Момчето е најмладата личност која некогаш била обвинета за богохулење во земјата. Минатиот месец тоа било обвинето за намерно мокрење на тепих во библиотеката на една медреса каде се чувале верски книги.
Откако приказната за ова се прошири по социјалните мрежи, а момчето беше ослободено од притвор со кауција минатата недела, следеше муслимански напад врз хиндуистички храм и заедница во овој екстремно конзервативен источен дел на Пакистан, округот Рахим Иар Кан, во Пенџаб.
Обвинетото момче сега е под полициска заштита, а неговото семејство и роднините мораа да ги напуштат своите домови, како и многу локални хиндуисти, поради немирите и нападите што уследија. Како што се наведува, во таа област се распоредени трупи за да ги смират понатамошните немири.
Обвинувањата за богохулење во Пакистан се сфаќаат многу сериозно, а момчето може да биде осудено на смртна казна за навреда на исламот и божјиот пратеник Мухамед.
„Гардијан“ разговараше со член на семејството на момчето кое се крие и рече дека е премногу мал за да разбере што е богохулство и зошто е приведен. Обвиненијата против момчето шокираа некои адвокати, кои велат дека овој случај е без преседан.
Извор: blic.rs