Кралицата Елизабета напишала писмо кое што не смее да се отвори до 2085.- ниту семејството не знае што напишала
1Кралицата Елизабета напишала писмо кое што не смее да се отвори до 2085.- ниту семејството не знае што напишала
ЖивотНа хомосексуалците во Русија им е „врзана устата“Притисокот врз хомосексуалците во Русија се зголемува. Парламентот забрани „хомосексуална пропаганда“. Ќе се казнуваат јавни изјави за „нетрадиционални сексуални ориентации“, пишува DW.Олег С. најверојатно ги познавал своите убијци. Заменикот директор на еден регионален аеродром на полуостровот Камчатка на крајот на мај имал намера да се сретне со свој познаник, но бил намамен во стапица и убиен со повеќе убоди со нож. Руската полиција оценува дека мотив за убиството е „нетрадиционалната сексуална ориентација“ на 38-годишниот Олег С. Неколку недели претходно сличен случај имаше во Волгоград. Тогаш беше убиено 23-годишно момче. Активистите од хомосексуалната сцена во Русија, како Николај Алексејев од Москва, го вклучија алармот. Според нив, соодговорна за најновите убиства е руската политика, која подгрева негативно расположение против хомосексуалците. Пример за тоа е забраната на „хомосексуална пропаганда“. Протести пред рускиот парламент вчера (11.06) додека се носеше контроверзниот закон Рускиот парламент вчера (11.06) го донесе законот со кој се казнуваат јавни изјави за „нетрадициоанлни сексуални ориентации“. Законот би требало да ги заштити децата и младите, објасни пред гласањето Елена Мисулина, претседател на парламетарната Комисија за семејство. Во текстот на законот, меѓу другото, се вели дека лице кое ја фали истополовата љубов, или на руските деца и млади им вели дека љубовта меѓу две жени или меѓу двајца мажи „социјално е еднакво вредна“ како љубовта меѓу маж и жена, ќе биде казнето. Високи парични казни и затвор Паричните казни предвидени со законот варираат од 100 евра за приватни лица до над 23.000 евра за фирми и организации. Ако за „пропаганда“ се користат медиумите, ќе бидат изречени 20 пати повисоки казни. Оној што, на пример, на свој блог напише дека хомосексуалната љубов е во ред ризикува да биде казнет со парична казна до 2.000 евра. Фирми и организации во ваков случај би добивале значително повисоки казни, а може да бидат дури и затворени во период до 90 дена. И странски државјани во Русија треба да сметаат со еднакви казни како Русите. Освен тоа, странците може да бидат и уапсени за период до 15 дена, а потоа ќе бидат протерани од земјата. Хомосексуалците во Русија се под се‘ поголем притисок во последната година. „Хомосексуална пропаганда“ беше прво забранета во негои региони во земјата, како во вториот по големина град - Санкт Петербург. Се‘ почесто се забрануваат маршеви на кои хомосексуалците сакаат да демонстрираат за своите права. И на денот на гласањето на законот за забрана на „хомосексуална пропаганда“ полицијата уапси околу дваесетина демонстранти пред зградата на парламентот кои сакаат да протестираат против законот. Хомофобијата станува се‘ поголема Анкетите покажуваат дека руското општество во меѓувреме се‘ повеќе ја отфрла хомосексуалноста. Речиси половина од Русите (47 проценти) смета дека е во ред ограничувањето на правата на хомосексуалците, соопши институтот за истражување на јавното мислење Левада-центар во април 2013 година. Во 2012-та таков став имаа 40 проценти испитаници. Три четвртини од испитаниците (73 проценти) сметаат дека државата треба да им забрани на хомосексуалците јавно да ја покажуваат својата сексуална ориентација. Рускиот претседател Владимир Путин својата политика ја оправдува со вакви анкети. Острите закони се само отсликување на ставот на руското општество, гласи неговата порака. „Мислам дека нашите закони се прилично либерални“, рече Путин на самитот со ЕУ во јуни 2012 година, во Екатеринбург. Тој тврди дека во Русија нема дискриминација на хомосексуалците. ЕУ на тоа гледа поинаку. Таа апелираше до Русија да не го носи законот за „хомосексуална пропаганда“. Критички се изјаснија и генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд и организацијата за човекови права Амнести Интернешнл. Дали Елтон Џон ќе биде казнет? Но меѓународната критика не допира до Русија. Политичката борба против хомосексуалците понекогаш добива и гротескни размери. На пример, пејачките Мадона и Лејди Гага беа остро критикувани за „слободните“ настапи на концертите во Санкт Петербург. Комисија основана од државата оцени дека на концертите не смеело да се пуштаат млади под 18-годишна возраст. Во јули, во Краснодар, концерт треба да одржи Елтон Џон. Дотогаш контроверзниот закон можеби ќе биде веќе во сила. Елтон Џон не ја крие својата хомосексуалност. Не е веројатно дека може да биде казнет, но некои локални политичари сериозно од поп-пејачот побараа барем да го замени „својот костум за настап со свечена козачка униформа“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
ТенисОпериран е Јаник СинерИталијанскиот тенисер Јаник Синер беше успешно опериран во Финска. До неодамна, тенисерот број еден во светот, утрово беше опериран за да му се ослободи илиотибијалниот појас. Овој вид третман беше избран како најмалку оптоварувачка опција за неговото тело, со очекување дека ќе ги отстрани постојните здравствени проблеми. Операцијата следеше по четиримесечна пауза. Јаник Синер ќе може да се врати на теренот за три месеци, што значи дека неговата вкупна пауза ќе биде околу осум месеци... Италијанецот последен пат играше на Вимблдон, кој го освои, откако го победи Александар Зверев во финалето. Беше број еден во светот до пред само неколку недели, а сега ќе доживее пад. Стигна до полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија што се одржува оваа година, каде што беше запрен од Новак Ѓоковиќ. Нема да игра на претстојниот турнир во Мелбурн и неговите поени ќе бидат избришани. Јавноста се прашува дали италијанскиот тенисер ќе може да се врати во својата препознатлива форма за краток временски период, формата во која беше сè додека не направи принудна пауза поради повреда на коленото.Тагови: Јаник Синер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСе урна воен хеликоптер во Турција, има загинати (ВИДЕО)Пет лица загинаа во несреќата на хеликоптер на турските воздухопловни сили, откако полета од Ескишехир на тренинг лет, соопшти турското Министерство за одбрана. Операциите за пребарување и спасување продолжуваат на местото на настанот, објави „Туркие Тудеј“. Во соопштението се вели дека хеликоптерот AS-532, кој припаѓал на воздухопловните сили, се урнал по полетувањето од Ескишехир, каде што требало да изврши тренинг лет. Властите стигнале до остатоците, а спасувачките екипи продолжуваат со својата работа на терен. Причината за несреќата сè уште не е позната. Локалните медиуми почнаа да известуваат за несреќата кратко пред 20 часот по локално време, велејќи дека леталото се урнало во близина на автопатот Ескишехир-Ќутахја во областа на селото Јорукакчајир во округот Тепебаши. На местото на настанот беа испратени голем број жандармериски и полицајци, како и екипи на брза помош и противпожарна служба. Хеликоптерот AS-532 припаѓа на семејството хеликоптери со среден погон со двоен мотор „Кугар“, произведени од „Ербас Хеликоптерс“, порано познати како „Еурокоптер“. Воениот хеликоптер го користат воздухопловните сили на неколку земји за транспортни мисии, како и за операции за пребарување и спасување. BREAKING - Turkish military helicopter crashes during exercise: defence ministry https://t.co/pERZTFpnRa — Insider Paper (@TheInsiderPaper) November 24, 2026 Втора несреќа на воен хеликоптер во Турција овој месец Несреќата се случи помалку од две недели откако друг воен хеликоптер се урна во Турција. Министерството за одбрана на 12 ноември соопшти дека хеликоптерот С-70 се урна во округот Јешилурт во покраината Малатија, при што загинаа четворица војници. Причината за несреќата исто така не е утврдена. Делови од остатоците паднале врз куќа, а две лица се здобиле со полесни повреди, според извештаите од тоа време. Ескишехир се наоѓа во западна централна Анадолија и е една од важните локации за турските воздухопловни сили, поради што воените летови се чести во областа. Тепебаши е еден од двата централни градски окрузи на Ескишехир.Тагови: турција воен хеликоптер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
БалканБугарија се соочува со казна до 25 милиони евра од ЕУ и замрзување на дел од европските фондови Европската комисија предупреди дека Бугарија се соочува со парична казна во висина до 25 милиони евра поради прекумерното буџетско трошење и непочитувањето на фискалните правила на Европската Унија.. Како што пренесуваат бугарските медиуми, Европската Комисија соопштила дека не гледа доволни напори за намалување на трошоците, по започнувањето на постапката за прекумерен дефицит против земјата. Тековните препораки се однесуваат на дефицитот за 2026 година, кој, според пресметките на Европската Комисија, ги надминува утврдените граници од 2,3 отсто.. Според европскиот комесар за економија, Валдис Домбровскис, конечната одлука за изрекување на казната се очекува на 11 декември.. Дополнително, Софија се соочува и со ризик од замрзнување на дел од средствата од европските фондови доколку до пролет не преземе соодветни мерки за стабилизирање на јавните финансии.. Доколку казната биде официјално изречена, Бугарија ќе стане првата земја-членка во историјата на Европската Унија која е парично санкционирана поради прекршување на европските фискални правила..Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter