Димитриеска-Кочоска на средби со претставници на Светска банка и ИФЦ: Потврдена поддршката за реформите и развојните приоритети на државата
2Димитриеска-Кочоска на средби со претставници на Светска банка и ИФЦ: Потврдена поддршката за реформите и развојните приоритети на државата
БалканНа Косово ќе се одржат вонредни избори, владата на Хоти е неуставнаУставниот суд на Косово пресуди дека изборите на владата на Авдулах Хоти на 3 јуни биле неуставни затоа што за неа гласал пратеник претходно осуден на казна затвор, со што Косово се доведе пред предвремени парламентарни избори.Според косовските медиуми, Уставниот суд на Косово пресудил дека гласањето на пратеникот Етем Арифи за потврда на избор на владата во парламентот е неуставно, со оглед на тоа што Арифи тогаш имал правосилна пресуда за стореното дело, а неговиот глас бил клучен за формирањето на владата на премиерот Хоти. Според извештајот на Радио Слободна Европа, повикувајќи се на изјава на Централната изборна комисија на Косово, Арифи го криел фактот дека е осуден и се кандидирал на парламентарните избори на 6-ти октомври, иако законот не го дозволувал тоа. Уставниот суд, имајќи предвид дека владата не е избрана според Уставот, објавил дека претседателот на Косово распишува избори, кои треба да се одржат најдоцна во рок од 40 дена од денот на распишувањето. Информацијата за одлуката на Уставниот суд ја потврди вчера вечер на Твитер амбасадорката на САД Косово, Валора Читаку, а таа исто така напишала дека вонредните парламентарни избори ќе се одржат во рок од 40 дена. Актуелната влада ќе остане на функцијата до изборот на новата косовска влада. Владата на Хоти беше формирана по соборувањето на владата на Албин Курти, по барање на Демократскиот сојуз на Хоти, кој беше коалициски партнер на Курти. Токму Курти се жалел до Уставниот суд, барајќи негово мислење дали владата на Хоти е избрана легално.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПоплави во Грција: Атика, Евија, Скијатос и Родос – затворени патишта и забрана за пловидба Во Евија имаше прекини во сообраќајот на патиштата, додека на Скијатос, надојдените води ги поплавија улиците и продавниците и однесоа автомобили.Големи поплави, проблеми со сообраќајот, паднати дрвја и прекини во снабдувањето со електрична енергија се предизвикани од лошото време што ја погодува земјата од вчера, со обилни врнежи од дожд и силни ветрови што главно ги погодуваат Атика, Евија, Скијатос и Родос . Во Евија имаше прекини во сообраќајот на патиштата, додека на Скијатос, надојдените води ги поплавија улиците и продавниците и однесоа автомобили. Метеоролошката служба го ажурираше билтенот за вонредни состојби за опасни временски феномени, со осум области во Родос, Евија и Скијатос, со препораки до граѓаните да ги ограничат своите движења и да ги следат упатствата на властите. Во исто време, училиштата остануваат затворени во Скијатос, Скопелос, Кикладите. Забрана за пловидба е воведена во Пиреја и Лаврио, а ситуацијата се преиспитува во зависност од еволуцијата на временските услови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска на средби со претставници на Светска банка и ИФЦ: Потврдена поддршката за реформите и развојните приоритети на државатаСветската банка останува еден од значајните развојни партнери на Македонија, обезбедувајќи финансиска и експертска поддршка за спроведување на реформите и реализација на проекти во повеќе области.Во рамки на Годишните средби на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд кои оваа година се одржуваат во Бангкок, Тајланд, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари средби со регионалната потпретседателка на Светската банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, потпретседателот на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) за Европа, Латинска Америка и Карибите, Алфонсо Гарсија Мора, и извршниот директор на Светската банка за Конституенцата во која членува Македонија, Јуџин Ругенат. На средбите беше разговарано за досегашната соработка со овие меѓународни финансиски институции, тековните активности и проектите што се реализираат во земјата, како и можностите за натамошно унапредување на партнерството во поддршка на реформите и развојните приоритети на државата. Светската банка останува еден од значајните развојни партнери на Македонија, обезбедувајќи финансиска и експертска поддршка за спроведување на реформите и реализација на проекти во повеќе области. Тековното портфолио опфаќа активности насочени кон унапредување на јавните финансии, модернизација на инфраструктурата, енергетска ефикасност, образование, социјална заштита и земјоделство. Во разговорите беше истакната и важноста на соработката со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) во насока на поттикнување на приватните инвестиции, подобрување на деловното опкружување, поддршка на зелената транзиција и зголемување на конкурентноста на домашната економија. Посебно внимание беше посветено на реализацијата на Рамката за партнерство со Светската банка за периодот 2024–2028 година, која предвидува значителна финансиска и техничка поддршка за земјата која е во износ од околу 700 милиони долари. Во таа насока, акцентот беше ставен на забрзување на реализацијата на проектите, поефикасно користење на расположливите средства и постигнување конкретни резултати за граѓаните и економијата. На средбите беше разговарано и за можностите за поддршка на нови стратешки инвестиции, како и за унапредување на соработката во областите што се значајни за економскиот раст, конкурентноста на приватниот сектор и подобрувањето на квалитетот на јавните услуги. Министерката Димитриеска-Кочоска истакна дека Владата останува посветена на спроведувањето на реформите, одржувањето на макроекономската стабилност и унапредувањето на управувањето со јавните финансии. Партнерството со меѓународните финансиски институции има важна улога во реализацијата на развојните приоритети и стратешките инвестиции што треба да придонесат за долгорочен и одржлив економски раст. Претставниците на Светска банка ја поздравија определбата на Владата за продолжување на реформите и ја потврдија подготвеноста на институцијата и во наредниот период да обезбедува експертска и финансиска поддршка за остварување на развојните приоритети на земјата. На средбата покрај министерката присуствуваше и гувернерот на Народната банка Трајко Славески.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКомисијата за избори и именувања ќе ги интервјуира тројцата кандидати за член на Судскиот советСобраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе спроведе интервју на кандидатите кои ги исполнуваат условите по одлуката за објавување на јавен оглас за избор на член на Судскиот совет на Македонија.Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе спроведе интервју на кандидатите кои ги исполнуваат условите по одлуката за објавување на јавен оглас за избор на член на Судскиот совет на Македонија што го избира македонското собрание. На огласот биле пријавени четворица кандидати, а тројца ги исполнувале условите по проверката на нивните документи. Интервјуа ќе бидат спроведени со Емилија Алексовска, адвокат од Куманово, Џоко Диков, адвокат од Струмица и Фадил Џелили, адвокат од Гостивар. Претходниот оглас за избор на член на Судскиот совет што го избира собранието беше поништен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00