На Јапонец му плаќаат за да не работи: Одлично ми оди , имам три термини дневно! (ВИДЕО) - Канал 5

На Јапонец му плаќаат за да не работи: Одлично ми оди , имам три термини дневно! (ВИДЕО)

Јапонецот Шоџи Моримото три години живее од тоа што бил ангажиран од луѓе за да не прави ништо.

На Јапонец му плаќаат за да не работи: Одлично ми оди , имам три термини дневно! (ВИДЕО)

Тој за Си-Би-Ес изјавил дека неговото семејство и колегите цел живот му велеле дека е мрзелив, да не живее така и дека нема да постигне ништо во животот, но не се грижел за тие коментари.

Уште во 2018 година имал идеја да не прави ништо и да го претвори тоа во професија. Своите услуги ги понудил преку интернет.

"Напишав дека не чистам, не сум тука за разговор, само сум тука. И луѓето почнаа да ми се јавуваат", започнува Јапонецот.

„Моите услуги ги користат луѓе кои се плашат сами да одат до продавница, луѓе кои се срамат да се појават некаде без придружба, луѓе кои само сакаат да седат со некого на пијачка. Многу сум зафатен, имам три термини дневно“, додаде тој.

Открива дека секоја недела седнува на кафе со девојка - и тоа е тоа.

„Не разговараме. Само седиме и тоа и` е доволно“, вели Шоџи. Поради неговата неработливост, тој станал популарен во Јапонија, а за неговите услуги наплаќа околу 100 долари по состанок.

Бил повикан и да помогне во чистењето на куќа, да биде пријател или да пере алишта, но тој одбил бидејќи не сакал да работи. Но, овој Јапонец стоел на студ за да биде публика на уличен музичар, им правел друштво на луѓе кои не сакале да одат сами во шопинг и го поминал својот роденден со луѓе кои во тоа време биле сами.

Попатно има напишано четири книги, а додека не пишува, времето го поминува со непознати. Една вечер пиел со 44-годишната Тамами Мијазаки.

„Кога излегуваш со друиштво ,треба да се грижиш дали им се допаѓа кафулето или не. Но, кога вработувате некого, тој само вели да или не. Тоа е помалку драма отколку излегувањето со пријател“, изјавила Тамами, додека Шоџи додава дека „ништо не е повеќе забавно отколку да не правиш ништо“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одложени се сите натпревари во Купот на кралот- Шпанија е завиена во црно

Шпанската фудбалска федерација (RFEF) ги одложи сите натпревари од Купот на кралот закажани за среда, 28 октомври, по сериозната железничка несреќа во Толедо, во која, според шпанските медиуми, загинаа најмалку 68 лица, а 80 се повредени.

Одложени се сите натпревари во Купот на кралот- Шпанија е завиена во црно

Трагедијата се случи кога два брзи возови се судрија помеѓу градовите Лос Хевенес и Урда, а несреќата ја потресе Шпанија.

Шпанската фудбалска федерација објави дека целиот распоред на куп натпреварите закажани за среда ќе биде одложен. Меѓу клубовите што требаше да излезат на теренот се Леванте, Алавес, Валенсија, Селта Виго и Бетис, тимови што се натпреваруваат во највисокото ниво на шпанскиот фудбал.

Сè уште не е познато кога ќе се играат одложените натпревари, додека сè уште нема официјална одлука за судбината на 14-те натпревари од Купот на кралот закажани за четврток.

Според оригиналниот распоред, Севиља, Атлетик Билбао и Хетафе исто така требаше да играат во ова натпреварување во четврток.

Одлуката за одложување на натпреварите беше донесена во сенка на трагедијата што одзеде голем број животи и остави бројни повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Казнет е возачот, кој со автомобил „се прошета“ по велосипедска патека во Скопје (ВИДЕО)

По објавено видео на социјалните мрежи, санкциониран возач кој управувал возило по велосипедска патека во Скопје.

Казнет е возачот, кој со автомобил „се прошета“ по велосипедска патека во Скопје (ВИДЕО)

По објавено видео на социјалната мрежа „ТикТок“, на кое се гледа како возач управува патничко моторно возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки по велосипедска патека покрај улицата „Бутелска“ во Скопје, во правец од кружниот тек кон крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, веднаш се преземени мерки за утврдување на идентитетот на возачот.

По преземените мерки, возачот е идентификуван како Н.К.(46) од Скопје, кој денеска (28.10.2026) е повикан на службен разговор и е соодветно санкциониран за сторениот сообраќаен прекршок, односно управување возило по несоодветна сообраќајна површина.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не ја загрозуваат безбедноста на останатите учесници во сообраќајот, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Избор на нов шеф на ОЈО ГОКК – во трка пет кандидати, кој ќе го наследи Абази?

За  неполн час треба да биде познато кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. 

Избор на нов шеф на ОЈО ГОКК – во трка пет кандидати, кој ќе го наследи Абази?

Обвинителите галсаа денеска, а резултатите треба да бидат сумирани и објавени на јавна седница.

Пред Обвинителството е Михајло Видимлиски, Михајло кој од канидадтите има најголеми шанси да го наследи Абази?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер