На нив никој не може да им одолее: Жените родени во овој знак имаат неверојатна моќ! - Канал 5

На нив никој не може да им одолее: Жените родени во овој знак имаат неверојатна моќ!

Мажите лудуваат  по нив.

На нив никој не може да им одолее: Жените родени во овој знак имаат неверојатна моќ!

Лесно можете да ја препознаете жената Вага по својата елеганција која зрачи со секое нејзино движење.

Таа е совршено природна и секогаш своја, па токму затоа и со својата грациозност го привлекува погледот на сите мажи околу неа. Доколку и вие сте жена Вага, тогаш треба да знаете нешто многу важно: мажите едноставно полудуваат кога ќе ве запознаат. Вашата женственост, шармантност и заразни насмевки се неодоливи мамки за припадниците на посилниот пол кои можат за само една секундa да ги заробат без тие да знаат што се случило.

Шармот на жените Ваги

Бидете искрени и признајте дека понекогаш го користите вашиот шарм со цел да постигнете некоја цел. Вам доволно ви е само еден поглед со цел да го омекнете секој соговорник. Исто така никогаш не би одговориле агресивно на напад, туку би ја искористиле својата прекрасна енергија за да го смирите разговорот и да се вратите во мирните води. Вие имате граница преку која не дозволувате да ве турнат, па токму затоа се случува и да ги избегнувате примитивните и гласни луѓе кои прават да се чувствуваат лошо во нивна близина.

Вие не сакате да ги наметнувате вашите ставови ниту пак се држите цврсто за нив. Во вас постои силна црта на емпатија и сакате искрено да го сфатите размислувањето на сите околу вас. Ако откриете дека некој размислува различно од вас, вие нема веднаш да ги прогласите за глупави и да се обидете да ги уверите во вашите ставови, туку едноставно ќе размислите дали тие можеби се во право. Да, жените Ваги не се срамат да признаат дека понекогаш грешат и токму оваа карактеристика ги сместува во малцинството.

Љубовниот живот на жените Ваги

Во љубовта тие играат отворени и без скриени карти во нивните ракави, па токму затоа и истото го бараат од својот љубен. Кога вистински сака, таа е спремна да го прави тоа без граници. Но, внимавајте бидејќи не сите луѓе се како вас. Некој лесно би можел да ја прогласи вашата искреност за наивност и да ве повреди.

Вагите најдобро се чувствуваат во долгите врски со цел, многу подобро отколку во минливи авантури кои не водат никаде. Сепак дури и во најцврстите врски имаат потреба од простор за себе. Поради силната смисла за правда, Вагата истата слобода ќе ја дава и на својот партнер. Вагата од партнерот бара тој да биде вистински маж, додека таа ќе биде неговата најголема поддршка. Откако ќе има свои деца, таа ќе биде одлична и грижлива мајка. Но, доколку случајно се појават проблеми, таа може да ја покаже и својата силна страна, бидејќи кога ќе дојдат тешки времиња таа влече од себе сила која дури ни самата не знаела дека ја поседува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“

Денеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“. 

Денеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“

Судскиот процес го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се случи на 16 март 2025 година за време на концерт на групата ДНК. Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, што претставува една од најтешките несреќи во поновата историја на државата,

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МНТ: Награда за режија за Нела Витошевиќ и три признанија за „Змеј“ на меѓународната сцена

Претставата „Змеј“, во режија на Нела Витошевиќ и продукција на Младинско гледалишче од Љубљана (МГЛ), освои три награди на Меѓународниот фестивал „Театар на раскрсница“. 

МНТ: Награда за режија за Нела Витошевиќ и три признанија за „Змеј“ на меѓународната сцена

Жирито, предводено од Ирфан Менсур, ѝ ја додели наградата за најдобра режија на Нела Витошевиќ. Признанието за најдобра сценографија му припадна на Игор Васиљев, а за најдобра костимографија беше наградена Јелена Проковиќ.

Витошевиќ ја истакна важноста на заедничкиот придонес на сите учесници во создавањето на претставата, упатувајќи благодарност до директорката на МГЛ, членовите на жирито, актерскиот ансамбл, како и до авторскиот и техничкиот тим. Таа нагласи дека успехот е резултат на посветеноста и соработката на целата екипа.

Најновата режија на Витошевиќ во нејзиниот матичен театар, Македонскиот народен театар, е претставата „Три сестри“ - современо сценско читање инспирирано од истоименото дело на Чехов, кое наиде на одличен прием кај публиката.

Интересот за претставата го потврдува и исполнетата сала на секоја изведба, позиционирајќи ја како едно од најактуелните остварувања на репертоарот на МНТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба Николоски - Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земји

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ.

Средба Николоски - Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земји

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ, на која беа разгледани билатералните односи меѓу двете земји, како и можностите за унапредување на меѓусебната соработка.

Посебен акцент беше ставен на трговската размена и економската соработка, особено во областа на транспортната политика и инфраструктурното поврзување.

На средбата, министерот ги претстави развојните политики на Владата и плановите за подобрување на инфраструктурната поврзаност во регионот.

Николоски нагласи дека Македонија претставува поволна дестинација за инвестиции и претставува порта за поврзувањето со Централна Европа.

Во таа насока, беше истакнато дека присуството на голем број турски компании кои инвестираат во земјава претставува потврда за развиените пријателски односи меѓу двете држави, како и за потенцијалот за натамошно унапредување на економското партнерство.

Соговорниците ја потврдија важноста на продолжувањето на соработката меѓу Македонија и Турција во повеќе области, со посебен акцент на економијата, поврзувањето на граѓаните и развојот на туризмот.

Во делот на туризмот, беше нагласено дека постојат огромни потенцијали за поврзување меѓу двете земји, со цел поттикнување на туристичките посети и продлабочување на меѓусебните врски.

Средбата претставува можност за зајакнување на партнерството меѓу Македонија и Турција, во интерес на економскиот развој, новите инвестиции и унапредувањето на севкупните билатерални односи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер