ФудбалНа нож со крвта на убиениот навивач на АЕК, откриена ДНК на грчки навивач На еден од ножевите што полицијата ги пронашла на местото каде што на средината на август беше убиен навивачот на АЕК Михалис Кацурис, била откриена ДНК на 35-годишен грчки навивач, пренесуваат медиумите во Грција, повикувајќи се на извори од полицијата, јави дописничката на МИА од Атина. Според државната новинска агенција АНА-МПА, по направената анализа на генетскиот материјал бил идентификуван 35-годишен грчки државјанин, кој во петокот пред судија дал исказ за случајот и рекол дека за време на инцидентите со хрватските навивачи носел нож, но го загубил. Уапсениот веќе е во затвор, бидејќи било утврдено дека е веќе осуден на една година затвор и парична казна за вмешаност во друг случај, односно за инцидентите меѓу навивачи за време на финалето од купот на Грција во Волос, во 2017 година. - Како што нагласуваат истите извори, 35-годишниот во наредните денови повторно ќе биде истражен од надлежните, за да се утврди дали бил вмешан во смртоносната повреда на 29-годишниот навивач на АЕК, пишува АНА-МПА. Весникот „Катимерини“ коментира дека последните случувања одново го враќаат во прв план сценариото дека навивачот на АЕК бил повреден до смрт, ненамерно при судир со уапсениот 35-годишен. Михалис Кацурис на 7 август, за време на сериозните инциденти во Атина меѓу навивачите на АЕК и Динамо Загреб беше прободен со нож во пределот на раката и им подлегна на повредите. За инцидентите, беа уапсени над 100 лица, мнозинството од нив хрватски државјани на кои им беше одредена мерка притвор и се наоѓаат во грчките затвори. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканОгромни мршојадци сѐ почесто слетуваат на преполните грчки плажи- туристите преплашени (ВИДЕО)Ова лето, на грчките плажи се појави неочекувана атракција - мршојадци!Социјалните медиуми се полни со видеа од овие прекрасни птици како буквално паѓаат или слетуваат на плажите меѓу туристите. Некои дури и директно на лежалки под чадорите. На некои луѓе можеби им е застрашувачки кога белоглавиот мршојадец, птица со распон на крилјата од повеќе од два метра, ги шири крилјата на плажата, но многу други се воодушевени од овие сцени. Сепак, овој необичен феномен има свое многу јасно научно објаснување. Мршојадците, всушност, страдаат од исцрпеност и дехидрација среде екстремно високи температури, што ги принудува да ги прекинат своите небесни крстарења и да побараат помош од луѓето. Имало и случаи на овие прекрасни птици кои слетуваат на хаубите на автомобили во движење, не можејќи повторно да полетаат. View this post on Instagram A post shared by Korean Zorba (@koreanzorba7) Според организацијата АНИМА, Здружението за заштита и грижа за диви животни, ваквите феномени се особено чести на плажите на Крит оваа година. View this post on Instagram A post shared by Nikana.gr🔹Letovanje u Grčkoj (@nikana.gr) „Низ Крит, граѓаните и туристите се среќаваат со исцрпени и дехидрирани млади мршојадци, понекогаш дури и во морето. Нашите теренски работници им пружаат прва помош и ги испраќаат кај нас со вечерни траекти“, соопшти АНИМА. „На повеќето од нив им е потребна инфузиона терапија, а две птици биле подложени на ортопедска операција.“ „Во текот на последните денови од јули и првите денови од август, повеќе од 20 млади мршојадци од Крит пристигнаа во АНИМА, како и еден од Палеора во Етолија и Акарнанија“, соопшти здружението.Тагови: мршојадци плажи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре пеколно жешко со температура над 40 степени, невреме во недела попладнеУтре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, соопштуваат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС) 24 Попова Шапка, 30 Крушево, Лазарополе, 33 Претор, 34 Берово, Маврови Анови, 35 Охрид, 36 Крива Паланка, Битола, Прилеп, 37 Виница, 38 Тетово, Струмица, Гевгелија, 39 Штип, Кавадарци, Демир Капија, 40 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денеска беше сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Попладнево ќе се задржи сончево и топло со мала до умерена локална облачност која до крајот на денот ќе се намали. Во текот на ноќта ќе преовладува ведро и тивко време. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до 41 степен. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од недела и во следните денови температурата ќе биде во постепено опаѓање. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести43 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МакедонијаДиректорот на ЦУК, Мухамед Али, директно на терен во НикуштакДиректорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, моментално се наоѓа директно на терен во селото Никуштак.Директорот на Центарот за управување со кризи моментално се наоѓа директно на терен во селото Никуштак, каде заедно со екипите на Територијалната противпожарна единица од Куманово и екипите на Национални шуми, активно ги координира мерките и активностите за справување со пожарот. На терен се ангажирани 3 противпожарни возила, а во текот на денот се очекува и воздушна интервенција, во зависност од метеоролошките услови. Директорот Али од терен ја следи состојбата и директно ја координира работата на екипите, со цел навремено локализирање на пожарот, спречување на неговото ширење и заштита на населените места и имотот на граѓаните. Се повикуваат граѓаните на максимална внимателност и претпазливост, да избегнуваат непотребно движење во погодените подрачја и да ги почитуваат упатствата на надлежните институции, соопштуваат од ЦУК.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter