ТехнологијаНа Марс се снимени чудни структури како кули (ФОТО)Роверот Curiosity откри на Марс многу интересна карпеста формација која се издвојува од вообичаениот пејзаж на Црвената планета.Меѓу песокот и камењата во кратерот Гејл, тој фотографирал неколку искривени камени кули. Овие седиментни шила изгледаат како замрзнати струи на вода истурени од некоја невидлива стомна на небото, пишува Science Alert. Научниците веруваат дека станува збор за материјал сличен на цемент кој некогаш ги исполнувал пукнатините на древните карпи. Како што карпата постепено еродира, структурите од компактен материјал останале позади. #PPOD: Here is another cool rock at Gale crater on Mars! The spikes are most likely the cemented fillings of ancient fractures in a sedimentary rock. The rest of the rock was made of softer material and was eroded away. 📷: @NASA @NASAJPL @Caltech #MSSS fredk, acquired on May 17. pic.twitter.com/RGfjmRBfI7 — The SETI Institute (@SETIInstitute) May 26, 2022 Кјуриосити ги сними овие камени градби на 17 мај. Колку и да изгледаат необично, слични објекти можат да се најдат и на Земјата. Геолозите обично ги нарекуваат таквите високи „кули“ настанати по ерозија на карпите „hoodoo“. Често ги среќаваме во суви области, како што е кањонот Јута, а самите камени столбови понекогаш можат да достигнат висина на зграда од десет ката. „Кулите“ на Марс, сепак, изгледаат многу нестабилно во споредба со „кулите“ што ги наоѓаме на нашата планета. Но, нивното постоење покажува како би можеле да изгледаат древните услови на Црвената планета. Имено, експертите веруваат дека кратерот Гејл во дамнешно минато всушност бил коритото на езерото. Иако овој кратер не е целосно рамен, овие чудни карпести „кули“ се издвојуваат од останатиот дел од околината. Нивната висина засега не е позната.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаШокантен инцидент во Италија: Ученик избоде наставничкаСе обидел да го пренесува нападот во живо на социјалните мрежи.Според неименувани извори, ученик во средно училиште во римската населба Ченточеле денес испрскал наставничка во лицето со спреј-бибер, а потоа ја избодел. Наставничката добила итна медицинска помош. Иако нејзиниот живот не е во опасност, таа претрпела шок, наведуваат изворите, а пренесува агенцијата „ANSA“. 🔵#Roma Un 13enne ha accoltellato una insegnante, dopo averle spruzzato uno spray urticante. Il ragazzino avrebbe tentato di filmare la scena attraverso una videochiamata in diretta. A fermare l’aggressione un compagno di classe. pic.twitter.com/yXVh1Ab4d0 — Rai Radio1 (@Radio1Rai) September 18, 2026 Напаѓачот, 13-годишно момче, се обидел да го пренесува нападот во живо преку својот мобилен телефон, користејќи ја апликацијата „Телеграм“. Според изворите, друг ученик го спречил нападот. Извор: Б92Тагови: Италија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаО. Карпош: „Шарен детски свет“ ќе го краси дворниот ѕид на градинката „Орце Николов“ во Карпош 4Во детската градинка „Орце Николов“ во Карпош 4 започна изработката на муралот „Шарен детски свет“, со кој просторот наменет за најмладите ќе добие нов, креативен и весел изглед. Автор на муралот е уметникот Драган Китановски – Драш, кој преку својата уметност ќе го збогати просторот каде што секојдневно растат, играат и учат најмладите жители на Карпош. Во реализацијата на иницијативата денеска се приклучи и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој на ѕидот ќе остави свој личен белег преку сопствена креација посветена на децата. Муралот има за цел да внесе повеќе боја, креативност и позитивна енергија во просторот на градинката, создавајќи пријатна и инспиративна средина за најмладите. Општина Карпош продолжува со иницијативи за разубавување на јавните и детските простори, создавајќи средина во која децата растат со повеќе боја, креативност и радост.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Забава„Звуците на културата во Ѓорче 2026“ вечерва со богата програма за сите генерацииПо досегашната програма исполнета со мјузикл, хип-хоп фестивал, театарска претстава, кино-проекции и содржини за најмладите, „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“ продолжуваат вечерва со нови настани во рамките на „Звуците на културата во Ѓорче 2026.Програмата ќе се одвива на Корзото, кај амфитеатарот и во Реонскиот парк, со музика, улични изведби, балет, хорско пеење, базар и детски работилници за посетители од различни генерации. Вечерва, на 18 септември, програмата на Корзото и кај амфитеатарот започнува во 18:00 часот со „Баскерфест“. Во 18:30 часот ќе настапи „Ребис“ – балетско студио, а во 19:00 часот хорот „Фрида“. Во рамките на „На Базар“, посетителите ќе можат да разгледаат што нудат поставените штандови, додека за најмладите ќе бидат организирани детски работилници. Музичката програма на „Октоберфест“ ќе се одржи во Реонскиот парк. Во 20:00 часот ќе настапат „Суперхикс“, во 21:30 часот „Пауза за ракија“, а вечерта ќе ја заокружи DJ Галоски, со настап од 23:00 часот. Програмата продолжува и во сабота, на 19 септември, во Реонскиот парк. The Crew ќе настапат во 19:00 часот, по што во 21:00 часот следува концертот на „Ареа“. Во 22:30 часот ќе настапат „Куку Леле“, а програмата ќе ја затворат трубачите „Левис“, со почеток во 23:30 часот. Преку различните културни и музички содржини, „Звуците на културата во Ѓорче 2026“ ја збогатуваат програмата на „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“ и создаваат простор за дружење и забава за сите генерации. Настаните се во организација на Општина Ѓорче Петров.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook