Средба на дел од православните цркви во Аман: Прашањето за МПЦ да се реши преку дијалог со СПЦ - Канал 5

Средба на дел од православните цркви во Аман: Прашањето за МПЦ да се реши преку дијалог со СПЦ

Прашањето што се однесува до црквата во Македонија треба да биде решено преку дијалог во рамки на Српската православна црква и со сеправославна поддршка.

Средба на дел од православните цркви во Аман: Прашањето за МПЦ да се реши преку дијалог со СПЦ

Заклучија учесниците на средбата на високи претставници на неколку православни цркви што вчера се одржа во јорданскиот главен град Аман.

На средбата одржана на иницијатива на ерусалимскиот патријарх Теофил Трети, покрај домаќинот, учествуваа и поглаварите на Руската православна црква, патријархот Кирил, на Српската православна црква, патријархот Иринеј, на Полската православна црква архиепископот Авел и на Православната црква на Чешка и Словачка, архиепископот Ростислав, како и претставникот на Романската православна црква, митрополитот Нифон.

Цел на средбата, како што се наведува во заедничкото соопштение, било „зајакнување на братските врски меѓу сестринските цркви, поддршка на единството на православните цркви и обнова на дијалогот со молитвена надеж за постигнување помирување таму каде што има раздор", при што учесниците изразуваат „вознемиреност поради опасноста од шизма во православната заедница".

– Во атмосфера на братска љубов, учесниците на средбата се согласија дека решавањето на прашањата од сеправославно значење, вклучително и доделувањето автокефалноста на одредени цркви, треба да се одвива во духот на сеправославниот дијалог и единство, како и со православен консензус, се наведува во документот.

Покрај за прашањето на МПЦ-ОА, на средбата станало збор и за случувањата во Црна Гора, при што учесниците упатиле апел до црногорските власти „да го почитуваат и поддржат основното право на сопственост врз имотот, вклучително и тој на црквата".

Во врска со прашањето околу црквата во Украина, верските лидери оценија дека „е неопходен сеправославен дијалог за зајакнување и помирување".

– Делегациите се согласија повторно да се соберат како браќа, по можност пред крајот на оваа година, за да ги зајакнат врските на заедницата преку молитва и дијалог. Учесниците се надеваат дека неговата светост вселенскиот патријарх Вартоломеј, со старешинството според честа, ќе се придружи на овој дијалог со своите собраќа-поглавари, се истакнува во заклучоците од средбата во Аман.

Ерусалимскиот патријарх Теофил Трети на средбата во Аман ги покани и вселенскиот патријарх Вартоломеј и останатите помесни православни цркви. Но, Вартоломеј веднаш ја одби поканата со образложение дека само тој има право да свикува сеправославни собири.

Ваквиот став на патријархот Вартоломеј веднаш го поддржаа Грчката, Кипарската и Албанската православна црква, како и Александриската патријаршија. Бугарската и Грузиската православна црква и Антиохиската патријаршија првично ја прифатија поканата, но подоцна се откажаа од учество на средбата во Аман./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на паркинг-просторот кај детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Со уредувањето и обележувањето на паркинг-местата се добива повеќе функционален простор, подобра инфраструктура и поуреден изглед во овој дел од општината.

Најважно од сè, со ова обезбедуваме посигурен и полесен пристап до градинката за родителите и за нашите најмлади. Кога инвестираме во инфраструктурата, инвестираме во секојдневието на граѓаните.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Смеење до солзи со „Секстет“ на НУ Народен театар Битола на годинешното издание на фестивалот „Денови на комедијата“

На сцената на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово вчеравечер одекна силен и долг аплауз за екипата на НУ Народен театар Битола, која со својата изведба повторно ја воодушеви и ја насмеа до солзи публиката која ја исполни салата до последното столче.

Смеење до солзи со „Секстет“ на НУ Народен театар Битола на годинешното издание на фестивалот „Денови на комедијата“

„Секстет“ и овојпат покажа дека добрата комедија не познава граници – се игра, се чувствува и се споделува со публиката.

„Од срце му благодариме на организаторот на фестивалот „Денови на комедијата“ за поканата, прекрасното добредојде и гостопримството. До следната средба – со уште многу смеа, аплаузи и театарски моменти“, истакнуваат од Битолскиот театар.

Претставата „Секстет“ секогаш го полни гледалиштето до последното место, комедијата од Марк Камолети, во режија на Марјан Георгиевски, па така и овојпат салата беше исполнета со публика која ги награди актерите на Битолскиот театар со долготрајни аплаузи.

Недоразбирања, тајни, љубовни заплети и урнебесни пресврти секогаш ја тераат публиката да се смее од почеток до крај.

Зошто комедија? Затоа што премногу долго сме сериозни.

Живееме во време на прегласни информации и постојани кризи.

Научивме како да бидеме загрижени, заборавивме да се смееме. Во претставата играат: Бернар -Николче Пројчевски, Жаклина-Катерина Аневска Дранговска, Роберт -Александар Димитровски, Сузан-Сандра Грибовска Илиевска, Сузет -Анастасија Чипуровска, Џорџ-Борче Ѓаковски.

Костимографијата е на Андреј Георгиевски, сценографијата на Влатко Чачоровски, музика -Александар Димовски.

29.издание на Фестивалот оваа година се одржува од 23 септември до 5 октомври. Во текот на фестивалските денови, публиката има можност да проследи театарски претстави исполнети со хумор, квалитетна актерска игра и препознатлива фестивалска атмосфера преку изведба на театрите од Македонија и земјите од регионот. Фестивалот ќе биде затворен со претстава надвор од конкуренција, посветена на годинашниот лауреат Игор Џамбазов. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам и од Општина Куманово.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврска

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска се обрати на Централниот меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители 2001–2015, кој се одржува во спортскиот центар „Борис Трајковски“. 

Јанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврска

На настанот се обрати и министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој го отвори Меморијалниот турнир.

Пред членовите на семејствата на загинатите бранители, претставниците на Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“, колегите и натпреварувачите, директорот Јанев истакна дека турнирот веќе 24 години ја чува жива меморијата за оние кои ги положија своите животи за Македонија, нејзиниот мир и безбедноста на граѓаните.

„Денес не сме тука само поради традицијата. Тука сме затоа што имаме обврска да паметиме. Да ги паметиме нашите колеги, пријатели, браќа, сопрузи, татковци и синови кои ја носеа униформата со чест и кои, извршувајќи ја својата должност, ја дадоа најголемата жртва што човек може да ја даде. Нивните имиња не се само дел од историјата на нашите безбедносни сили. Тие се дел од историјата на Македонија“, истакна Јанев.

Тој нагласи дека обврска на денешните генерации е споменот за загинатите бранители да се пренесува и на генерациите што доаѓаат, потсетувајќи дека слободата, мирот и безбедноста не треба да се земаат здраво за готово. Посебна почит им оддаде на семејствата на загинатите, нагласувајќи дека институциите имаат обврска да покажат дека жртвата на нивните најблиски никогаш нема да биде заборавена.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски истакна дека мора да се чува споменот за оние кои го дале својот живот за татковината и да се пренесе на следните генерации.

„Она што треба да го направиме е да се сплотиме и да покажеме дека хероите не се забораваат. Се заблагодарувам на секој еден припадник на Армијата, сите што ја носат униформата кои секојдневно работат за нашата држава. Министерството за одбрана ќе биде секогаш тука да помогне и достојно да покаже почит кон хероите“, истакна министерот Мисајловски.

На крајот, директорот Јанев изрази благодарност до Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“, Министерството за внатрешни работи и сите кои веќе 24 години ја одржуваат оваа традиција, порачувајќи дека хероите живеат сè додека ги паметиме и дека им должиме да ги паметиме со гордост, достоинство и благодарност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер