На Месечината има доволно кислород за луѓето да преживеат во наредните 100.000 години - Канал 5

На Месечината има доволно кислород за луѓето да преживеат во наредните 100.000 години

Во последно време се направени големи напори за развој на нови технологии погодни за искористување на вселенските ресурси, особено за „вадење“кислород; суштински гас за да се создаде основа на Месечината.

На Месечината има доволно кислород за луѓето да преживеат во наредните 100.000 години

Во октомври, Австралиската вселенска агенција и НАСА потпишале договор за испраќање ровер на Месечината во рамките на програмата Артемис, со цел да се соберат карпи од кои кислородот потребен за дишење, би можел да се извлекува преку одредени процеси.

Можеби на многумина не им е познато, но на Месечината постои атмосфера. Но, таа е многу ретка и се состои главно од водород, неон и аргон; што во никој случај не е погодно за опстанок на цицачите како луѓето.

Но, тоа не значи дека нема кислород на Месечината; едноставно не е во гасовита форма. Може да се најде во реголит - слој од карпи и ситна прашина што ја покрива површината на Месечината.

Кислородот може да се најде во многу минерали на Земјата. Самата Месечина претежно се состои од истите карпи што ги наоѓаме на нашата планета, пишува научникот Џон Грант од Southern Cross University за Conversation.

Во лунарниот пејзаж доминираат минерали како силициум диоксид, алуминиум и железо и магнезиум оксид. Сите овие минерали содржат кислород, само што не може да се вдишува во неговата оригинална форма.

На Месечината овие минерали постојат во различни форми; како камења, прашина, чакал и карпи. Месечевиот реголит се состои од приближно 45 проценти кислород, но тој е цврсто врзан за споменатите минерали. За да се прекинат тие силни врски, треба да се вложи многу енергија и да се искористи процесот на електролиза.

Електролизата често се користи во индустријата на Земјата. На пример, во производството на алуминиум. Електрична струја се пренесува низ течниот алуминиум за да се оддели алуминиумот од кислородот во процесот. Во овој случај, кислородот е нуспроизвод. На Месечината, кислородот би бил главниот производ, а извлечениот алуминиум (или друг метал) потенцијално корисен нуспроизвод.

Тоа е прилично едноставен процес, но има проблем - потребно е многу енергија.

Потребна е и индустриска опрема за извлекување на кислород од реголитот. Постои технологијата за ова на Земјата, но вистинскиот предизвик ќе биде да се пренесе таква фабрика на Месечината и да се создаде доволно енергија за да почне со работа.

Секој кубен метар лунарен реголит содржи во просек 1,4 тони минерали, вклучувајќи околу 630 килограми кислород. НАСА наведува дека едно лице вдишува околу 800 грама кислород дневно. Значи, тие 630 килограми кислород би биле доволни за еден човек на Месечината да преживее околу две години.

Ако претпоставиме дека просечната длабочина на реголитот на Месечината е околу 10 метри и дека може да се извлече целиот кислород од него, тоа значи дека горните 10 метри од површината на Месечината би можеле да обезбедат доволно кислород за сите осум милијарди луѓе на Земјата да преживеат 100.000 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Нов инфраструктурен проект во Гази Баба преку владината програма за поддршка на општините

Изјава за медиуми на претседателот на Владата, Мицкоски од посетата на Општина Гази Баба.

Мицкоски: Нов инфраструктурен проект во Гази Баба преку владината програма за поддршка на општините

„Добар ден и од мене. Јас сум исклучително задоволен што можам да присуствувам на почеток на уште еден проект којшто е финансиран од онаа програма којашто ја имавме од Владата за децентрализација на средства од централниот буџет кон општините. Важно е што со овој проект речиси ова населено место ќе добие канализација онака како што треба да има во 21 век и јас сум навистина среќен што можам ваков тип на проекти коишто додаваат квалитет во животот на луѓето да ги отпочнуваме заедно со градоначалниците и заедно да ги пуштаме во употреба со граѓаните.

Би сакал да ја искористам оваа прилика да му честитам на градоначалникот за посветената работа којашто ја врши овде во Општина Гази Баба, да се заблагодарам на поддршката на советниците кои ја поддржуваат неговата работа, се разбира и на вработените во општината коишто ја подготвуваат оваа документација којашто е неопходна за изработка на ваков тип на проекти. Да се заблагодарам на пратениците од Македонското собрание коишто се борат за проект повеќе за Општина Гази Баба.

Добро е што веќе размислуваат градоначалниците и проектираат нови проекти за следниот повик кога ќе биде отприлика некаде втората половина од следната година, за да можеме и од тој повик постепено да реализираме проекти.

Така што јас уште еднаш сакам од овде да ги поздравам реализирањето на вакви проекти и да посакам уште многу вакви проекти во периодот којшто следи да реализираме, бидејќи суштината е таа, на една влада и на една локална самоуправа да испорача во рамките на можностите, некогаш и повеќе, како што тоа и ние го правиме од можностите коишто ги имаме да реализираме за граѓаните.

Уште еднаш благодарам и благодарност до медиумите што нè следите во сите овие иницијативи.“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чистка во Пекинг: Исклучени 33 члена од Комунистичката партија

На Петтиот пленум на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина, 33 члена беа исклучени од партијата, откако истрагите покажаа дека тие извршиле сериозни прекршувања на дисциплината и законот.

Чистка во Пекинг: Исклучени 33 члена од Комунистичката партија

На состанокот, кој се одржува секоја година, присуствуваа 279 полноправни членови, а со него претседаваше кинескиот претседател Си Џинпинг. Тој поднесе извештај за работата на Партијата и за прашања поврзани со подобрување на партиското управување, пренесува „China Radio International“.

Меѓу исклучените се поранешниот генерал Џанг Јусија и поранешниот секретар на Партијата во Ксинџијанг, Ма Сингруи, двајцата претходно беа обвинети за корупција.

Исто така, се наведува дека Пленумот ја повикал Комунистичката партија уште поцврсто да се обедини околу Централниот комитет – на чие чело е Си Џинпинг – да се посвети на доброто управување и зајакнувањето на државата, како и да го унапреди сеопфатното и строго партиско управување.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жерновски: Дали Скопје станува станица за трансфер на црни пари на Вучиќ до Москва преку Алта банка?

„Не зборува за криминалот, за криминалните пари и за тоа кој овозможи Алта банка да влезе и кои сега овозможуваат пари да се трансферираат од Белград до Скопје и преку Скопје до Москва“, рече Жерновски.

Жерновски: Дали Скопје станува станица за трансфер на црни пари на Вучиќ до Москва преку Алта банка?

Андреј Жерновски, Секретар за меѓународна соработка и член на Извршниот одбор на СДСМ, на денешната прес-конференција побара итни одговори од премиерот Христијан Мицкоски, гувернерот Трајко Славески и Обвинителството за информациите за трансфери на пари преку Алта банка од Србија во Македонија. Тој го отвори прашањето дали Скопје станува станица за натамошен трансфер на пари кон Москва.

„Не зборува за криминалот, за криминалните пари и за тоа кој овозможи Алта банка да влезе и кои сега овозможуваат пари да се трансферираат од Белград до Скопје и преку Скопје до Москва“, рече Жерновски.

Тој посочи дека, според информациите на кои се повикува СДСМ, станува збор за трансфери од над 50 милиони евра, за кои премиерот и гувернерот треба да дадат одговори пред јавноста.

„Верувале или не, според последните информации коишто доаѓаат од соседна Србија, од централата на Алта банка во Белград се префрлаат фрапантни над 50 милиони евра во Алта банка Македонија“, истакна Жерновски.

Според него, Мицкоски и Славески се најповикани да објаснат што се случува, поради нивната улога во влезот на банката во државата.

„Да не заборавиме дека влезот на Алта банка во Македонија е со знаење, со одобрување и со одлука токму на Мицкоски и на Трајко Славески и затоа тие се најповикани да одговорат што се случува денеска, бидејќи одговорот на тоа прашање го очекуваат не само нашите граѓани, туку го очекуваат сите и во регионот. Но тука упорно се молчи“, нагласи тој.

Жерновски соопшти и дека до СДСМ пристигнале информации од свиркачи за притисоци врз институции, вработени и компании што добиваат тендери да работат преку Алта банка.

„Во меѓувреме, ова е крајно сериозен податок: преку свиркачи, СДСМ дојде до информација дека наназад, по влезот на Алта банка во Македонија, институциите во Македонија, вработените во тие институции и компаниите коишто добиваат тендери се терани усно да работат преку Алта банка“, рече Жерновски.

Тој предупреди на сериозноста на овие наводи и побара институциите да престанат да молчат.

„Гледаме молк, што е исто така многу страшно, и од гувернерот Трајко Славески. Гледаме молк и од обвинителството и затоа денешната прес-конференција е крајно сериозна“, посочи Жерновски.

На крајот, тој порача дека избегнувањето одговори нема да ги затвори отворените прашања.

„Стратегијата на Мицкоски е јасна. Тој молчи затоа што мисли на тој начин дека ќе помине сето ова, секое чудо за три дена и така натаму“, рече Жерновски, додавајќи: „Така што, му сугерираме да не молчи, туку веднаш да излезе пред граѓаните и да каже за потеклото на овие криминални пари.“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер