На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 15 минути - Канал 5

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 15 минути

На ГП „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е околу 15 минути.

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 15 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата – информира АМСМ.

Препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скандал во Албанија: Директорка на разузнувачката служба под истрага, му помагала во бегство на бизнисмен

Специјалното обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал на Албанија (СПАК) побара куќен притвор за Влора Хисени, директорката на Албанската државна разузнавачка служба (ШИШ).

Скандал во Албанија: Директорка на разузнувачката служба под истрага, му помагала во бегство на бизнисмен

Откако Специјалното обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал на Албанија (СПАК) побара куќен притвор за Влора Хисени, директорката на Албанската државна разузнавачка служба (ШИШ), која исто така беше суспендирана од должност, откриени се нови детали за акцијата спроведена во рамките на истрагата за случајот „АКШИ“.

За потсетување, Хисени е, според наводите во истрагата, осомничена за помагање и поттикнување на сторителот на кривично дело и откривање истражни тајни. ЃККО, или Специјалниот суд за корупција и организиран криминал на Албанија, на барање на СПАК, ѝ одреди куќен притвор и суспензија од должност. Сепак, истото не можеше да се спроведе бидејќи Хисени наводно не е во земјата, туку во Азербејџан.

Во исто време, беа извршени претреси, меѓу другото, и во домот на поранешниот директор на албанската полиција, Илир Прода.

Хисени се споменува во овој случај во рамките на пошироката истрага за случајот AKSHI, или Националната агенција за информатичко општество на Албанија, чии јавни набавки и тендери се предмет на истрага на СПАК. Случајот истражува сомневања за манипулација со тендери, повреда на рамноправноста на учесниците во јавните набавки, корупција, перење пари и други кривични дела.

Според албанските медиуми, Хисени е осомничена дека му помогнала на Ергис Агаши, бизнисмен и еден од клучните осомничени во случајот AKSHI, додека бил во бегство.

Агаши е баран од СПАК од декември 2025 година, а беше уапсен на 26 август 2026 година во Драч. СПАК го истражува поради сомнение за нелегална конкуренција со употреба на насилство, незаконско лишување од слобода, повреда на рамноправноста на учесниците во јавните тендери, дејствување во рамките на структурирана криминална група, перење пари и активна корупција на јавни службеници.

Фатјон Каључи, раководител на Полициската научна лабораторија, и Ембро Сулејмани, администратор на агротуризмот „Кодра е Куајве“ во Драч, исто така беа уапсени во рамките на денешната операција.

Според извештаите на медиумите, Сулејмани работел како администратор во ресторан во владин комплекс и е осомничен дека ги избришал снимките од безбедносните камери по апсењето на Агаси за да ги скрие доказите за неговото присуство во просториите.

„Обвинителите побараа притвор за Фатјон Каључи, раководител на Полициската научна лабораторија, и Ембро Сулејмани, сопственик на бизнис во Драч, за кој се верува дека работел во ресторан во владин комплекс и е осомничен дека ги избришал снимките од безбедносните камери во времето на апсењето на Ергис Агаши за да ги скрие доказите за присуството на Агаши во просториите. Претресите продолжуваат на неколку локации и бизниси во Драч“, рече таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Времето ведро и постудено со температури до 24 степени, дожд во петок

Утрото ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.

Времето ведро и постудено со температури до 24 степени, дожд во петок

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа во (l/m2)

1 Битола.

Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

7 Попова Шапка, 13 Крушево, 15 Маврови Анови, 17 Претор, Берово, 18 Прилеп, 19 Тетово, Крива Паланка, Битола, 20 Виница, 21 Скопје Петровец, Охрид, Штип, 22 Велес, 23 Зајчев Рид, Кавадарци, 24 Струмица, Демир Капија, 25 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше променливо облачно со сончеви преиоди. Во југозападните делови имаше слаби врнежи од дожд. Дуваше умерен до засилен северен ветер. До крајот на денот ќе биде стабилно со мала до умерена локална облачност. Услови за слаб дожд ќе има во западните и јужните делови на Македонија.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Утрото ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степена.

Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 31 степен.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Утре и во четврток ќе преовладува стабилно време со свежи утра. Во петок се очекуваат врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предметите на Брижит Бардо на аукција во Париз се продадени за милион евра

Личните предмети на француската актерка Брижит Бардо (1934-2025) се продадени на аукција во Париз за речиси еден милион евра, а приходите одат во нејзината фондација за заштита на животните.

Предметите на Брижит Бардо на аукција во Париз се продадени за милион евра

На аукцијата беа понудени вкупно 285 предмети, кои беа продадени за 1,15 милиони американски долари, што е речиси 20 пати повеќе од првичната проценка, објави „Гардијан“.

Две јаки за кучиња, со идентификациона табличка со името и телефонскиот број на Бардо, проценети на 30 евра, се продадени за 9.400 евра на руски купувач.

Автопортретот достигна цена од речиси 40.000 евра, додека машината за пишување со која ја напишала автобиографијата е продадена за 4.634 евра.

Две нејзини гитари, проценети на 300 и 500 евра, се продадени за 8.600 и 1.900 евра, додека три кадифени играчки достигнале цена од 2.200 евра.

Фондацијата Брижит Бардо е основана во 1986 година, а на веб-страницата на организацијата стои дека згрижила 13.000 животни.

Брижит Бардо, која како модел и актерка стана симбол на модерната женственост и сексуалната револуција, подоцна се посвети на борбата за правата на животните.

Во текот на животот, таа беше критикувана и за хомофобични изјави, а повеќепати беше казнувана за поттикнување расна омраза.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер