На Месечината е пронајдена вода што потекнува од Сонцето - Канал 5

На Месечината е пронајдена вода што потекнува од Сонцето

Новата анализа на прашина од Месечината покажала дека дел од водата на нејзината површина можеби доаѓа од Сонцето.

На Месечината е пронајдена вода што потекнува од Сонцето

Поточно, дека е создадена откако водородните јони од сончевиот ветер ја опсипувале површината на Месечината, реагирале со минералните оксиди и се поврзале со кислородот.

Последица на овој процес е значително количество вода што може да се сокрие во лунарниот реголит на одредени географски широчини. Ова откритие може да помогне во разбирањето на потеклото и дистрибуцијата на водата на Месечината, па дури може да биде релевантно за нашето разбирање за потеклото на водата на Земјата, пишува Science Alert.

Иако Месечината изгледа како сува топка полна со прашина, неодамнешните студии покажаа дека таму има многу повеќе вода отколку што се мислеше. Се разбира, не можеме да го видиме како овде на Земјата; како се бранува во езерата или морињата, затоа што се крие во лунарниот реголит, во кратери кои се секогаш под сенка и во топчиња од вулканско стакло.

Ова природно води до многу прашања. Колку вода има точно таму? Како се дистрибуира? Некој дел би можел да пристигне по удар на астероид, дел од Земјата, а дел од космички „дождовни облаци“.

Сепак, Сонцето не е баш полно со влага, но неговиот ветер е добар извор на водородни јони. Геохемичарите Јучен Ксу и Хенг-Ци Тиан од Кинеската академија на науките пронашле докази во примероците вратени од мисијата Chang'e-5 што ја поддржуваат тезата дека сончевиот ветер може да биде еден од изворите на вода на Месечината.

Проучиле 17 примероци: 7 оливин, 1 пироксен, 4 плагиоклаза и 5 стакло. Тоа биле примероци кои, за разлика од оние земени од мисиите Аполо и Луна, беа собрани од областа на Месечината со средна географска ширина.

Со помош на спектроскопија, тие го проучувале хемискиот состав на рабовите на тие зрна и откриле во повеќето од нив многу висока концентрација на водород (од 1.116 до 2.516 делови на милион) и многу ниски соодноси на изотопи на деутериум и водород.

Овие соодноси се конзистентни со односот на овие елементи во сончевиот ветер, што сугерира дека сончевиот ветер депонирал водород на површината на Месечината. Моделот заснован на овие наоди сугерира дека поларните региони на Месечината би можеле да бидат многу побогати со вода произведена од сончевиот ветер - информации кои би можеле да бидат многу корисни во планирањето на идните мисии за истражување на Месечината.

„Ова откритие е од големо значење за идната употреба на водните ресурси на Месечината. Исто така, преку сортирање и загревање на честичките, релативно е лесно да се користи водата што се наоѓа во лунарната почва“, вели хемичарот Јангтинг Лин од кинеската Академија на науките.

Истражувањето со наслов High abundance of solar wind-derived water in lunar soils from the middle latitude е објавено во списанието PNAS.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Угинати риби во реката Треска, анализите треба да ги утврдат причините за поморот

Мртви риби во водите на Треска – сцена што предизвика загриженост и го вклучи алармот кај риболовците.

Угинати риби во реката Треска, анализите треба да ги утврдат причините за поморот

Од Спортско-риболовното здружение „Хантер Фиш“ за Канал 5 велат дека поморот е забележан кај селото Староец, каде што е констатирано угинување на поголемо количество риба. За случајот, велат, веќе се известени сите надлежни институции.

Од здружението велат дека на местото биле затекнати голем број угинати риби, меѓу кои и македонска пастрмка – вид по кој е препознатлива реката Треска.

Според нив, состојбата на терен јасно укажува дека дефинитивно има загадување на водата, а за да се утврди причината, стручно лице од областа на сточарството и рибарството веќе земало примероци од водата за анализа.

Од Државниот инспекторат за животна средина велат дека ја следат состојбата. Директорката за Канал 5 потврди дека нивни инспектори веќе излегле на терен, а сега се очекува извештајот кој треба да даде повеќе информации за состојбата и што довело до поморот на рибите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На 30-ти септември ќе биде презентирана новата стратегија на ЕУ проширувањето, Фон Дер Лајен во октомври доаѓа во Македонија

Фокусот на Брисел со новата стратегија за проширувањње е таканаречената постепена интеграција за земјите кандидатки, кои до полноправно членство, ќе користат одредени бенефиции.

На 30-ти септември ќе биде презентирана новата стратегија на ЕУ проширувањето, Фон Дер Лајен во октомври доаѓа во Македонија

На 30-ти септември еврокомесарката Марта Кос ќе го презентира документот во кој ќе биде опфатена новата стратегија за проширување, а веднаш потоа претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, ќе допатува во посета на регионот и Македонија, најави денеска евроамбасадорот Михалис Рокас. Тој е оптимист дека нејзината посета ќе помогне да се откочи процесот за македонските евроинтеграции. Повеќе детали околу можните решенија не откри, но кажа дека макотрпно се работи за отворање на пристапните преговори во ЕУ.

-Како што беше напоменато од многумина изминативе месеци, работиме на тоа многу посветено. Јас се надевам дека наскоро ќе имаме регионалната посета на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен на земјите од Западен Балкан за две до три недели и се надевам дека оваа посета ќе биде уште еден одлучувачки чекор во однос на отворањето на пристапните преговори за државата.... Дали имате некои информации за уставни измени со одложено дејство со цел да се одблокира процесот? - Не можам да споделам детали во јавноста, но работиме макотрпно уште откако дојдов во земјава, изјави Рокас.

Во меѓувреме берлинскиот портал „Table media “ објави дека имале увид во предлогот за реформа на процесот на проширување на ЕУ. Според нацртот, по приемот, новите членки во ЕУ треба да се откажат од правото на вето на одлуките донесени со консензус во Унијата, а постои и можност да им бидат одбиени финансиски средства доколку назадуваат во областа на владеењето на правото или ги загрозат интересите на Унијата. Дел од реформата се и дополнителни механизми за заштита што би се применувале за новите членки на ЕУ кои покажуваат сериозно назадување. Во нацрт-законот за реформи, се предвидува можност ЕК да предложи новата членка на ЕУ привремено да биде суспендирана од донесување одлуки во Европскиот совет и Советот на ЕУ, односно конкретно е наведено дека правото на глас ќе биде одземено, пишува „Table media “.

Фокусот на Брисел со новата стратегија за проширувањње е таканаречената постепена интеграција за земјите кандидатки, кои до полноправно членство, ќе користат одредени бенефиции, како пристап до дел од единствениот пазар, финансиски инструменти, енергетскиот систем и други механизми, во зависност од напредокот во реформите.

Но, за Македонија воопшто да ги почне преговорите, услов остануваат уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во Уставот. Во однос на ова, ставот на македонската Влада е дека тие ќе се направат само доколку има предвидливост во процесот без можност за нови билатерлани блокади, и доколку Бугарија ги спроведе пресудите од судот во Стразбур со кои на Македонците таму ќе им се овозможи здружување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одбраната на Дејан Јованов, првообвинет за „Пулс“ ќе поднесе гаранција во имот, му истекува едногодишниот притвор

Одбраната на Дејан Јованов Деко,  првообвинетиот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, најави дека оваа недела ќе поднесе гаранција во имот за определување мерки на претпазливост, бидејќи на 3 октомври му истекува едногодишниот притвор.&n

Одбраната на Дејан Јованов, првообвинет за „Пулс“ ќе поднесе гаранција во имот, му истекува едногодишниот притвор

Адвокатката Ивана Коцевска на денешното рочиште побара дозвола од Судот нотар да го посети Јованов во притвор за да се завери изјава за согласност за оптоварување на имотот што ќе биде понуден како гаранција.

– Заради поголема сигурност и на судот и на јавноста дека ќе биде обезбеден во понатамошниот тек на оваа постапка одбраната спрема да предложи гаранција со која што ќе се даде поголема сигурност, и самото тоа да не се дозволи, бидејќи јас навистина добивам впечаток дека тој притисок да се најде било што за притворот да се продолжи...Тука притворот по сила на законот не може да продолжи, тука одбраната не е виновна за тоа, така предвидува законот,-изјави Ивана Коцевска, адвокат на првообвинетиот Дејан Јовановски.

Рочиштето во Идризово продолжи со испрашување на градежните вештаци, а во меѓувреме денеска поради неприсуство на сведоците се одложи судскиот процес против полициски службениците за пожарот во Пулс. Родителите на жртвите и денеска изразија незадоволство од новото одложување на ова рочиште и порачаа дека од среда повторно ќе продолжат протестите на кои ќе бараат правда за нивните најблиски.

–Немаше ниту еден сведок, рочиштето се одложи, ние му препорачуваме на судот и покрај тоа што не се дојдени сведоците уредно да ги поканат, да ги повикат, да контактираат со сведоците, зошто не се дојдени, да ги известат, затоа што ние губиме време, губиме живци. (до 44 сек) (од 3.43) – Во среда ќе имаме и марш, во среда е и одина и пол од убиството, не е смрт, тоа е убиство на нашите деца и ќе организираме марш и ги замолувам сите граѓани на град Кочани поготово, па и пошироко, доколку се во можност да дојдат да ни дадат поддршка за ова никогаш повеќе да не се повтори во оваа држава,-изјави Драги Стојанов, татко на починатиот Тончи Стојанов.

Освен правна разврска, по 18 месеци од трагедијата во Собранието се уште не е формирана ниту Анкетната комисија која треба да утврдува евентулни пропусти кај инситуциите. Пробелмот е што партиите се уште немаат делегирано членови. Досега едиснтвено заседаваше Постојаната комисија за човекови права, но и таа заврши без никакви заклучоци.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер