На денешен ден - Канал 5

На денешен ден

18 јануари.

На денешен ден

- Македонската православна црква денеска го слави Богојавление - Водици, голем христијански празник во спомен на денот кога Јован Крстител на реката Јордан го крстил Исус Христос. Додека Христос излегувал од водата небото се отворило и на него, во облик на гулаб, се спуштил Светиот дух, при што се слушнал гласот Божји: „Мои љубени, ова е Синот на мојата волја“.

1419.- Во Стогодишната војна меѓу Франција и Англија, бранителите на францускиот град Руан и се предале на војската на англискиот крал Хенри Петти, по што тој го заврши освојувањето на Нормандија.

1736.- Во Гринок, Шкотска, е роден Џејмс Ват, англиски научник и пронаоѓач, конструктор на првата ефикасна парна машина (ја патентирал во 1769 година). Заедно со Метју Балтон во 1782 година во Сан, крај Бирмингем, основа прва фабрика за парни машини во светот. Во знак на признание на овој голем научник единицата за моќ во физиката е наречена "ват". Умрел во Витфилд на 25 август 1819 година.

1747.- Роден е германскиот астроном Јохан Елерт Боде, кој со помош на низа броеви (Бодеова низа) приближно ја востановил средната оддалеченот на првите седум планети од Сонцето. Бил директор на Британската опсерваторија.

1798.- Роден е францускиот филозоф и математичар Огист Конт, еден од основачите на филозофијата на позитивност и основач на социологијата. Дела: „Курсот на позитивната филозофија“, „Системот на позитивната политика“ и други.

1809.- Во Бостон е роден Едгар Алан По, северноамерикански поет и раскажувач. Неговата лирика се одликува со меланхоличност и тага. Автор е на бројни куси. Книги: „Гавранот и други песни“, „Авантурите на Артур Гордон Пим“,"Црна мачка". Умрел во Балтимор, на 7 октомври 1849 година.

1813.- Роден е англискиот инженер Хенри Бесемер, кој во 1855 година ја пронашол постапката за преработка на суровото железо во челик, наречена „Бесемерова постапка“. Челичарницата која во 1859 година ја подигнал во Шефилд и денеска произведува челик.

1839.- Роден е Пол Сезан, прочуен француски сликар. Во почетокот го следел импресионистичкиот правец, но подоцна создал оригинален стил со синтеза на облици на тонови во природата. Неговото сфаќање на уметноста било револуционерно и предизвикало преобразба на сликарството во светот. Од делата најпознати му се "Сина ваза", "Коцкари", "Планината Сен-Виктор", "Капачки" и други. Умрел на 22 октомври 1906 година.

1851.- Умрел Естебан Ечевериа, аргентински писател, социолог и борец против диктаторското самовладеење. Главни негови дела се „Елвира или свршеничката од Ла Плата“ и „Социјалистичка догма“. Роден бил во 1805 година.

1879.- Во ресен е роден Симеон Радев, истакнат македонски новинар и виден бугарски публицист, историчар и дипломат. Бил близок до Централниот комитет на Македонската револуционерна организација и Македонскиот комитет на Борис Сарафов. Во Женева го издавал (на француски јазик) весникот “L’ Effort” (1900-1901), а по дипломирањето во Париз го редактирал весникот „Mouvement Macedonien” (Македонско движење) (1902-1903). Автор бил на една од првите истории на Третата бугарска држава - „Градители на современа Бугарија“. Бил бугарски дипломатски претставник во Букурешт, Берн, Хаг, Анкара, Вашингтон, Лондон и Брисел, исто така и прв бугарски претставник во Друштвото на народите во Женева. Истакнат член на Македонскиот научен институт. Симеон Радев бил член и на бугарската делегација при потпишувањето на Букурешкиот договор во 1913 година. Другите дела: "Македонија и бугарската преродба во ХIХ век", "Рани спомени", "Тоа што го видов во Балканската војна". Умрел во Софија во 1967 година.

1920.- Роден е перуанскиот дипломат Хавиер Перес де Куељар, кој во 1982 година бил избран за генеален секретар на Обединетите нации. На оваа функција бил 10 години.

1925.- Во Битола е роден Кирил Македонски, македонски композитор чие име е поврзано со настанувањето на првата македонска национална опера „Гоце“, која својата прва премиера ја доживеала во Скопје, во 1954 година. Пред операта „Гоце“ го привлекол вниманието на себе со синфониската поема „Танчарка“. На 5 ноември 1968 година на сцената на Операта при МНТ во Скопје била изведена неговата втора опера во четири чина со епилог „Цар Самуил“. Покрај камерни творби, тој пишувал музика и за радиодрами и театарски пиеси, за краткометражни филмови, како и за играниот филм „Македонска крвава свадба“. Умрел во Скопје, на 2 јуни 1984 година.

1938.- Умрел српскиот писател Бранислав Нушиќ, голем комедиограф, член на Српската кралска академија. Дела: „Сомнително лице“, „Госпоѓа министерка“, „Народен пратеник“, „Протекции“, „Патот околу светот“, „Д-р“, „Свет“, „Мистер долар“ и многу други.

1938.- Во шпанската граѓанска војна воздухопловството на генералот Франциско Франко, подоцна диктатор на Шпанија, ги бомбардирало Барселона и Валенсија при што загинале најмалку 700 луѓе.

1941.- Во Охрид е роден Климе Савин, македонски пливачки маратонец и спортски работник. Умрел во Скопје, на 12 јануари1995 година.

1947.- Во Скопје било основано Друштвото на музичарите на Македонија.

1966.- Индира Ганди била избрана првпат за шеф на владата на Индија, осум дена по ненадејната смрт на премиерот Лал Бахадур Шастри.

1970.- Во Сараево умрел Хамза Хумо, познат босанско-херцеговски поет, раскажувач и романсиер. Покрај неколку збирки песни ги напиша и романите „Грозден кикот“ и „Зграда во урнатини“, како и драмата „Три света“. Роден бил во 1895 година.

1988.- Во Игало умрел Павле Бидев, првиот македонски шаховски мајстор. Тој ја имал издадено и првата шаховска книга во Македонија, „Шахот, симбол на космосот“. Роден бил во 1912 година.

1989.- Советскиот Сојуз соопштил дека еднострано од Европа ќе повлече дел од нуклеарните ракети со краток домет.

1994.- Во Скопје, во издание на Асоцијацијата на европските студентски структури - АЕЖЕ при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј", е промовиран првиот број на студентскиот магазин "Јуроп".

1997.- Во Скопје умрел Тодор Тони Шулевски, македонски балетски играч, првенец на Балетот на МНТ. Зад себе оставил осумдесеттина улоги. Роден бил во 1932 година.

2000.- Во Скопје, во Воената болница, под раководство на кардиохирургот д-р Жан Митрев, ебилотворен првиот Центар за кардиохирургија во Република Македонија.

2006.- Умрел американскиот соло-пејач Вилсон Пикет, кој во 60-ите години на дваесеттиот век се прославил со хитовите како што се „Mustang Sally“ и „In The Midnight Hour“.

2006.- Американската агенција за вселенски истражувања НАСА ја лансирала првата своја сонда на Плутон.

2006.- Во несреќата на словачкиот воен авион, кој се урнал во северисточна Унгарија, загинале 35 словачки војници од составот на меѓународните косовски сили КФОР, и осум членови на екипажот.

2007.- Умрел Дени Доерти, член на популарната фолк-рок група од 60-ите години „Mamas edn Papas“, позната по хитовите како што се „Kalifornija drimin“ и „Mandej, mandej“.

2022.- Почина Нусрет Дишо Улку, писател од турската националност, автор за деца и млади, преведувач. Беше член на Друштвото на писатели на Македонија од 1967 година. Автор е на поетските збирки: „Деца и дрвја“ (1963) „Детски раце” (1967), „Триаголник“ (1968), „Од сѐ по нешто“ (1977), „Море и јас“ (1974), „Епопеја“ (1976), „Внатрешен рев“ (1988), „Големи деца“ (1992), „Затворена љубов отворено писмо“ (2011) и на прозните дела „Црниот Исмет“ (1973) и „Три мечиња“ (1992). Роден бил на 24 март 1937 година во Призрен, Косово.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Жешка одбојкарка

Атрактивната Кајла Симонс , која важи за најсекси одбојкарка во светот, ги воодушеви своите обожаватели со најновата објава на Инстаграм.

Фото: Жешка одбојкарка

Оваа 31-годишна девојка, поранешна универзитетска одбојкарка, а денес инфлуенсерка и модел, сподели неколку фотографии на кои позира на плажа.

Со текот на годините, Кајла стекна голема база на обожаватели и има речиси милион следбеници на Инстаграм.

Нејзината најнова објава прикажа дека 31 годишната екс одбојкарка ужива на егзотичните Бахами.

На фотографиите таа носи светлозелено бикини кое ги истакна сите нејзини облини. На некои од нив позира легната покрај морето, додека на друга го покажува своето тело покриено со песок.

Нејзината објава собра многу допаѓања и коментари. „Не сум сигурен дали песокот некогаш изгледал вака добро“, „Апсолутно прекрасна“, „Божица“ – ова се само дел од коментарите под објавата.

За време на студиите на Универзитетот „Маршал“, Кајла играла одбојка. Таа се откажа од професионална одбојкарска кариера по завршувањето на четиригодишните студии, поради притисок и конфликти со универзитетската управа, која барала од неа да отстрани фотографии од Инстаграм и да го избрише својот профил.

Сега убавата Кајла е инфлуенсерка и модел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алта банка – Битола: Експозитурите нема да работат со клиенти

Од Алта банка – Битола информираат дека од 2 ноември 2026 година (понеделник), експозитурите на АЛТА банка АД Битола привремено нема да работат со клиенти, до дополнително известување.

Алта банка – Битола: Експозитурите нема да работат со клиенти

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Хрватска за стар автомобил може да добиете 0,181 евро по килограм,

За стар автомобил во Хрватска можете да добиете 0,181 евро по килограм. Многу луѓе не го искористуваат ова.

Во Хрватска за стар автомобил може да добиете 0,181 евро по килограм,

Во Хрватска, во текот на изминатите неколку години се собрани приближно 200.000 возила кои го завршиле својот животен век; сепак, стотици локации сè уште се користат за нивно несоодветно одлагање.

Ова продолжува и покрај фактот што граѓаните можат да добијат паричен надомест доколку го предадат старото возило на овластен собирач.

Фондот за заштита на животната средина и енергетска ефикасност, кој управува со системот за собирање и преработка на возила што го завршиле својот животен век, нема прецизни податоци за бројот на таквите локации или за вкупниот број на отфрлени автомобили.

„Се проценува дека во Хрватска постојат стотици локации каде што ваквите возила несоодветно се одлагаат“, изјави за агенцијата „Хина“ Мирко Будиша, заменик-директор на Фондот.

Граѓаните кои ќе предадат возило што е на крајот од својот животен век на овластен собирач, можат да добијат исплата од 0,181 евро за секој килограм од тежината на возилото, под услов да се исполнети пропишаните услови.

Тоа значи дека сопственикот на автомобил со тежина од 1.300 килограми би можел да добие приближно 235 евра. За помалите автомобили – како што се „Renault Clio“, „Volkswagen Polo“, „Peugeot 208“, „Toyota Yaris“ или „Fiat 500“ – кои често тежат помалку од 1.200 килограми, исплатата би можела да изнесува околу 200 евра.

Фондот им исплаќа на граѓаните приближно 4,5 милиони евра годишно за предавање на возила што се на крајот од својот животен век.

Хрватскиот систем, на тој начин, се разликува од практиката во земји како Германија, Холандија и Шведска, каде што акцентот е ставен на бесплатно предавање на возилата на овластени собирачи.

Минатата година се одјавени 2.475 возила поради дотраеност Според податоците на Центарот за возила на Хрватска, станиците за технички преглед во 2025 година одјавиле вкупно 2.475 возила поради нивната дотраеност.

Сопствениците можат да извршат одјава на возилото од различни причини, меѓу кои е и фактот дека тоа го достигнало крајот на својот животен век. За одјава врз оваа основа е потребен посебен образец, издаден од овластен објект за третман на возила на крајот од нивниот животен век.

Бројката од 2.475 одјавени возила не ги опфаќа сите автомобили што влегле во системот за собирање возила на крајот од нивниот животен век во текот на годината, туку само оние што биле одјавени бидејќи го достигнале крајот на својот животен век.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер