МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа
1МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
ФудбалНа ѕвезда на Сити повторно му се суди за силување: Ми рече дека бил со 10.000 жениБенџамин Менди (28), француски фудбалер и играч на Манчестер Сити не игра фудбал од август 2021 година.Во јануари тој беше ослободен од обвинението за силување на 24-годишна жена во неговата вила во октомври 2020 година. Тој е обвинет и за обид за силување на друга жена во посебен случај, а фудбалерот ги отфрли двете обвиненија. Поротата не можеше да донесе пресуда за првиот случај на силување и еден обид за силување, а обвинителството побара повторно судење за тие два случаи, кое во моментов е во тек. Жената која го обвинила за силување ги раскажа наводните детали од таа вечер во судницата. „Ме покани кај него дома. Ми го зеде мобилниот телефон на кој се појавија интимни фотографии. Сакав да заминам, но тој рече дека сака да ме види гола. Ми ја соблече облеката и ми го фрли мобилниот на креветот. Кога отидов да го земам, тој навлезе во мене. Кога заврши, ми рече: „Премногу си срамежлива. Спиев со 10.000 жени“, изјави таа пред поротата. Да потсетиме, наводно сè се случувало во домот на Менди од октомври 2018 до август 2021 година. Тој призна дека сака да „спие со многу жени“, но ги отфрлил обвинувањата дека тоа го направил без нивна согласност: „Ако сакаа секс како јас, сѐ беше во ред, но ако жената рече „не“, јас би прифатил и би прекинал“. Победникот на Светскиот куп во 2018 година со Франција е обвинет за силување жени во изолирана куќа во Чешир. Жртвите изјавиле дека по пристигнувањето им биле одземени мобилните телефони, па не можеле да повикаат помош. Менди рече дека само ги замолил луѓето да не користат мобилни телефони ако друг фудбалер е во неговиот дом или ако не ја познава личноста, од причини за приватност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИва Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
ЗабаваФото: Атрактивната Никол повторно провоцираСветската музичка ѕвезда Никол Шерцингер обожува да се фотографира и снима за социјалните мрежи, но овојпат за малку ќе предизвикаше скандал. Убавата Никол покажа повеќе отколку што требаше. Позната по своите бујни гради и витка линија, мегапопуларната пејачка не ја пропушти можноста да ја разгори имагинацијата на многумина на интернет. На Инстаграм, каде што редовно објавува фотографии од својот приватен и деловен живот, таа овојпат сподели „жешко“ видео кое за кратко време собра голем број лајкови и реакции од целиот свет. Познатата пејачка е снимена додека танцува, а во преден план беа нејзините стомачни мускули и виткото тело – но и нешто друго. .. Со оглед на тоа што носеше тренерки со низок струк, постоеше опасност да покаже многу повеќе од својата прекрасна фигура. Тагови: Никол Шерцингер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотНедопрено богатство по 2.100 години излезе од морското дно: Древен изум го спасил од распаѓањеНа дното на Средоземното Море е пронајдена потоната бродска олупина со илјадници парчиња луксузен римски прибор за јадење, кои таму лежеле недопрени 2.100 години.Античкиот комплет чинии и длабоки садови останал совршено зачуван на длабочина од 55 метри. Товар од луксузни садови за јадење повторно излегол на виделина откако поминал 2.100 години на дното на Средоземното Море. Археолозите открија потонат брод полн со илјадници керамички садови во близина на турскиот брег. Наодот вклучува чинии за супа, чинии за риба и овални садови со различни димензии, кои се зачувани во исклучително добра состојба. Тие нудат редок увид во начинот на исхрана на богатите во римскиот свет, во време кога со овие исклучително барани луксузни производи се тргувало преку морињата. „Од длабочините на Средоземното Море, на виделина изнесуваме комплети садови стари 2.100 години. Во подводните ископувања што ги започнавме во 2025 година, досега откривме илјадници артефакти од потонатиот брод полн со керамика“, изјави турскиот министер за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој. Остатоците од бродот лежат на длабочина од 55 метри во близина на брегот на Адрасан во Анталија, но се верува дека потекнуваат од Росус, античка населба во денешната провинција Хатај. Овие две области се оддалечени околу 300 наутички милји, па затоа се претпоставува дека бродот најверојатно пловел кон Рим кога бил зафатен од невреме и потонал откако удрил во плитиште. Истражувачите досега имаат пронајдено илјадници артефакти, вклучувајќи чинии, длабоки садови и овални садови во 122 различни форми и големини, што ја открива „луксузната“ култура на исхрана од тоа време, пренесува „Дејли мејл“. Археолозите откриле и керамички садови од неколку егејски острови, што укажува на тоа дека бродот превезувал стока од повеќе центри за производство. Доказите од римските записи покажуваат дека керамиката од Росус уживала голем углед меѓу богатите потрошувачи. Значајноста на ова откритие дополнително се нагласува преку интересната поврзаност со една од најпознатите личности на антички Рим – државникот и оратор Цицерон. Во писмото до својот пријател Атик, напишано во 50 година п.н.е., Цицерон пишува за нарачување керамика од Росус, што сугерира дека керамиката од тој регион била високо ценета меѓу богатите Римјани. Археолозите го пронајдоа товарот на бродот во исклучително добро сочувана состојба. Тоа се должи на фактот што садовите биле внимателно спакувани во дрвени сандаци, со глина поставена меѓу поединечните парчиња за да се спречи нивно кршење при транспортот. Се чини дека токму оваа заштитна амбалажа го спасила поголемиот дел од товарот од сериозни оштетувања кога бродот потонал. Монетите пронајдени во остатоците од бродот потекнуваат од I век п.н.е. и им помогнале на истражувачите да утврдат кога бродот тргнал на своето последно патување. „Благодарение на глината поставена меѓу нив при пакувањето во сандаци, овие артефакти стигнаа до нас неоштетени, пренесувајќи ја во денешницата анадолската мајсторија во изработката и трговското минато на Медитеранот“, изјави Ерсој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизБред Пит „процвета“крај младата Инес де РамонДевојката на големиот холивудски заводник Бред Пит е вистинска магија – се гледа дека тој „цвета“ покрај неа.Скромната и убава, Инес де Рамон, девојката на Бред Пит, повторно ги освои срцата на луѓето ширум светот. Таа се појави на црвениот тепих во волшебна, речиси нереална креација и му даде нота на романтика на целиот настан. Љубовта меѓу Бред Пит и неговата девојка Инес де Рамон цвета. Тие се појавуваат заедно на големи настани и не е тајна дека славниот актер конечно ја пронашол среќата покрај неа. Викендов во Лондон се одржаа наградите „Albies“, а тие присуствуваа на овој гала-настан. Сите присутни ги воодушевија со своите модни комбинации, особено прекрасната Инес, која зрачеше со чиста романтика. За оваа прилика таа избра нежен зелен фустан од тантела што ја истакнува нејзината витка фигура. Фустанот се одликува и со отворени раменици, што на целата креација ѝ даде женствена нота. Што се однесува до Бред, тој избра црн смокинг, кој го надополни со пеперутка-вратоврска. Како вистински џентлмен, тој сакаше сите погледи на јавноста да бидат вперени кон неговата сакана.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИва Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00