На Клиниката за трауматологија презентиран најмодерен робот за операции на ‘рбет и мозок - Канал 5

На Клиниката за трауматологија презентиран најмодерен робот за операции на ‘рбет и мозок

Пристигна технологија која веќе го менува начинот на кој се изведуваат операции низ светот. 

На Клиниката за трауматологија презентиран најмодерен робот за операции на ‘рбет и мозок

Станува збор за ExcelsiusGPS™️ – првиот и единствен роботски навигациски систем во светот што овозможува хируршки зафати на ‘рбетниот столб и на мозокот со неверојатна прецизност и сигурност. Оваа напредна технологија ја носи водечки производител на медицински уреди, Глобус Медикал со цел да го модернизира здравствениот систем и да понуди врвна нега за пациентите во државава. Роботот се користи во водечки болници низ САД, Европа и Азија и сега по првпат е достапен и во регионот.

Првиот и единствен роботски навигациски систем, чија презентација се одржа денеска на Клиниката за трауматологија под раководство на д-р Игор Мерџаноски, комбинира навигација во реално време со роботска рака која на хирургот му овозможува точно и безбедно поставување на импланти и инструменти. Тоа значи минимална можност за грешка, побрзо заздравување, пократок престој во болница и значително намалување на болката кај пациентите.

Воведувањето на првиот и единствен роботски навигациски систем во македонските болници би бил голем чекор напред за нашето здравство. Оваа технологија не само што им помага на лекарите да работат побрзо и попрецизно, туку и го подигнува нивото на нега кое го добиваат пациентите.

Водечкиот производител на медицински уреди е отворен за соработка со државни и приватни болници, медицински факултети и институции во државава. Ќе се организираат бесплатни обуки за хирурзи и медицински персонал, како и јавни презентации за граѓаните за да се запознаат со придобивките од оваа технологија.

Првиот и единствен роботски навигациски систем претставува ново поглавје во македонската медицина, а пациентите во државава ќе добијат третман по највисоки светски стандарди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Збратимените општини го негуваат зелениот белег во Карпош

По повод одбележувањето на 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош, делегациите од збратимените општини го посетија зелениот појас на улицата „Бледски договор“.

Збратимените општини го негуваат зелениот белег во Карпош

По повод одбележувањето на 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош, делегациите од збратимените општини го посетија зелениот појас на улицата „Бледски договор“, каде што пред три години засадија дрвја како симбол на пријателството, партнерството и заедничката грижа за животната средина.

Овојпат, свој белег во зелената приказна на Карпош остави и Општина Живинице од Босна и Херцеговина, која како пријателска општина засади свое прво дрво, приклучувајќи се кон иницијативата за уредување и раззеленување на јавните површини.

Дрворедот го сочинуваат 12 висококвалитетни листопадни и зимзелени дрвја, кои денес претставуваат жив потсетник на воспоставените пријателства и континуираната меѓуопштинска соработка.

Оваа симболична иницијатива уште еднаш потврдува дека соработката меѓу општините не се гради само преку заеднички проекти и активности, туку и преку конкретни дела кои оставаат трајни вредности за идните генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

116 заразени со грип, за 90% се зголемил бројот на болни со грип

За 90 проценти се зголемил бројот на болни од грип во однос на претходната недела. 

116 заразени со грип, за 90% се зголемил бројот на болни со грип

Од 26 октомври до 1 ноември биле регистрирани 116 случаи на грип.

Најмногу пријави има во Тетово, но според ИЈЗ, Македонија сè уште не го достигнала прагот за сезонска активност на грипот.

Според официјалните податоци, во Тетово се регистрирани 48 случаи, во Куманово 26, а во Скопје 13. Следуваат Прилеп и Гостивар со по седум пријавени случаи.

Најмногу заболени, вкупно 84, се на возраст од 15 до 64 години. Кај лицата постари од 65 години се регистрирани 25 случаи, додека седум случаи се пријавени кај деца од пет до 14 години.

Бесплатната вакцинација се спроведува преку центрите за јавно здравје и здравствените домови, а пријавувањето се врши преку електронскиот систем за вакцинација.

Досега се вакцинирани над десет илјади граѓани од наредната недела се очекува нова пратка на вакцина против грип.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Оценка на Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ за Извештајот на ЕК

Во врска со Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија кон ЕУ во 2026  Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ ја соопштуваат следната оценка:

Оценка на Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ за Извештајот на ЕК

ЗА ПРОМЕНИ ВНАТРЕ НЕ ТРЕБА ДА ЧЕКАМЕ!

Во врска со Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија кон ЕУ во 2026 Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ ја соопштуваат следната оценка:

Крајно време е сите политички актери да престанат да ги злоупотребуваат Извештаите на Европската Комисија за дневно политички пресметки. Полноправното членство во ЕУ е едно од најважните државни прашања кое ги надминуваат мандатите на една или друга политичка Влада. Никој нема ексклузивно право на евроатлантските интеграции како што и никој не може да си припишува монопол за македонскиот патриотизам. Албанските политички кампуси имаат обврска да излезат од спиралата на меѓусебно обвинување за строго етнички прашања, да создаваат идентитетски проблеми, за потоа да ги злоупотребуваат за нивна меѓусебна политичка пресметка зад која всушност се кријат бизнис, тендерски интереси. Опстанокот и постоењето на висока политичка корупција не може да биде критикувана од творците на скандалозните измени на Кривичниот законик во 2023-та за што Европската комисија и во 2026 нотира сериозни забелешки, а тоа ги засега партиите и од сегашната власт и од опозицијата. Слободата на медиумите не може да ја бранат оние кои секојдневно го контаминираат јавниот дискурс со приземен речник и пласирање клевети и навреди за сите кои мислат поинаку. Крајно загрижувачки се податоците за драматичниот пад на повратот на ДДВ кон стопанството, нотирани во Извештајот. Владата од собрани 100 денари ДДВ, во законски предвидениот рок врши поврат на само 14,3 денари со што и согласно ЕУ стандардите е извршна власт со најлош економски учинок.

Поздравуваме што и покрај сите предизвици, отстапки и разочарувања на европскиот пат, високото мнозинство во земјата сеуште го подржува полноправното членство на Македонија кон ЕУ. Позитивните резултати на Македонија за активното вклучување во Планот за раст за Западен Балкан, засилените напори за спроведување на Реформската агенда и целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ уште еднаш ни потврдува дека за клучните внатрешни реформи недостасува политичка волја. Борбата против корупцијата, реформите на политичкиот систем, изборното законодавство за да се спроведат внатре во општеството не треба да го чекаме полноправното членство во ЕУ. Ако нѐ бива за планот за раст каде очекуваме пристап до европските фондови, тогаш, ако навистина постои политичка волја можеме да ги направиме неопходните внатрешни реформи на сите нивоа.

Извештајот за напредокот кон ЕУ не упатува на следните заклучоци:

Европската иднина на Македонија не смее и понатаму да биде жртва на тесно партиски интереси;

Фактот што ЕК најавува можност за постепена интеграција во ЕУ нам ни треба итен и национално усогласен државен план за (ре)приклучување во групата со Албанија и Црна Гора;

Време е за акција за конечно градење на македонско политичка и мултиетничка унификација на позициите за неопходните уставни измени и основни правни гаранции без кои не можеме да направиме чекор напред кон полноправното членство во ЕУ;

Веднаш да се направат неопходните измени на Изборното законодавство и да се воведе една изборна единица и отворени листи што е најважен предуслов за демократизација на политичката понуда, вистинско зајакнување на пратеничките мандати и отчетноста кон избирачите;

Спроведување на уставно-законски измени кои ќе спречат застарување на кривичното гонење за кривични дела сторени со политичка корупција од избрани и именувани лица;

Испитување на потеклото на движен и недвижен имот на сите сегашни и претходни избрани и именувани лица и нивните потесни семејства.

ОРГАНИЗАТОРИ НА „РАЗГОВОРИ ЗА ИДНИНАТА ВО 12:05“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер