На Мерцедес не му треба помош од државата

За разлика од повеќето други производители, во Мерцедес мислат дека можат сами да се справат со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус.

Коронавирусот успеа во она што не можеше ништо друго. Светот скоро запре, а автомобилската индустрија тоа многу силно го почувствува . Покрај фабриките што го прекинуваат производството на неделна основа, беа нарушени и други врски во ланецот, особено оние на добавувачите и испораките. Побарувачката е исто така пониска, а државните алатки за пандемија директно се спротивставуваат на можноста за пласирање на ваквите производи.

Но, ако Мерцедес се прашува, не е сè така црно. Шефот на Мерцедес, Ола Колениус, потврди за германскиот весник „Ханделсблат“ дека компанијата засега добро работи: „На Дејмлер не му е потребна државна помош во моментов. Општо земено, во индустријата имаше многу добри нарачки пред кризата“.

Неверојатно, добавувачите на Mercedes се исто така во добра ситуација . „Ние сме во постојан контакт со нашите добавувачи. Досега немаше проблем со ликвидноста“, објаснува Колениус.

Дополнителен плус за Мерцедес е повторното отворање на кинеските постројки, но и лесното закрепнување на кинескиот пазар. Таму, побарувачката е повторно голема, а бизнисот се нормализира. „Повеќето салони се отворени и клиентите полека се враќаат. Се повеќе луѓе се во салоните и побарувачката се зголемува, што нè прави оптимисти“, потврди шефот на Мерцедес.

притисни ентер