На месечината на Сатурн се откриени мориња од течен јагленоводород - Канал 5

На месечината на Сатурн се откриени мориња од течен јагленоводород

Касини, вселенското летало на НАСА кое беше во мисија да го истражува Сатурн и неговите месечини од 2004 година, вклучително и најголемата месечина на Сатурн, Титан, ја заврши својата мисија.

На месечината на Сатурн се откриени мориња од течен јагленоводород

Касини, вселенското летало на НАСА кое беше во мисија да го истражува Сатурн и неговите месечини од 2004 година, вклучително и најголемата месечина на Сатурн, Титан, ја заврши својата мисија со паѓање на површината на Сатурн во 2017 година, меѓутоа, дел од обемната база на податоци собрана во текот на 13 години истражување на Планетарниот систем на Сатурн дури сега се анализира.

Касини собра нови податоци за морињата со течни јаглеводороди на површината на Титан, втората по големина месечина во нашиот Сончев систем и место кое интензивно се проучува во потрага по вонземски живот, пренесува Ројтерс.

Титан е обвиен во портокалова магла и е единственото познато небесно тело покрај Земјата кое има течни мориња на својата површина, иако овие маси се составени од азот и органски соединенија метан и етан, компоненти на природниот гас.

Студијата на НАСА опфати три мориња во близина на северниот пол на Титан: Кракен Маре, кое е најголемо и покрива област слична на Каспиското Море, Лигеја Маре, второто по големина, која е слична по површина на Големите езера во Северна Америка и Пунга, кое е со големина на езерото Викторија во Африка.

Хемискиот состав на овие мориња богати со метан варира во зависност од нивната географска широчина.

Студијата го документирала и степенот и ширењето на брановите на површината на морето, што укажува на активни морски струи, т.н. приливните струи кои се интензивираат во близина на устието на страничните потоци слични на устието на реките и морињата.

Титан, широк 5.150 километри, е вториот по големина сателит на нашиот Сончев систем по Јупитеровиот Ганимед и е поголем од планетата Меркур.

Титан и Земјата се единствените небесни тела во Сончевиот систем каде течноста од облаците паѓа на површината, тече како река, се влева во морињата и езерата на површината и испарува назад во атмосферата каде повторно започнува хидролошкиот процес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Официјално претставен „Tesla Cybercab“, возење само за избраните

Илон Маск официјално претстави спортски двосед без волан во Тексас – „Tesla Cybercab“.

Официјално претставен „Tesla Cybercab“, возење само за избраните

„Cybercab“, кој беше претставен на голем број фанови и влијателни лица на роботски такси, беше додаден на постојните роботски такси на „Tesla“, кои досега се состоеја од теренски возила и „Model Y“, објавува Ројтерс.

Златниот „Cybercab“, со врати што се отвораат нагоре, ја симболизира стратегијата на Илон Маск, кој ја фокусираше иднината на целата компанија на софтвер за автономно возење и роботика.

Неговиот пристап ја зголеми вредноста на акциите на компанијата на 1,4 трилиони долари (1,20 трилиони евра), што е повеќе од вкупната вредност на неколку од водечките светски производители на автомобили.

Само неколку часа по презентацијата во Остин, Националната администрација за безбедност на сообраќајот на автопатиштата на САД (NHTSA) објави дека ќе започне ревизија на околу 1.000 вакви возила, така што не секој ќе може да се вози на почетокот.

Целта е да се утврди како „Tesla“ заклучила дека возилата се во согласност со федералните безбедносни прописи.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседатeлката Гордана Сиљановска-Давкова во Вила Водно прими талентирани ученици добитници на медали и награди

Сиљановска-Давкова  во Вила Водно прими талентирани ученици со нивните ментори од основните и средните училишта.

Претседатeлката Гордана Сиљановска-Давкова  во Вила Водно прими талентирани ученици добитници на медали и награди

По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35 годишнината од независноста, претседатeлката Гордана Сиљановска-Давкова во Вила Водно прими талентирани ученици со нивните ментори од основните и средните училишта кои во учебната 2025/2026 година учествуваа на меѓународни научни олимпијади и натпревари, а дел од нив се и добитници на медали, високи награди и признанија. На средбата присуствуваше и министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 8 жртва од западнонилска треска, 8 недели нема извештај за водата во Гостивар

Уште еден човечки живот е загубен од западнонилска треска. Бројот на починати се искачи на осум.

СДСМ: 8 жртва од западнонилска треска, 8 недели нема извештај за водата во Гостивар

Осум жртви од западнонилска треска и осум недели без извештај за водата во Гостивар.

Две здравствени кризи, ист модел на однесување на власта на Мицкоски и Клековски: задоцнета реакција, институционален хаос, молк и никаква одговорност.

СДСМ со недели предупредуваше дека власта задоцни со превенцијата од западнонилската треска. Задоцни со прскањето против комарци, задоцни со системските мерки и со навремената заштита на граѓаните.

Бројот на заболени и починати расте, а одговорност нема.

Истото се случи и со здравствената криза во Гостивар.

Околу 5.000 граѓани побараа медицинска помош, а осум недели подоцна јавноста сè уште го нема целосниот извештај за водата.

Што кријат Мицкоски и Клековски осум недели?

Цената на нефункционалниот систем ја плаќаат граѓаните – со своето здравје, а за жал и со своите животи.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер