На голема церемонија устоличен поглаварот на Албанската православна црква г. Јоан - Канал 5

На голема церемонија устоличен поглаварот на Албанската православна црква г. Јоан

Во катедралата „Воскресение Христово“ во Тирана денеска се одржа официјалната церемонија на устоличување на новиот архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија, Јоан.

На голема церемонија устоличен поглаварот на Албанската православна црква г. Јоан

-На церемонијата присуствуваа голем број верници, претставници на Албанија и Грција, како и гости од 13 православни цркви од светот. Грција ја претставуваше министерот за образование и религија, а забележливо е дека премиерот Киријакос Мицотакис не присуствуваше на устоличувањето на албанскиот архиепископ, но присуствуваше на погребот на поранешниот архиепископ Анастас Јанулатос, кој почина во јануари, објави Топ чанел.

Г. Јоан е втор архиепископ на Албанската автокефална православна црква (ААПЦ), по падот на комунистичкиот режим и прв архиепископ Албанец од 1967 година.

-Им благодариме на мачениците на слободата кои ја шират светлината на верата. Диктатурата ги уништи надворешните ѕидови на црквите, но не можеше да ги уништи срцата на верата. Во критичните времиња, Бог ја посети нашата црква. Го почитувам споменот на моите предци. Во долгиот список споменувам две истакнати личности. Мојот Бог, Фан Ноли, беше вистинскиот човек. Тој беше обдарен од Бога со извонредни таленти, придонесувајќи за националното помирување. За рекордно време ја опреми црквата со главните книги. На крајот на 20 век, кога нашата православна црква беше во урнатини, Бог испратил уште еден просветлен човек, архиепископот Анастасиј, кој ја овозможи нејзината обнова. Неговата проповед беше љубов и почит кон секое човечко суштество, дух кој мораме да го зачуваме, рече поглаварот по устоличувањето.

Порача дека треба „да кажеме благодарам и да бидеме благодарни. Колку повеќе имаме благодарност, толку Бог ќе ни биде поблизок“.

-Секое време имало свои предизвици. Векот во кој живееме со нови технологии носи нови предизвици, а нашата црква не е изземена од нив. Треба да се соочиме не само за да се заштитиме, туку и да најдеме решенија. Нашиот труд и фокус, Божјото зачувување и заштита, зајакнувањето на единството во црквата се неопходни за да се постигне нејзината цел, рече тој во своето обраќање.

Во втората недела од Велигденскиот пост, посветена на свети Григориј Палама, на 16 март 2025 година, по Божествената Литургија, согласно со свештеното предание и Уставот на Православната автокефална црква на Албанија, Светиот Синод со канонски гласови едногласно го избра г. Јоан, кој привремено го заменуваше упокоениот поглавар Анастасиј.

Претходно г. Јован 27 години беше Митрополит на Корчанската митрополија. Завршил високи теолошки студии во САД и се вратил во Албанија за да му помогне на архиепископот Анастасиј во возобновувањето на распаднатата албанска црква. Од 1993 година служеше како професор на Теолошката Академија во Драч, преведувач на бројни теолошки текстови и автор на првиот учебник по Догматика на албански јазик. Го основа списанието „Tempulli“ (Храм), ја претставуваше Црквата на меѓу православни и меѓу христијански средби и беше одликуван со значајни признанија за својот придонес во културата, образованието и меѓурелигискиот дијалог.

На 23 јули 2003 година бил прогласен за „Почесен граѓанин на округот Корча“ за исклучителен придонес во негување на верската толеранција и разбирање, поддржувач на еманципацијата и зближувањето на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НУ Драмски театар Скопје со „Гидионовиот јазол“ гостува на фестивалот РУТА на Бриони

 НУ Драмски театар Скопје со претставата „Гидионовиот јазол“ вечерва (24 август) ќе гостува на Бриони во Хрватска каде што театарот „Улисис“ е домаќин на фестивалот на Регионалната унија на театри (РУТА). 

НУ Драмски театар Скопје со „Гидионовиот јазол“  гостува на фестивалот РУТА на Бриони

Претставата ќе биде изведена во Летното кино во 21 часот.

„Гидионовиот јазол“ на режисерката Драгана Милошевски-Попова е претстава работена по текст на авторката Џона Адамс. Драматург на претставата е Викторија Рангелова-Петровска, а улогите ги играат актерките Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Ања Митиќ.

Гостувањето на Бриони ќе биде дваесетта изведба на претставата, која досега гостувала на неколку фестивали низ Македонија, како и во регионот на сцените на театрите членки на РУТА. На минатогодишниот 33. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата на Корин Фел ја доби наградата за високо актерско достигнување.

Режисерка Драгана Милошевски-Попова во програмската белешка истакнува дека: „Претставата ‘Гидионовиот јазол’ е моќна и вознемирувачка приказна за вината, одговорноста, тагата и сложениот однос во комуникацијата, како и состојбите во образовниот систем, проблемите со кои се соочува детето низ периодот на детството. На училишна средба меѓу мајката Корин и наставничката Хедер, кој се случува по еден трагичен настан, преку деликатен, емотивно исполнет/напнат дијалог, се отвораат прашањата за детската креативност, слободата на изразување, за уметноста, за одговорноста на наставниците и за родителите, за социјалните мрежи, за врсничкото насилство, за осаменоста, преку кои постепено се разоткрива длабоката болка и се бара, па и се посочува можниот виновник“.

Авторката Џона Адамс е претставничка на новата генерација американски драмски автори. Таа е авторка на 20 драмски текстови во кои драмската структура ја гради преку исклучително јаки и богато нијансирани карактери и ги поставува во сложени меѓусебни психолошки ситуации. Друштвото на американските театарски критичари ѝ ја доделува наградата „Стинберг“ (Steinberg Award) за делото „Гидионовиот јазол“.

Претставата „Гидионовиот јазол“ е на редовниот репертоар на Драмски театар од премиерата која се одржа во мај минатата година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска нови цени на нафтените деривати

Регуалаторната комисија за енергетика денеска треба да донесе нова одлука за малопродажните цени на горивата.

Денеска нови цени на нафтените деривати

Со претходната одлука бензините поскапеа за 4,5 денари, а дизелот поскапи за 6,5 денари по литар. Во последната пресметка на регулаторна продолжена беше и примената на намелените акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес Опен

Најтрофејниот свтески тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ и најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка ќе се соочат со Френсис Тиафо и Лејла Фернандез во осминафиналето на Грен слемот во Њујорк,  УС Опен во конкуренција на мешани двојки.

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес Опен

Ќе видиме како домашната публика ќе реагира на мечот против северноамериканскиот пар и кого ќе го поддржува, а според моменталната ситуација, натпреварот е закажан за утре, 25 август.

Во евентуалното четвртфинале, ги очекуваат победниците од дуелот меѓу брачниот пар Гаел Монфис и Елина Свитолина, односно Алекс Ил и Феликс Оже-Алијасим.

И Александра Круниќ би можела да се најде во главната ждрепка доколку таа и Мате Павиќ ги победат Пејтон Стернс и Кристијан Харисон.

Меѓу поинтересните парови во главната ждрепка се Карлос Алкараз и Серена Вилијамс, кои ги очекуваат своите противници од квалификациите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер