На денешен ден - Канал 5

На денешен ден

9 септември 

На денешен ден

1087.- Умре англискиот крал Вилијам Први, наречен Вилијам Освојувачот, кој пред доаѓањето на престолот во 1066 година беше нормански војвода. Тој е првиот нормански крал на Англија, творец на англискиот феудализам. Како англиски монарх ги конфискувал имотите на англосаксонското благородништво. Ова негово освојување го означи почетокот на новата епоха во историјата на Англија.

1513.- Загина шкотскиот крал Џејмс Четврти во битката против Англичаните кај Флудена, по упадот во покраината Нортамберленд. Во битката неговите сили доживеаја огромен пораз. На престолот дојде во 1488 година, наследувајќи го својот татко Џејмс Трети, кој беше убиен од побунетите. Набрзо тој ги скроти побунетите и на земјата и обезбеди внатрешна стабилност, а ја зацврсти и монархијата. За него кобна беше обновата на непријателството со Англичаните која кулминираше со инвазија на Нортамберленд.

1585.- Роден е францускиот државник, кардиналот Ришел, кој како семоќен министер за надворешни работи и војска, на кралот Луј Тринаесетти му постави цел Франција да ја направи прва сила во Европа. Градејќи апсолутистичка монархија го ограничи влијанието на црквата, папата и на благородништвото. Го задуши востанието на хугенотите и ги лиши од политички права, но им ја остави верската слобода. Земјата ја воведе во Триесетгодишна војна со цел да ја ослабне моќта на Германското царство (Хабзбург). Во текот на верската војна Франција, иако е католичка земја, војуваше на страната на протестантите. Го продолжи колонијалното ширење на Франција и почна со колонизација во Северна Америка (Квебек). Помогна во развојот на земјоделството, трговијата и образованието. Во 1635 година ја основа Француската академија.

1737.- Роден е Луиџи Галвани, италијански физичар. Како прв професор по анатомија на Универзитетот во Болоња го откри галвановиот електрицитет. Според него се наречени еднонасочните електрични струи и голем број електрични процеси и постапки. Умрел во 1798 година.

1776.- Воведен е официјалниот назив Соединети Американски Држави наместо Обединети Колонии кој дотогаш беше во употреба.

1828.- Во Јасна Полјана е роден Лав Николаевич Толстој, руски писател, ненадминат раскажувач, романописец, драматичар и општествен реформатор. Делата ги создаваше спонтано и според уметничка совест, донесувајќи поетска целосна вистина. Како аналитичар и просветител се истакнува со делото "Војна и мир". Неговите дела и идеологија значително влијаеја врз европската мисла и литература. Умре во Астатово, на 20 ноември 1910 година.

1835.- Во Франција се усвоени т.н. „септемвриски закони“ со цел сузбивање на радикалното левичарско движење и воведување цензура во печатот.

1898.- Умре францускиот писател Стефан Маларме, кој значително влијаеше врз наредните генерации на француските литерати. Дело: „Песни и проза“.

1901.- Умре Анри де Тулуз-Лотрек, француски сликар, голем мајстор на литографијата чии омилени мотиви беа личности и настани од ноќниот живот на Монпаранс во Париз. Роден е во Париз, на 24 јуни 1864 година.

1914.- Со успешна контраофанзива на француските трупи, потпомогнати од британскиот експедициски корпус, во Првата светска војна по четири дена тешки борби заврши првата голема битка на реката Марна во Франција. Во битката германската загуба е проценета на 800.000 луѓе.

1920.- Во Тетово е роден Тодор Циповски - Мерџан, народен херој на Југославија, од Македонија. Во борбата против балистите загина во селото Белчица, Мавровско, на 19 септември 1944 година.

1944.- Царството Бугарија капитулира по пробивот на единиците на Црвената армија и по избувнувањето на народното востание. - Национален празник на Бугарија.

1948.- По повлекувањето на советската војска, на север на Корејскиот Полуостров прогласена е Демократска Народна Република Кореја. - Национален празник на Демократска Народна Република Кореја.

1976.- Во Пекинг умре Мао Це Тунг, кинески револуционер, теоретичар и државник. Тој е основач на првите марксистички групи во земјата и еден од основачите на КП на Кина, која под негово водство ги освои клучните победи во ослободителната војна против јапонската инвазија и во Големата кинеска револуција. Роден е на 26 декември 1893 година.

1984.- Во Париз умре Јилмаз Гинеј, турски синеаст и писател, еден од најталентираните светски филмски творци. Роден е во 1937 година.

1991.- Советската Република Таџикистан прогласи независност.

1993.- Израел и ПЛО се договорија за меѓусебно признавање.

1994.- Започна со работа Постојаната мисија на Република Македонија при Обединетите нации во Виена.

1994.- Кај Питсбуг, Пенсилванија, во САД, се урна американски авион од типот „боинг 737“, при што загинаа сите 131 патник и членови на екипажот.

1996.- Воспоставени се целосни дипломатски односи меѓу СР Југославија и Република Хрватска.

1999.- Во експлозија на бомба која во Москва во станбена зграда ја подметнаа чеченски исламски терористи загинаа најмалку 94 луѓе.

2001.- Смртно е ранет Ахмад Шах Мусад, долгогодишен водечки герилски командант во Авганистан во борбата против владејачките талибанци. Масуд умре пет дена подоцна.

2003.- Умре американскиот нуклеарен физичар Едвард Телер, наречен „татко на хидрогенските бомби“, еден од најистакнатите физичари на 20. век. Докторираше во 1930 година во Лајпциг, каде заедно со Вернер Хајзенберг го поставија темелот на нуклеарна физика.

2004.- Во Флинтриџ, Калифорнија, САД, умре Френк Томас, легендарен аниматор на "Волт Дизни". Работеше на речиси сите познати анимирани филмови на Дизни, од "Снежана и седумте џуџиња" до "Пинокио" и "Бамби". Роден е во 1912 година.

2015.- Британската кралица Елизабета Втора одбележува 63 години и седум месеци на престолот, што претставува најдолг „стаж“ на еден монарх во историјата на Велика Британија. Кралицата, која има 89 години, го надмина досегашниот рекорд што до денеска го држеше нејзината чукунбаба, кралицата Викторија. Според прецизните пресметки што се направени, попладнето во 17,30 часот по британско време, кралицата ќе биде 23.226 денови, 16 часови и 30 минути на престолот на Обединетото Кралство. На престолот таа се наоѓа откако го наследи својот татко, кралот Џорџ Шести, кој почина на 6 февруари 1952 година.

2021.- На 96-годишна возраст во Атина почина познатиот грчкиот композитор, диригент и политичар Микис Теодоракис, препознатлив по неговото дело, музиката за „Гркот Зорбас“. Теодоракис и е познат на македонската јавност по концертот одржан во 1997 година во Скопје, но и по неговата поддршка на протестите против Договорот од Преспа и против употребата на терминот „Македонија“ во името на нашата земја. Според грчките медиуми од 90-те години, за време на неговиот престој во Скопје, Теодоракис го посетил и гробот на Георгиос Алексис Зорбас, а на концертот одржан во МОБ, заедно со македонските уметници, го претставил своето музичко дело „Гркот Зорбас“. На концертот присуствувале и претставници на државниот врв меѓу кои и тогашниот претседател Киро Глигоров. Теодоракис во текот на неговиот живот, освен со музиката, се занимаваше и со политика и во периодот 1990-1992 година беше и министер и пратеник. Теодоракис е роден на 29 јули 1925 година на грчкиот остров Хиос./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата на САД одобри продажба на моќни чипови од Nvidia на „фантомска“ фирма во Кина

Американската администрација одобри продажба на чипови за вештачка интелигенција (ВИ) од компанијата „Nvidia“ на кинески фирми кои се поврзани со субјекти на „црната листа“ на САД.

Владата на САД одобри продажба на моќни чипови од Nvidia на „фантомска“ фирма во Кина

Постои зголемена загриженост дека ниту Министерството за трговија, ниту „Nvidia“ не спроведуваат темелна проверка при одобрувањето на кинеските фирми кои добиваат дозвола за ракување со чиповите „H200“ на „Nvidia“, наменети за вештачка интелигенција. Според весникот „The New York Times“, компанијата наречена „New Matrix“ се наоѓа на списокот на одобрени субјекти, иако нејзините канцеларии се празни – опишани како „празна сива школка, со жици што висат од таванот, таму каде што треба да има светилки“. Всушност, весникот пронашол многу малку докази дека компанијата воопшто постои во некаков реален облик:

„На интернет има многу малку информации за ’New Matrix‘, компанија основана пред 17 месеци. Името на фирмата го нема во списокот на станари во зградата што таа ја наведува како своја адреса. Во канцеларијата за управување со индустрискиот парк, која се наоѓа во близина, и рецепционерот и менаџерот изјавија дека немаат никаква евиденција за постоењето на оваа компанија“, пренесува „NYT“.

Дури и оние малку достапни информации за „New Matrix“ се загрижувачки. Нејзините сопственици се поврзани со кинески инвестициски фонд кој од 2024 година се наоѓа на „црната листа“ на американската влада. Според „The Times“, ова не е изолиран пропуст, туку загрижувачки тренд при кој на компании поврзани со субјекти кои подлежат на трговски ограничувања – воведени од причини поврзани со националната безбедност – им се дозволува да купуваат чипови од „Nvidia“.

За време на претседателствувањето на Бајден, „Nvidia“ се соочи со ограничувања за продажба на чипови во Кина. Сепак, администрацијата на Трамп ги олесни овие ограничувања откако „Nvidia“ се согласи да ѝ отстапи на владата 15 отсто од својата вкупна продажба. Извршниот директор на компанијата, Џенсен Хуанг, исто така започна интензивна кампања за лобирање, а според извештаите, тој бил цел на кинеското Министерство за државна безбедност во рамките на шпионска операција.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија собра 47 бомбардери способни за носење нуклеарно оружје во една база

Русија собра дури 47 стратешки бомбардери, способни за носење нуклеарно оружје, во една воздухопловна база на Далечниот Исток.

Русија собра 47 бомбардери способни за носење нуклеарно оружје во една база

Според податоците од проектот „АвиВектор“, кој го следи движењето на воените авиони, ова ги опфаќа речиси сите бомбардери од типот „Ту-160“ и „Ту-95МС“ со кои моментално располага руската војска.

Во воздухопловната база „Украинка“, лоцирана во руската Амурска област, моментално се наоѓаат 10 бомбардери „Ту-160“ и 37 бомбардери „Ту-95МС“. Украинскиот воен портал „Дифенс експрес“ наведува дека ова би можело да претставува најголема концентрација на руска стратешка авијација на едно место, откако во февруари 2022 година започна инвазијата врз Украина.

Девет бомбардери преместени за неколку дена

Според „АвиВектор“, на почетокот на ноември Русија префрлила осум бомбардери „Ту-95МС“ и еден бомбардер „Ту-160“ во базата „Украинка“. Овие летала претходно биле стационирани во воздухопловните бази „Енгелс“ и „Олења“ – објекти што руската војска ги користи за изведување напади врз Украина.

Аналитичарите од „Дифенс експрес“ сметаат дека е можно овие девет бомбардери да учествувале во голем руски ракетен напад врз Украина во текот на ноќта на 3 ноември, пред да бидат преместени на Далечниот Исток.

Податоците објавени од „АвиВектор“ на 7 ноември покажуваат дека, по овие преместувања, во базата „Олења“ останал само еден авион „Ту-95МС“.

Зошто Русија ги преместува своите бомбардери толку далеку? Една можна причина за преместувањето е заштита на вредните летала од украински напади со беспилотни летала. Во текот на војната, руските воздухопловни бази постојано биле цел на вакви напади, при што базата „Енгелс“ во Саратовската област била особено изложена.

Базата „Украинка“ се наоѓа на повеќе од 6.000 километри од украинската граница, што значително ги отежнува евентуалните напади врз леталата стационирани таму.

Според „Дифенс експрес“, руските бомбардери во „Украинка“ се паркирани на отворено, без соодветни заштитни хангари. Аналитичарите сметаат дека руската команда се потпира на големата оддалеченост на базата од Украина. Русија сè уште нема завршено со изградбата на заштитни хангари.

Претходно, Русија започна со изградба на заштитни хангари за стратешки бомбардери во базата „Енгелс“, која се наоѓа многу поблиску до Украина.

Било планирано да се изградат до 20 вакви хангари. Сепак, сателитските снимки од октомври покажуваат дека за некои од објектите биле поставени само рамки.

„Дифенс експрес “ сугерира дека, како резултат на тоа, Русија можеби одлучила да премести голем дел од својата флота бомбардери во оддалечена база, наместо да ги задржи во „Енгелс“ без соодветна заштита.

Сепак, ова преместување го отежнува изведувањето на напади врз Украина, бидејќи авионите сега мора да поминуваат значително поголеми растојанија. Базата „Украинка“ се наоѓа на приближно 5.400 километри од „Енгелс“.

Што претставуваат бомбардерите „Ту-160“ и „Ту-95МС“?

„Ту-160“ е еден од најголемите и најбрзите стратешки бомбардери во светот. Тој може да носи крстосувачки ракети опремени со конвенционални или нуклеарни боеви глави.

„Ту-95МС“ е постар турбоелисен бомбардер, кој Русија исто така го користи за лансирање крстосувачки ракети со долг дострел. Двата типа авиони се клучна компонента на руската стратешка авијација.

Иако се способни да носат нуклеарно оружје, Русија ги користи и за време на војната за изведување напади врз украински цели со употреба на конвенционални ракети.

Нема потврда за подготовки за нуклеарен напад

Извештаите за концентрацијата на бомбардери не значат дека Русија подготвува нуклеарен напад. Засега, експертите ова преместување го припишуваат првенствено на заштитата на авионите и на прилагодувањата во нивното распоредување.

Понатаму, не постои независна официјална потврда за точниот број на авиони во воздухопловната база „Украинка“. Овие бројки се засноваат на следење на движењата на руските бомбардери и анализа на јавно достапни информации.

Според проценките објавени од „Дифенс експрес“ во август, Русија во тоа време располагала со 13 оперативни бомбардери „Ту-160“ и 38 бомбардери „Ту-95МС“. Доколку најновите податоци се точни, речиси целата оперативна флота од овие два типа авиони моментално се наоѓа во воздухопловната база „Украинка“.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно време со температура до 21 степен, заладување од сабота

Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло, информираат од УХМР.

Утре променливо облачно време со температура до 21 степен, заладување од сабота

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС)

11 Попова Шапка, 12 Крива Паланка, Тетово, Лазарополе, 14 Виница, Крушево, 15 Скопје-Зајчев Рид, Маврови Анови, 16 Скопје-Петровец, Велес, Демир Капија, Струмица, Гевгелија, 17 Штип, Берово, Претор, Кавадарци, 18 Охрид, Битола, 19 Прилеп.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа до 16 часот во (l/m2)

2 Лазарополе, 1 Крива Паланка, Охрид, Маврови Анови, Попова Шапка.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денеска беше променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови по одделни котлини имаше појава на слаба магла. Во западните и северните делови имаше повремен слаб дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец.

До крајот на денот ќе се задржи променливо облачно со услови за слаб локален дожд во крајните западни региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно и релативно топло. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.

Во Скопје, претежно облачно, во делови од котлината ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во петок ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер