат на трансакциските сметки на друштвото во банките, го присвојувале за себе. Јавноста треба да знае дека овие лица се во Државна лотарија од времето на Димитар Ковачевски - Таче, кога Артан Груби беше вицепремиер, а Перпарим Бајрами беше генерален директор на Државна лотарија, сега првообвинет во судскиот случај поврзан со финансиски злоупотреби и проневера во државната компанија. Во тек е судење за Груби и Бајрами и затоа сакаме само да информираме од кога се овие лица во Државна лотарија кои се сега осомничени за извршени казнени дела во Државна лотарија, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter