Маск: Американската влада стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува
1Маск: Американската влада стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува
БалканНа парламентарните избори во Грција ќе учествуваат 36 партииОд пријавени 50 партии, на претстојните парламентарни избори во Грција на 21 мај, ќе учествуваат 36, согласно одлуките од Врховниот суд, надлежен да ги разгледа доставените кандидатури, јави дописничката на МИА од Атина.На изборите ќе учествуваат 27 партии, осум коалиции и еден самостоен кандидат. Меѓу партиите кои не добија зелено светло од Врховниот суд е и Национална партија –Грци на осудениот поранешен пратеник од Златна зора, Илиас Касидиарис. Како што вчера објави МИА, Врховниот суд, со мнозинство девет наспроти еден глас, ја отфрли кандидатурата на конкретната партија и било одлучено дека не ги исполнува потребните услови и критериуми за учество на изборите. Во образложението објавено денеска надлежниот суд детално се осврнува на активностите на Златна зора и на позициите на Касидиарис, пишува дека е осуден за кривично дело криминална организација, со што му се забранува учество во изборниот процес, а во исто време со аргументи се нагласува дека самиот Касидиарис е вистинскиот лидер на неговата партија. -„Националната партија Грци“, чијшто вистински лидер е Илиас Касидиарис и кандидат за пратеник, поттикнува употреба на насилство, промовира политика која не ја почитува демократијата и цели кон слабеење и уништување на демократската држава и институциите на владеењето на правото, особено со употреба на насилство или поттикнување насилство или негово оправдување, промовирање на тоталитарни идеологии, ширење на расистички и нетолерантни идеи и ксенофобија, одобрување на злосторства против хуманост, омраза кон личности и групи, постапки и декларации кои го загрозуваат мирниот соживот на општествените групи во земјата, пишува во образложението на Врховниот суд за одлуката, партијата да не учествува на изборите. Одлуката е согласно изгласаниот закон и дополнителен амандман во грчкиот Парламент со кои се предвидува забрана за учеството на изборите на партија чиј претседател, генерален секретар или вистински лидер е осуден за криминално дело. Касидиарис, кој моментално е во затвор, во периодот од 2012 до 2019 година беше пратеник од Златна зора, а во октомври 2020 година беше осуден на затворска казна од 13 година и шест месеци поради формирање криминална организација Партијата според истражувањата на јавното мислење во Грција, добива доволен рејтинг за да го помине неопходниот изборен праг од три отсто и да обезбеди место во Парламентот, меѓутоа со одлуката на Врховниот суд партијата не доби зелено светло за учество на изборите на 21 мај. Првично, за лидер на партијата беше назначен поранешниот заменик- обвинител од Врховниот суд Анастасиос Канелопулос, за да се избегне законот и забраната за учество на изборите, меѓутоа подоцна, Канелопулос, сепак одлучи да достави кандидатура со неговата партија ЕАН, кандидатура која беше одобрена. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураПочнува 45. Скопски џез фестивал Словенечкиот перкусионист, тапанар и композитор Златко Каучич, вечер, во Националната опера и балет, ќе го отвори 45. Скопски џез фестивал (СЏФ). Ќе настапи со својот состав „Комбо БЦ“ и проектот Bravery of the Brave („Храброста на храбрите“).По Каучич, концерт ќе одржи тенор-саксофонистот, кларинетист и композитор Леонхард Скорупа, предводник на квинтетот со меѓународен состав – Quispel Quintet. За отворањето на 45. Скопски џез-фестивал, Скорупа е ангажиран да компонира ново музичко дело, при што својот базичен петочлен ансамбл ќе го прошири со тројца македонски музичари (Божидар Пеиќ – виолончело, Бојан Талевски – виола и Ѓорѓи Петрушевски – обоа) и заедно ќе настапат како октет (Quispel Octet). Полноќниот термин е резервиран за италијанско-американското дуо, вибрафонистот Пасквале Мира и вокалистот Хамид Дрејк, кој се смета за еден од најзначајните перкусионисти на сцената на импровизираниот џез. Утре настапува норвешкото дуо Еивинд Орсет (гитара, електроника) и Јан Банг (лајв семплинг), од Исланд доаѓаат композиторот и бас-гитарист Скули Сверисон и композиторката и мултиинструменталистка Олоф Арналдс, а полноќниот концерт е посветен на музичкиот фестивал Punkt во градот Кристијансанд и ќе гостуваат неговите основоположници, Норвежаните Јан Банг и Ерик Хоноре. Вечерта на 17 октомври ќе биде отворена со концерт на македонскиот квинтет предводен од вокалистката Андреа Мирчевска и нејзиниот проект Lullaby for Lunatics, а од 22 часот е настапот на јужноафриканскиот композитор и пијанист Ндудузо Махатини, кој подолго време снима за Blue Note. На полноќ на малата сцена во НОБ ќе гостуваат британскиот композитор, пијанист и органист Александар Хокинс и шведската вокалистика родена во Етиопија – Софија Јернберг, со нивниот заеднички проект Musho. Последната фестивалска вечер, на 18 октомври, пред публиката ќе биде бразилско-американското трио „Сао Пауло андерграунд“ (Sаo Paulo Underground), кое, како што велат од СЏФ, ги редефинира можностите на електроaкустичната композиција, спонтаното компонирање и звучната инвенција. Фестивалот ќе биде затворен со концерт на квинтетот Living Being предводен од францускиот хармоникаш Винсент Пеирани. Полноќен концерт нема да има. Годинава на СЏФ учествуваат рекорден број изведувачи од тринаесет земји. Во четирите фестивалски дена на програмата се вкупно осум концерти од 20 и од 22 часот на големата сцена во Националната опера и балет и уште три полноќни концерти, кои, наместо во МКЦ како во минатите години, ќе се одржуваат на специјално подготвената мала сцена во НОБ. Традиционално и оваа година, Скопскиот џез фестивал го избра најдобриот македонски џез музичар за 2026 година – кларинетистот и саксофонист Нинослав Спировски.Тагови: Скопски џез фестивал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканРама: Ова не се и никогаш не можат да бидат раце на студентиПремиерот Еди Рама реагираше од зградата на колеџот во Тирана, кojа беше оштетена од пожар, по актите на насилство за време вчерашните студентски протести. Преку порака од зградата, Рама го осуди демолирањето на институцијата, нагласувајќи дека студентите ја претставуваат иднината и дека насилството не може да ги претставува нивните аспирации. „До вчера, ова беше канцеларијата на Колеџот на Европа, училиштето на обединета Европа, кое европските лидери заеднички го отворија во Албанија. Денес, ова е пропаст на раце кои не се и никогаш не можат да бидат раце на студенти“, рече Рама. Студентските демонстрации во Тирана излегоа од контрола вчера откако демонстрантите се судираа со полицијата повеќе од 10 часа, при што палеа згради, влегуваа во владини институции и ограбуваа.Иако Албанија е сведок на секојдневни протести од крајот на мај, поттикнати од плановите за изградба на луксузно одморалиште на Јадранскиот брег, пред два дена и студентите излегоа на улиците за да протестираат против условите во универзитетите и студентските домови и трошоците за живот.Тагови: Албанија Еди Рама Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:39
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
СветМаск: Време е Зеленски да си оди!Најбогатиот човек на светот и сопственик на платформата Икс (Икс/Твитер), милијардерот Илон Маск, упати директен и брутален повик за заминување на украинскиот претседател Володимир Зеленски.Најбогатиот човек на светот и сопственик на платформата Икс (Икс/Твитер), милијардерот Илон Маск, упати директен и брутален повик за заминување на украинскиот претседател Володимир Зеленски, отворено порачувајќи дека е дојдено време тој да поднесе оставка за да запре крвопролевањето. Маск жестоко реагираше на објава на социјалните мрежи во која се коментираше новото интервју на Зеленски за британскиот водител Пирс Морган, каде беше истакнато дека најголемиот страв на првиот човек на Украина е тоталниот крај на војната и одржувањето на претседателските избори. – „И така крвопролевањето ќе продолжи. Време е Зеленски да си оди!“, напиша кратко и децидно Маск. Оваа жестока реакција на Маск доаѓа во момент кога и американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики кон Киев. Трамп јавно порача дека Зеленски мора итно да организира нови претседателски избори и потсети дека украинскиот лидер пропуштил повеќе шанси да стави крај на судирот и да потпише мировен договор со Москва. Инаку, претседателскиот мандат на Зеленски формално истече уште на 20 мај 2024 година, но властите во Киев одбиваат да организираат гласање.Тагови: Володимир Зеленски Илон Маск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:39
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11