На Деве Баир се враќаат патниците од високоризични земји, затворен преминот со Србија, Голеш-Мала Црцорија

Фреквенцијата на патници и возила кои минуваат низ граничниот премин Македонија- Бугарија кај Крива Паланка, Деве Баир е намалена, а граничните службеници ги враќаат назад патниците кои доаѓаат од високоризичните земји.

Од Полициската станица за гранична проверка и граничен надзор Регионален центар Исток кај Деве Баир, информираат дека сите патници кои доаѓаат на преминот од Република Бугарија, а пристигнуваат од високоризичните држави не се пропуштаат за влез во државата, односно, се враќаат назад, освен македонските државјани на кои им се укажува дека мора задолжително да бидат во четиринаесетдневна самоизолација.

Оттаму посочуваат дека на организираните групи кои патуваат кон ризичните земји исто така не им се дозволува да излезат од државните граници.

Согласно препораките на сите патници кои влегуваат во државата им се прави анкетирање за нивното патување и се врши проверка за Ковид-19.

На официјалната веб-страница на Општина Крива Паланка стои соопштение во кое се информираат граѓаните дека Република Србија ги затвори граничните премини Прохор Пчињски и преминот кој припаѓа на територија на општина Крива Паланка, Голеш- Голема Црцорија.

–Се известуваат граѓаните да не патуваат кон Република Србија преку граничните премини Голеш- Голема Црцорија и Прохор Пчињски, бидејќи тие привремено се затворени од страна на Р. Србија. Оваа мерка е преземена поради појавата на коронавирусот и опасноста од неговото ширење, се наведува во соопштението./МИА

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер