Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
1Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
АвтомобилизамНа есен доаѓа освежената верзија на Audi Q7 (ВИДЕО)На почетокот на есента , најверојатно по саемот во Франкфурт , почнува продажбата на новата ,освежена верзија на Audi Q7.Новиот Audi Q7 естетски е освежен во согласност со трендот на германскиот производител за новите модели А6 и А8. Лед светла , многу хром и редизјн на кабината е она што прво паѓа во новиот модел . Кабината е дигитална и тоа со два екрани , како што има лимузината А6. На нерамни патишта Audi Q7 се однесува многу подобро поради новуиот систем на активна електромеханичка стабилизација. Моторот е 3.0 дизел со 231 и 286 Кс , односно 3.0 бензински со 340 Кс . Сите модели иамат милд- хибрид за помала потрошувачка со поголема сила. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?Осум недели поминаа од труењето со водата во Гостивар, кога околу 5.000 граѓани побараа медицинска помош.Осум недели нема извештај за водата. Нема одговори. Нема одговорност. Осум недели институциите молчат. Зошто не се објавува извештајот за водата? Што се крие од граѓаните? Случајот во Гостивар не беше единствен. Во околу 50 населени места низ државата беа регистрирани проблеми со безбедноста на водата. Четири реки беа загадени, како и локални извори од кои граѓаните користат вода. Станува збор за прашање кое директно го засега здравјето на илјадници граѓани. Зошто осум недели јавноста, граѓаните не ги добиваат одговорите? Што крие Мицкоски?, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНа украинските војници им е наредено да ги прекинат борбите- Русија веднаш изведе нападРусија го нападна градот Камјанске во регионот Дњепропетровск во раните утрински часови, при што загинаа четири лица. Нападот се случи само неколку часа откако Украина еднострано прогласи привремен прекин на огнот пред пристигнувањето на американските претставници кои патуваат во Киев и Москва за да ги оживеат мировните преговори, објави „Украинска правда“. Руски напади и покрај прекинот на огнот Според регионалниот гувернер, Олександр Ханжа, Русија го нападна регионот Дњепропетровск преку ноќ и наутро со ракети, беспилотни летала и артилерија. Во нападот врз Камјанске загинаа четири лица, а пет беа ранети. Тројца од повредените се однесени во болница, вклучувајќи 30-годишна жена која е на интензивна нега. Ханжа рече дека бил погоден индустриски погон, но не даде дополнителни детали за целта. Украинските воздухопловни сили претходно во текот на ноќта издадоа предупредување дека руски балистички ракети се упатуваат кон Камјанске. Додека Киев се воздржуваше од напади врз руски цели, сирените за воздушен напад се огласија во градовите низ Украина. Во нападите врз Киев и неговата околина, беше погодена станбена зграда, а најмалку две лица беа повредени. Дипломатска мисија на американските пратеници Привременото прекинување на непријателствата беше објавено поради посетата на американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, кои планираат да ги посетат Киев и Москва за да разговараат за предлогот за прекин на војната. Претседателот Володимир Зеленски потврди дека делегатите ќе пристигнат во Киев утре, по посетата на Москва. Ова е нивна прва посета на Украина како дел од дипломатските напори на Вашингтон. Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, го потврди патувањето и рече дека пратениците носат предлог за прекин на војната. „Тоа прашање мора да се реши. Затоа ги испратив Стив Виткоф и Џаред Кушнер“, рече Трамп. „Ги испративме да видат дали може да се постигне нешто и има големи шанси да успееме.“ Условите на украинскиот прекин на огнот Според информации од воени извори, на украинските војници им беше наредено да ги прекинат борбените операции од полноќ на 5 септември до крајот на денот на 8 септември. Прекинот на непријателствата е иницијатива на Украина, иако не е објавен официјален договор за прекин на огнот. Претседателот Зеленски вети дека, заради безбедноста на американските преговарачи, Украина нема да изврши воздушни напади врз Русија за време на нивната посета. Тој ја повика Москва да го стори истото. Русија одговори на предлогот со напади со млазни беспилотни летала, кои летаа кон Киев веднаш по полноќ. Тагови: русија украински војници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
ЕвропаНад илјада луѓе во Европа се заразени со западнонилска треска Повеќе од илјада локално стекнати инфекции со Западнонилскиот вирус се пријавени низ цела Европа од почетокот на сезоната на пренос оваа година, според податоците од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC).До 3 септември, вкупно 1.086 случаи се регистрирани во 15 земји, соопшти агенцијата во своето последно неделно ажурирање во петок. Бројот нагло се зголеми во последните недели. На почетокот на август, малку повеќе од 240 случаи се пријавени во седум европски земји. Италија регистрираше најмногу случаи, 516, по што следуваат Грција со 284 и Шпанија со 88. Вкупно 144 области низ Европа беа погодени, вклучувајќи 62 во Италија, иако ECDC предупреди дека бројките не ја даваат целосната слика. Вирусот Западнонил главно се шири преку комарци меѓу дивите птици, но заразените комарци можат да го пренесат и на луѓето. Според германскиот Институт Роберт Кох (RKI), околу 20 проценти од заразените лица развиваат болест слична на грип, додека само околу еден од 100 се разболува сериозно. Западнонилската треска обично се повлекува без компликации, иако долгорочните последици се релативно чести кај пациентите кои развиваат тешка болест.Тагови: западнонилска треска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook