На Јутјубер му експлодира ракетен фрлач во рацете (Вознемирувачко видео) - Канал 5

На Јутјубер му експлодира ракетен фрлач во рацете (Вознемирувачко видео)

Јутјуберот Адам Ноулс, ветеран на американската армија, доживеал страшна несреќа за време на снимање, кога ракетен фрлач експлодирал покрај неговата глава.

На Јутјубер му експлодира ракетен фрлач во рацете (Вознемирувачко видео)

Немилиот настан се случил пред еден месец, а Ноулс се здобил со сериозни повреди и крварење на мозокот. Сега се појави во јавноста и за прв пат ја погледна бизарната снимка.

Ноулс снимал емисија која се занимавала со опасностите од повлекување на ракетниот фрлач и во еден момент зел RPG-7.

Тој сакал да демонстрира како функционира руското оружје, но дошло до експлозија. Од силината на детонацијата му летнала кацигата, а Јутјуберот паднал на земја.

Предупредуваме дека кадрите може да бидат вознемирувачки.

YouTube video

Соработниците му пружиле прва помош на Ноулс. Лекарите подоцна констатирале дека му е скршена вилицата, додека телото има изгореници од 3 степен и рани од шрапнели.

Јутјуберот се опоравува од несреќата и истакнува дека по одбројувањето не се сеќава на ништо.

„Демонстрацијата на РПГ-7 ја оставивме за крај. Ракетниот фрлач во основа експлодирал. Сега се чувствувам подобро, но пред мене се неколку месеци закрепнување“, изјавил Ноулс.

Неговите медицински трошоци наводно надминале 300.000 долари, пишува The Sun.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Актерка облече бикини и го истакна задникот

Актерка облече бикини го покажа задникот и ги воодушеви фановите .

Фото: Актерка облече бикини и го истакна задникот

Откако ја раскина свршувачката со Шон Вајт, американската олимписка шампионка во сноубординг, актерката Нина Добрев ужива во животот.

Често се појавува на големи настани и во друштво на славни ѕвезди, што и доликува на нејзиниот актерски статус, а не е тајна ниту тоа дека неодамна беше фотографирана во страсна прегратка со своето ново момче.

Иако потенцијалниот пар не ги рекламираше провокативните фотографии, тоа не ја спречи убавата Нина да објави компилација од своите провокативни фотографии на Инстаграм.

Како што можете да видите, таа ги поминува жешките летни денови во Италија, а слободното време го искористи за да сподели дел од атмосферата од патувањето со своите фанови на социјалните мрежи.

Вниманието на јавноста го привлекоа фотографиите во бикини, на кои таа покажа прекрасна фигура и со тоа воодушеви многумина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Да ги вратиме дебатите во партиските простори, СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен

Градоначалникот на Општина Центар и претседател на ОО СДСМ Центар, Горан Герасимовски, во гостувањето во „Вести плус“ на Канал 5 порача дека клучниот чекор за СДСМ е обединување на членството, враќање на терен.

Герасимовски: Да ги вратиме дебатите во партиските простори, СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен


Градоначалникот на Општина Центар и претседател на ОО СДСМ Центар, Горан Герасимовски, во гостувањето во „Вести плус“ на Канал 5 порача дека клучниот чекор за СДСМ е обединување на членството, враќање на терен и градење политики заедно со граѓаните.

„Пред нас има многу работа. Потребно е повторно да ја екипираме партијата, да ги вклучиме сите луѓе кои со години придонесувале за СДСМ, без разлика дали извршувале партиски или институционални функции. Денес повеќе од кога било ни е потребно единство, искуство и меѓусебна доверба“, истакна Герасимовски.

Тој нагласи дека политиката не смее да се води зад затворени врати, туку таму каде што се граѓаните.

„Во Општина Центар секојдневно сме на терен. Организираме маалски средби, буџетски форуми и ги слушаме потребите на граѓаните пред да донесеме одлуки. Истиот принцип треба да го применува и партијата – да го слушне секој член, секој предлог и секое мислење. Само така може повторно да ја изградиме довербата“, рече Герасимовски.

Тој порача дека сите различни ставови треба да бидат повод за дијалог и дебата, внатре во партијата, а не по кафеани и кулоари.

„Предизвиците со кои моментално се соочува партијата е недозволиво и нездраво да се дебатираат надвор од неа. Сите оние различности, сите ставови и размислувања, треба да се дебатираат во партиските простории“, заклучи Герасимовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен поранешниот градоначалник на Сплит, Жељко Керум

 Поранешниот градоначалник на Сплит, Жељко Керум, е уапсен по налог на УСКОК, потврди хрватскиот портал „Индекс“.

Уапсен поранешниот градоначалник на Сплит, Жељко Керум

Како што наведува тој портал, Керум бил уапсен синоќа, а неговото приведување е поврзано со истрагата за таканаречената афера „Таверна Пршут“, која се однесува на ресторан во сопственост на Керум во Каштела.

„Слободна Далмација“ пренесува дека во моментот на апсењето, Керум се наоѓал во Вела Лука, каде што се одржувал настан посветен на Оливер Драгојевиќ.

Според неофицијални информации, во случајот се опфатени и неколку други лица блиски до Керум, а „Индекс“ наведува дека е уапсен и внукот на Керум, како и Андрија Полиќ, поранешен виш стручен соработник за просторно планирање и изградба во градот Каштела.

Засега не е познато за кои конкретни кривични дела се товарат осомничените, ниту дали во текот на денот ќе има нови апсења или официјални информации за текот на истрагата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер