На денешен ден - Канал 5

На денешен ден

19 април 2025.

На денешен ден

885.- Во Моравија умрел Методиј Солунски, постар брат на Константин Филозоф - Кирил, двајцата македонски и сесловенски учители и просветители. Создавајќи ја првата словенска азбука, преведувајќи ги на словенски јазик најпотребните богослужбени книги, издигнувајќи еден македонски говор на прв словенски книжевен јазик и формирајќи силни следбеници, како што беа нивните ученици Климент Охридски, Константин Брегалнички и други словенски просветители, Кирил и Методиј станале најзаслужни за словенската просвета, богослужба и култура. Методија е роден околу 825 година.

1587.- Британската флота под команда на адмиралот Френсис Дрејк го освоила градот Кадис во Шпанија. Шпанската „непобедлива армада“ била уништена во наредните неколку години во Ла Манш.

1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски економист, главен претставник на англиската класична школа, приврзаник на теоријата за работната вредност. Во 1809 година го објавил памфлетот „Цената на златото“. Најпознато негово дело е „Принципи на политичката економија“. Умрел во Лондон, на 11 септември 1823 година.

1775.- Американската војна за независност почнала со поразот на Британците кај Лексингтон и Конкорд.

1783.- Конгресот на САД објавил дека со победа завршила војната за независност од Велика Британија.

1906.- Во Париз умрел Пјер Кири, француски физичар и хемичар. Заедно со својата сопруга Марија Кири ги удрил темелите на науката за радиоактивноста, пронаоѓајќи два важни елемента: радиумот и полониумот. Роден бил во 1859 година.

1911.- Во Португалија била одвоена црквата од државата.

1921.- Стапил на сила законот за поделба на Ирска - на Република Ирска и Северна Ирска, која остана дел од Велика Британија. Независноста е резултат на многубројните востанија на Ирците, па британската влада, немоќна со оружје да го спречи бунтот, го поделила Островот и на поголемиот дел му ја признала независноста.

1945.- Американските војници во Втората светска војна го зазеле германскиот град Лајпциг.

1967.- Умрел германскиот државник Конрад Аденауер, канцелар на Западна Германија од 1949 година до 1963 година.

1971.- СССР ја лансирала вселенската станица „Салјут“ во орбитата околу Земјата.

1975.- Од космодромот Бајконур со советска ракета бил лансиран првиот индиски вештачки сателит.

1984.- Лансиран бил првиот кинески телекомуникациски сателит. Пред Кина тоа им успеало само на Советскиот Сојуз и на САД.

1993.- Кралството Холандија ја признало независноста на Република Македонија.

1995.- Во експлозија во една федерална зграда во американскиот град Оклахома Сити загинале најмалку 168 луѓе.

2000.- Во најтешката несреќа во историјата на филипинското воздухопловство загинале 131 патник и членови на екипажот кога авион на компанијата „Ер Филипинс“ се урнал во близина на градот Давао во јужниот дел на Филипините.

2005.- Конклавата на кардиналите на Римокатоличката црква го избрала германскиот кардинал Јозеф Рацингер за нов папа. Тој го избрал името Бенедикт Шеснаесетти. Изборот на новиот папа бил означен со бел чад од Сикстинската капела и бил потврден со биење на камбаните десетина минути подоцна од базиликата „Свети Петар“. Бенедикт Шеснаесетти е 256-ти по ред избран папа и е првиот Германец избран за понтиф по 480 години.

2007.- Умрел францускиот актер Жан-Пјер Касел. Роден е во Париз во октомври 1932 година како син на доктор и оперска пејачка. Филмови: „Среќен пат“, „Тројцата мускетари“ и „Четворицата мускетари“, „Дискретниот шарм на буржоазијата“, „Пекол“, „Церемонија“ „Pret-a-porte“.

2023.- На 81-годишна возраст, почина Хилдегард – Хилда Кондовска, телевизиски новинар од првите генерации на МТВ. Својата долга и богата новинарска кариера ја започнала во 1962 година, по враќањето од Италија, каде ги посетувала курсевите што во тоа време ги организирало RAI – Италијанската радио телевизија. Кондовска била новинар, коментатор и уредник на Редакцијата за култура и уметност на ТВ Дневникот на МТВ, каде што го минала најголемиот дел од работниот век. Во Културната редакција на МТВ ја поминала цела 1992 година. Зад себе оставила големо новинарско наследство, како уредник на серија емисии за македонските цркви и манастири, портрети на современи писатели, композитори, драмски, музички, балетски и ликовни уметници, а била и автор на емисии од историјата на македонскиот театар, градот Скопје и други. Кондовска работела и за весниците Нова Македонија, Вечер, Културен живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местото

Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, каде што во моментов се интервенира со ангажман на поголем број екипи од ТППЕ Кавадарци.

Јанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местото

Според првичните информации од терен, постојат индиции дека пожарот е предизвикан од човечки фактор. Надлежните служби ќе ги утврдуваат околностите за неговото настанување.

Противпожарните екипи се на терен и активно работат на ставање на пожарот под контрола и спречување на неговото понатамошно ширење. Општина Кавадарци ја следи состојбата, а екипите ќе останат ангажирани до целосно локализирање на пожарот.

Апел до граѓаните да не се приближуваат до местото на пожарот и да ги почитуваат упатствата на надлежните служби, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манчестер Сити купува голем бразилски талент

Богатиот англиски премиерлигаш Манчестер Сити е пред финализирање на трансферот на Алан од Палмеирас, а бразилскиот клуб ќе добие најмалку 40 милиони евра за својот 22-годишен фудбалер.

Манчестер Сити купува голем бразилски талент

Како што пренесува бразилскиот „ESPN“, двата клуба практично го финализираа договорот во понеделникот, а точно 40 милиони евра беше минималниот износ што Палмеирас го бараше уште од почетокот на преговорите. Покрај фиксниот износ, Сити ќе исплати и дополнителни бонуси во зависност од резултатите на Алан, за чија висина сè уште се преговара.

Бразилецот веќе има подготвено долгорочен договор со Манчестер Сити, каде што се смета за идеална замена за својот сонародник Савињо, кој е пред заминување од клубот и преговара за трансфер во Тотенхем.

YouTube video

Алан ги мина претходните две сезони во првиот тим на Палмеирас и стана еден од играчите во кои тренерот Абел Фереира имаше најголема доверба. Тој одигра 96 официјални натпревари за бразилскиот клуб, постигна девет гола и забележа 12 асистенции. Во претходните месеци интерес за него покажаа и Наполи, Њукасл и Астон Вила, но ниту еден од тие клубови не успеа да постигне конкретен договор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Косопственикот на „Лидс“ и „Фортинерс“ уапсен за проституција

Милијардерот Џед Јорк, косопственик на „Лидс“ и „Сан Франциско Фортинерс“, е уапсен минатиот викенд во Охајо поради плаќање за проституција.

Косопственикот на „Лидс“ и „Фортинерс“ уапсен за проституција

Според судските документи до кои во понеделникот дојде „Калифорнија пост“ (The California Post), Јорк стапил во контакт со жената преку веб-страница за проституција и се договорил да плати 140 долари во замена за сексуални услуги. Согласно договорот, тој се упатил кон кампот за мобилни куќи „Вит Хил“ (Weat Hill), каде што бил уапсен.

Обвинителството го преиначило првичниот обвинителски акт за вршење проституција во поблаго обвинение за нарушување на јавниот ред и мир, а тој бил обвинет и за поседување оружје.

Според американските медиуми, Јорк бил осуден на еден ден затвор за секоја точка од обвинението, при што казните се извршувале истовремено. Тој бил пуштен на слобода откако платил кауција од 5.000 долари, како и парични казни од 150 долари за недолично однесување и 1.000 долари за поседување огнено оружје.

Јорк е мнозински сопственик на НФЛ-франшизата „Сан Франциско Фортинајтерс“ (San Francisco Fortnighters), а поседува и сопственички удели во фудбалските клубови „Лидс“ и „Глазгов Ренџерс“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер