На „Охридско лето" вечер со уметниците од „Бенсман" саксофон квартетот - Канал 5

На „Охридско лето" вечер со уметниците од „Бенсман" саксофон квартетот

На програмата на Фестивалот „Охридско лето" вечерва се уметниците од „Бенсман" саксофон квартетот, во состав Детлеф Бенсман – сопран саксофон, Тианхонг Ву –  алт саксофон, Лиу Паи – тенор саксофон и Нинослав Димов на баритон саксофон.

На „Охридско лето" вечер со уметниците од „Бенсман" саксофон квартетот

„Бенсман" саксофон квартетот дебитира на концертниот подиум во 2006 година со премиерна изведба на Брехтовата „Badener Lehrstuck" за хор, солисти, саксофон квартет, пијано и перкусии од Карлос Фаринас и Итај Двори, по што следи продукција за Германското радио. По успешната премиера како на делото, така и на ансамблот, произлегува и идејата на Детлеф Бенсман да ја заврши својата кариера во Берлинскиот квартет саксофони, во кој како примариус успешно работел повеќе од 20 години, и да се посвети на неговата кариера како солист, диригент, композитор, и воедно на развивањето на овој „млад" квартет во кој членуваат исклучиво уметници кои студирале кај самиот Бенсман, со што се овозможува по ефективно изразување на уметничката мисла и идеја.

Во периодот од 2007 година, па сe до денес, може да се вбројат низа успешни концерти и настапи на врвни музички фестивали како низ Германија, така и во цела Европа, и три концертни турнеи во САД (2008) и Кина (2008, 2017).

Детлеф Бенсман студирал саксофон со проф. Омар Лампартер и контрабас со проф. Хајнц Јаблонски во Берлин, по што започнува да свири контрабас во оркестарот на Германската опера во Берлин, а како солист на саксофон дебитира со Радио симфонискиот оркестар во Берлин во салата на Берлинската филхармонија во 1980 година. Има снимено 20 комерцијални носачи на звук на кои се поместени композиции напишани за него, но и напишани од самиот Детлеф Бенсман. Редовно настапува со познати оркестри и диригенти меѓу кои Берлинскиот симфониски оркестар и Дмитриј Китајенко, Радио-симфонискиот оркестар во Франкфурт и Казуши Оно, Симфонискиот оркестар во Берн, со Шиан Едвардс и Еиџи Оуе. Повеќе од 25 концерти за саксофон и оркестар се посветени и напишани токму за Детлеф Бенсман, а тој изведува повеќе од 100 светски премиери на дела напишани за неговиот инструмент. Во 1983 година Бенсман го основа Берлинскиот квартет саксофони и повеќе од 20 години е водач на ансамблот. Во 2006 г.го формира Бенсман саксофон квартет со студенти од неговата класа, а истиот го обновува во 2017 во сегашниот состав.

Како докажан педагог кариерата ја започнува во 1984 на Универзитетот за уметности во Берлин, од 1992 предава на Високата школа за музика „Ханс Еислер" во Берлин, а од 2016 предава и на Академијата за уметност во овој град. Во 2004 година го формира Бенсман трио заедно со виолинистката Валтраут Вехтер и пијанистот Дмитриј Бефелер, состав кој се' уште работи во различни камерни формации.

Во последните 20 години Детлеф Бенсман има интензивна кариера како композитор и диригент, пишувајќи дела за соло саксофон, саксофон и оркестар, ансамбл саксофони како и камерна музика за саксофон и други инструменти. Тој е уметник кој е официјално поддржан од Гете Институтот.

Кога станува збор за Паи Лиу, тој е победник на „Јамаха" натпреварот за саксофонисти, по пто своето музичко образование започнува да го стекнува на Шенјанг конзерваториумот за музика. По три години ги продолжува студиите по саксофон на Централниот конзерваториум за музика во Пекинг во класата на проф. Ли, а во 2008 година ја добива и првата награда на Меѓународниот натпревар во Баилин. Од 2011 година студира во класата на Детлеф Бенсман и Уве Штајнмец во Росток каде дипломира во 2015 по што ги продолжува магистерските студии во класата на Бенсман на Високата школа за музика „Ханс Еислер" во Берлин.

Младиот кинески саксофонист Тианхонг Ву започнува да учи саксофон на рана возраст и освојува втора награда на првиот натпревар за дувачки инструменти „Јамаха" во Џиангсу, и прва награда на натпреварот за дувачи во Јангжу. Дипломира музичка теорија и композиција на Универзитетот за уметности во Нанџинг и продолжува да студира класичен саксофон на Универзитетот за уметности во Берлин во класата на проф. Детлеф Бенсман. Победник е на натпреварот за камерна музика за дувачи, а настапувал со Оркестарот во градот Котбус, со Оркестарот на Берлинскиот колеџ за музика во салата на Берлинската филхармонија, а настапувал и на Полскиот конгрес на саксофонисти.

Нашиот уметник Нинослав Димов дипломира и магистрира во класата на неговиот татко проф. Стојан Димов на Факултетот за музичка уметност во Скопје, по што студиите ги продолжува на Универзитетот за уметности во Берлин во класата на проф. Детлеф Бенсман. Во Берлин дипломира во 2006 и се здобива со диплома за специјализација за концертен изведувач во 2009 година. За време на студиите е добитник на бројни државни и меѓународни натпревари и редовно учествува на семинари во Словенија, Франција и Германија.

Настапува како солист на рецитали, но и со оркестрите на Македонската филхармонија, Битолскиот камерен оркестар, Косовската филхармонија, а од почетокот на студиите го основа Квартетот саксофони „Димов" со кој настапува во Скопје, Дубровник, Сараево, Мостар, на Охридско и Скопско лето. Во 2006 година настапува на неколку концерти со прочуениот Берлински квартет саксофони, а од 2007 е редовен член на Бенсман саксофон квартет настапувајќи во Берлин, Дуисбург, Бранденбург, Франкфурт, Буков. Од 2017 е основач и уметнички раководител на Меѓународниот фестивал на кларинетисти и саксофонисти „SaxClar" во Скопје. Нинослав Димов е редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје, член на Биг Бендот на МРТВ и на ЗЏМ, и редовен саксофонист на Филхармонијата на Северна Македонија.

Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија" со почеток во стандардниот фестивалски термин од 21 часот. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дошол на погреб на пријател, па случајно пропаднал во гробот на татко му и починал (ВИДЕО)

Адилсон Марсаро (48) од Бразил го загуби животот во необична несреќа на гробиштата, кога пропаднал во гробот на сопствениот татко. 

Дошол на погреб на пријател, па случајно пропаднал во гробот на татко му и починал (ВИДЕО)

Трагедијата се случила додека тој престојувал на гробиштата на погреб на пријател, а бетонската конструкција на која седел наеднаш се урнела.

Несреќата се случила во средата, на 21 октомври, на градските гробишта Сао Хозе во Линхарес, во бразилската држава Еспирито Санто.

Марсаро дојде тој ден да присуствува на погребот на пријател кој загинал во сообраќајна несреќа претходниот ден.

Според гробарот Назаре Бравин, човекот пристигнал на гробиштата со мотор, ги поздравил присутните и прашал каде ќе биде погребан неговиот пријател.

После тоа, тој ги оставил моторот и кацигата, а потоа се упатил кон гробот на својот покоен татко, кој се наоѓал на истите гробишта.

Кога стигнал до гробот на својот татко, Адилсон седнал на бетонскиот надгробен камен.

Во тој момент структурата наеднаш попуштила под неговата тежина и човекот пропаднал во гробницата.

Силен тресок го привлече вниманието на луѓето во близина. Кога сфатиле што се случило, веднаш повикале брза помош.

На местото на настанот пристигнале припадници на противпожарната служба и брзата помош, но несреќниот човек не можел да се спаси.

Лекарите можеле само да констатираат смрт. Неговото тело е извлечено од урнатата гробница и пренесено на обдукција.

Како што пишува Њујорк Пост, Марсаро бил погребан веќе следниот ден, на истите гробишта каде што го загубил животот.

Градските власти на Линхарес изразија сочувство до семејството и пријателите на жртвата.

Во соопштението тие наведуваат дека вработените на гробиштата веднаш ги известиле надлежните органи, но дека обидите за спасување биле неуспешни.

Воедно, тие ги потсетија граѓаните да бидат особено внимателни при посетата на гробните места, особено во пресрет на празникот Денот на мртвите, кога се очекува поголем број посетители.

По трагедијата се отвори и прашањето за безбедноста на гробните градби.

Градската управа соопшти дека е надлежна за одржување на заедничките површини, патеките и другите јавни делови на гробиштата.

Сепак, одржувањето на поединечните гробови и надгробни споменици, според локалните правила, е обврска на семејството на починатиот.

Бразилската цивилна полиција покрена истрага за да се утврдат сите околности на несреќата.

Засега не е соопштено зошто попуштила бетонската конструкција или дали претходно имало знаци на нејзино оштетување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Мора да го запрам убивањето на иранските лидери

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мора да престане да убива ирански лидери за да утврди со кого преговараат САД и го повтори својот став дека на Иран никогаш не смее да му биде дозволено да развива нуклеарно оружје.

Трамп: Мора да го запрам убивањето на иранските лидери

„Морам да престанам да убивам ирански лидери затоа што морам да сфатам со кого, по ѓаволите, преговараме“, рече Трамп на предизборен митинг во Џорџија, објави Дејли експрес. Трамп повтори дека Иран повеќе нема авиони, нема бродови и нема лидери.

„Лидерот од прво ниво го нема, лидерот од второ ниво го нема“, рече Трамп.

Тој, исто така, ја бранеше својата одлука од 2018 година да ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, постигнат под тогашниот американски претседател Барак Обама, велејќи дека ја донел одлуката во клучно време за да го спречи Техеран да добие нуклеарно оружје.

„Го раскинав еден од најлошите договори што некогаш биле склучени, Заедничкиот сеопфатен план за акција (JCPOA) на Барак Хусеин Обама, познат и како нуклеарен договор со Иран, што доведе до тоа Иран да добие нуклеарно оружје. За среќа, го раскинав токму на време“, тврдеше Трамп.

Тој повтори дека САД го уништиле капацитетот за збогатување ураниум на Иран во воените операции спроведени оваа и минатата година.

„Ги победивме воено, финансиски и на други начини. Мора да се погрижиме тие никогаш, ама баш никогаш да не добијат нуклеарно оружје“, повтори Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет илјади патници уплатиле крстарење на топлите Бахами, а завршиле во студената Канада (ВИДЕО)

Повеќе од 5.000 патници кои очекуваа еднонеделен одмор на сончевите Бахами завршија во студената Канада откако Ројал Карибиан мораше да го пренасочи своето крстарење поради бура. 

Пет илјади патници уплатиле крстарење на топлите Бахами, а завршиле во студената Канада (ВИДЕО)

Бродот „Оаза оф д Сис“ исплови од Њу Џерси на 18 октомври на планирано седумдневно патување, но патниците дури на половина пат дознаа дека пловат кон Халифакс, Нова Шкотска, наместо кон тропските острови, објави CTV.

Неочекуван пресврт

Ненадејниот пресврт значеше дека патниците се пакувале за сосема погрешни температури. Ситуацијата беше влошена од објавата дека нема да им биде дозволено да го напуштат бродот додека е закотвен во пристаништето.

„Мојот сопруг ме праша: „Ова е шега, нели?““, изјави Мари Дурнинг од Њу Џерси за CTV News. „Донесов зимска капа и грејачи за уши, но го заборавив шалот.“

Патниците кои пристигнаа на крстарењето од подалечни земји немаа зимска облека со себе, ниту пак имаа каде да ја земат пред да се качат.

@chelsea_davis21 Bahamas? Canada? Tomato, tomato 🤷🏼‍♀️ #royalcaribbean #Canada #oasisoftheseas #halifax #novascotia ♬ original sound - Chelsea Davis

Разочарување на социјалните мрежи

Актерката Микајла Ајверсон објави видео на Инстаграм снимено на аеродромот Њуарк кратко откако дозна за промената. Во него, таа се пожали на ситуацијата, а видеото стана вирално со 1,4 милиони прегледи.

„Ни беше кажано, по слетувањето во Њуарк, дека нашето семејно крстарење до Бахамите, кое тргнува за само 12 часа, сега оди во Нова Шкотска? И нема да ни биде дозволено да се симнеме од бродот цела недела. @royalcaribbean, немаме облека за тоа“, напиша таа во објавата.

Меѓу патниците имаше и Канаѓани, кои практично беа испратени дома поради промената на рутата. „Многу сум разочаран“, рече Николас Мели од Торонто. Тој и неговото семејство возеа седум часа до Њу Џерси за да се качат на бродот. „Јас сум од Канада и сакав да одам на Бахамите“.

@katymarie923 It was a not so perfect day at cococay. Now it’s just me and my bonine against the seas. #royalcarribean #utopiaoftheseas ♬ Hoist The Colours (A Cappella) - The Wellermen & Eric Hollaway & Big Brev & Ebucs & Luke G. Taylor & Bobby Bass & Jesse Elkins & Davide Dalmonte

Се обидоа да ги обештетат

И покрај сè, дел од патниците решија да го извлечат најдоброто од ситуацијата. „Бидејќи потрошивме многу пари на ова патување, им реков на сите да ги надминат своите фрустрации пред да се качиме на бродот. Откако ќе се качиме на бродот, не сакам повеќе да слушам за тоа“, рече Двејн Хикс од Филаделфија.

„Така се среди, но сум благодарен и ќе се обидам да го извлечам најдоброто од ситуацијата“, додаде Џим Метјуз од Њу Џерси. „Освен тоа, слушнав дека Халифакс е прекрасен град.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер