На денешен ден - Канал 5

На денешен ден

17 март

На денешен ден

45.п.н.е.- Јулиј Цезар во битката кај Мунда во Шпанија убедливо ги поразил силите предводени од синовите на Гнеј Помпеј Велики, кои загубиле повеќе од 30.000 борци.

180.- Умрел Марко Аврелиј, римски цар (161-180) и филозоф. Во афористичка форма го напиша делото „Писма до самиот себе“ во 12 книги. Роден е на 26 април 121 година.

1190.- Во Јорк, во Англија, биле масакрирани повеќе од 500 Евреи.

1526.- Францускиот крал Франсоа Први бил ослободен од ропство во кое се нашол во февруари 152

италијански град Павио, ги поразил француско-швајцарските трупи кои биле под негова команда.

1649.- Англискиот Парламент го распуштил Домот на лордовите (Горниот дом) во време на владеењето на Оливер Кромвел, победник во граѓанската војна со која во 1648 година бил поразен кралот Чарлс Први.

1754.- Родена е Жана Мари „Манон Флипон“ Ролан, позната како Мадам Ролан, која во времето на Француската револуција во својот салон во Париз ги собирала сите писатели и останати уметници и политичари. Во 1793 година во текот на јакобинската диктатура била гилотинирана, по што нејзиниот сопруг извршил самоубиство.

1813.- Франција му објавила војна на прускиот крал Фридрих Вилхелм Трети, еден од најжестоките непријатели на Француската револуција.

1834.- Роден е германскиот инженер Готлиб Вилхелм Дајмлер кој во 1883 го конструирал првиот автомобилски бензински мотор. Тој мотор им овозможил брзина на возилата од 18 километри на час. Во 1890 година ја основал компанијата „Дајмлер Моторен-Гезелшафт“ која 26 години по неговата смрт, во 1926 година се споила со фабриката Карло Бенц во компанија „Дајмлер-Бенц“, производител на автомобилите „мерцедес“.

1836.- Тексас прокламирал републикански устав и независност од Мексико.

1846.- Умрел германскиот астроном и математичар Фридрих Вилхелм Бесе, основач и прв директор на Кенигсбершката опсерваторија. Врз основа на геодетските пресметки излегол со нови податоци за обликот и димензиите на Земјата. Работел на усовршувањето и на некои математички методи во астрономијата.

1891.- Воспоставена била првата телефонска врска меѓу Лондон и Париз. Првата телефонска линија во Европа била отворена во 1877 година во Берлин, во Германија. Пет години подоцна Берлин ја добил првата телефонска централа само со 48 претплатници. Тоа биле почетоците на телефонскиот сообраќај кој со голема брзина го освоил светот.

1914.- Во Загреб умрел Антун Матош, голем хрватски поет, раскажувач, хуманист и новинар. Со својата работа станал духовен водач на новите генерации писатели. Пишувал мошне забележливи критики за хрватската и за српската литература и бил одличен стилист. Најпознати негови дела се „Иверки“, „Нои иверки“, „Огледи“, „Видици и патишта“, „Уморени раскази“, „Нашите луѓе и краишта“, „Печалба“, „Песни“ и други. Роден е во Товарник, на 13 јуни 1873 година.

1921.- Во Полска бил прогласен уставот со кој било воведено парламентарното владеење, но во наредните пет години честите смени на десничарските кабинети не успеале да ја стабилизираат тешката политичка и економска криза во земјата, проследена со многу штрајкови. Во 1926 година маршалот Јозеф Пилсудски извршил државен удар и во земјата завел диктатура со привидно зачувување на парламентаризмот.

1938.- Роден е рускиот балетан Рудолф Хаметович Нуреев, една од најголемите ѕвезди на светската балетска сцена во 20. век. На Запад емигрирал по гостувањето во Париз во јуни 1961 година. Запаметен е по незаборавните главни улоги во многу балети, вклучувајќи ги „Лебедово езеро“, „Жизел“.

1939.- Британскиот премиер Невил Чембрлен го обвинил нацистичкиот водач Адолф Хитлер за „прекршување на зборот“, бидејќи германските трупи влегле во Чехословачка. Велика Британија и останатите западни сили со ништо не придонесле за спречување на расцепувањето на земјата, иако за нејзината безбедност вербално гарантирале.

1944.- Сојузничкото бомбардирање на Австрија во Втората светска војна почнало со повеќе од 200 авионски напади на цели во Виена.

1946.- Формирана била првата младинска бригада на Македонија, која работела на обновата на разурнатиот дел на пругата Скопје - Гевгелија, таканаречената варијанта Клисура - Удово.

1947.- Во Скопје била формирана првата Хируршка клиника во Македонија.

1948.- Велика Британија, Франција, Белгија, Холандија и Луксембург го потпишале Бриселскиот договор за 50-годишен сојуз против вооружените напади во Европа и за економска, социјална и воена соработка, што се смета за зачеток на Европската унија.

1958.- САД од космодромот Кејп Каневерал во орбитата околу Земјата го лансирале вториот американски сателит „Вангард“.

1963.- При ерупција на вулканот Агунг на индонезискиот остров Бали загинале најмалку 11.000 луѓе.

1969.- Голда Меир, како прва жена во историјата на Израел ја презела должноста премиер.

1976.- Умрел Лукино Висконти, италијански филмски режисер и сценарист, еден од зачетниците на неореалистичката филмска школа. Познати се неговите филмови „Земјата трепери“, „Роко и неговите браќа“, „Смрт на Венеција“, „Гепард“. Роден е на 2 ноември 1906 година.

1991.- На референдум мнозинството од советските гласачи се изјасниле за зачувување на Советскиот Сојуз, но набрзо државата се распаднала со формирањето на суверени независни држави на дотогашните републики во Советскиот Сојуз.

1992.- При доаѓањето на делегацијата на Република Словенија, на чело со претседателот Милан Кучан, при пречекот на аеродромот „Скопје“, биле промовирани македонските државни почести. Првпат при пречек на висок гостин била интонирана македонската државна химна „Денес над Македонија се раѓа“, првпат била построена почесната единица на Македонската армија со македонско државно знаме и првпат командантот на почесната единица полковник Стефан Лазаревски на македонски јазик му рапортирал на еден претседател кој допатувал во официјална посета на Републиката. Војниците од почесната единица на сивомаслинестите униформи првпат имале поставено македонски државни симболи.

1992.- На референдумот во Јужна Африка белците со големо мнозинство ги поддржале реформите за окончување на апартхејдскиот систем.

1992.- Република Македонија и Република Словенија воспоставиле дипломатски односи.

1995.- Азербејџанската војска по жестоките борби ја скршила дводневната полициска буна во северните предградија на главниот град Баку, која против претседателот Гајдар Алијев ја предводел заменик-министерот за внатрешни работи Ровшан Јавадов.

2000.- Со уверување за скорешно непостоење на светот, најмалку 530 члена на сектата „Движење за обнова на 10 Божји заповеди“, меѓу кои и 78 деца, извршиле колективно самоубиство со самозапалување во црква во Кунунг во југозападна Уганда, 320 километри југозападно од Кампала, активирајќи мешавина од бензин и сулфурна киселина.

2003.- Врховниот суд на Шпанија на предлог на Владата ја донесол одлуката за трајна забрана на партијата на Батасун, која се смета за политичко крило на вооружената баскијска сепаратистичка група ЕТА. Оваа одлука ја потврдил и Уставниот суд на Шпанија, на 23 март истата година.

2023.- На 60-годишна возраст почина Ленс Редик, актерот познат по улогите во серијата The Wire („Жица“) и серијата филмови Џон Вик. Редик глумеше и во сериите „Изгубени“, „Бош“, „Оз“, како и во филмовите „Ангели кои паѓаат“ и „Гоџила против Конг“. Роден и израснат во Балтимор, Ленс има диплома по музика на Универзитетот во Рочестер и диплома од Јеил.

2023.- Во 73 година од животот почина Хрватката Дубравка Угрешиќ. Дубравка Угрешиќ се етаблираше како една од најистакнатите европски книжевнички и есеистки. Нејзини најпознати наслови се: „Штефица Цвек во челустите на животот“, „Форсирање на романот река“, „Култура на лагите“, „Баба Јага снесе јајце“, „Лисица“. Во егзил кој со текот на времето стана емиграција, нејзините книги се преведени на бројни јазици. Предаваше на повеќе американски и европски универзитети, вклучувајќи го и Харвард, UCLA, Колумбија и Слободниот универзитет во Берлин. Добитничка е на важни книжевни признанија меѓу кои и НИН-овата награда и Меѓународната награда за книжевност Neustadt. Дубравка Угрешиќ живееше и работеше во Амстердам. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светот

Славниот Пол Макартни, член на легендарната група „Битлси“, официјално влезе во друштвото на милијардери.

„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светот

Според проценката на списанието „Форбс“, неговото нето-богатство изнесува најмалку 1,4 милијарди долари, што го прави третиот најбогат музичар во светот.

„Форбс“ ја објави оваа проценка, во првото издание на својот нов билтен „The Billie“, кој е посветен на милијардерите.

Пред 84 годишниот Макартни се наоѓаат само Џеј-Зи, чие богатство се проценува на 2,8 милијарди долари, и Тејлор Свифт, со 2 милијарди долари.

Според „Форбс“, најголемиот дел од богатството на Макартни е поврзан со издавачката компанија „MPL Communications“, која тој ја основал во 1969 година – само неколку месеци пред распадот на „Битлси“.

Преку оваа компанија, тој се стекнал со авторските права на дела од други уметници и композитори. Тука спаѓаат музичкиот каталог на Бади Холи, мјузикли од Бродвеј, како и познати божиќни музички стандарди. „Форбс“ ја проценува вредноста на „MPL“ на најмалку 250 милиони долари. Т

ој, исто така, остварува значителен приход од „Apple Corps“ – компанија во сопственост на членовите на „Битлси“ и нивните наследници. Според „Форбс“, оваа холдинг-компанија генерира повеќе од 50 милиони долари годишно, благодарение на стримингот, продажбата на винилни плочи и производите со обележја на бендот.

Макартни, Ринго Стар, како и наследниците на Џон Ленон и Џорџ Харисон, поседуваат еднакви удели од по 25 отсто во компанијата. Вредноста на секој од овие удели се проценува на над 150 милиони долари. Приходи од музика Друг значаен извор на приход доаѓа од авторските права на песните на „Битлси“.

Во текот на изминатите две децении, Макартни водеше правни битки за да ги поврати правата врз дел од музичкиот каталог.

Според проценките на „Форбс“, овој сегмент му носи најмалку 10 милиони долари годишно, додека вкупната вредност на неговите авторски права се проценува на најмалку 200 милиони долари.

Вкупната вредност на неговиот имот ги вклучува и заработките од концертни турнеи, недвижнини во Обединетото Кралство и во Хемптонс, како и вредна уметничка колекција која содржи дела од Пабло Пикасо и Рене Магрит. Меккартни одби да ги коментира проценките за неговото богатство објавени од „Форбс“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Страшен верижен судир во Бугарија, најмалку 12 загинати, меѓу кои и деца (ВИДЕО)

Голем верижен судир, во кој учествуваа десетици возила, се случи утрово на автопатот „Тракија“ во Бугарија поради густа магла.

Страшен верижен судир во Бугарија, најмалку 12 загинати, меѓу кои и деца (ВИДЕО)

Несреќата се случила околу 7:00 часот наутро во близина на клучката „Зимница“, на 290-тиот километар од автопатот. Според последните информации, 12 лица загинале, а 48 се повредени. Сообраќајот е целосно запрен во двете насоки, пренесува бугарскиот информативен портал „btvnovinite.bg“.

Првата пријава за верижен судир во правец кон Бургас пристигнала околу 7:00 часот, а набргу потоа стигнала и пријава за несреќа во правец кон Софија. Во судирите учествувале патнички автомобили и тешки товарни возила. Еден од камионите се запалил. Поради несреќата, денешната седница на бугарската влада е откажана, а претседателот Румен Радев ги откажа своите планирани обврски во Варна.

Георги Чалаков, регионалниот гувернер на областа Јамбол, потврди дека има жртви и ја опиша ситуацијата како исклучително сериозна. Во регионот е активиран системот за рано предупредување на јавноста „BG-ALERT“.

„Ова е исклучително тешка несреќа, не се сеќавам на ништо слично во Бугарија во последните години“, изјави Дијана Русинова“, претседател на Европскиот центар за транспортни политики.

Русинова додаде дека во судирот учествувала и цистерна со пропан-бутан, што создало дополнителен безбедносен ризик. Според нејзините информации, луѓе – меѓу кои и деца – останале заглавени во некои од возилата. Еден од сведоците раскажа дека асфалтот бил многу влажен, а маглата исклучително густа. Тој опиша како видел камиони во пламен и автомобили што се превртувале во полињата покрај автопатот.

На местото на настанот се испратени возила на итните служби од Јамбол, Сливен и Бургас, како и 14 противпожарни екипи. Повеќе од 20 војници, исто така, помагаат во расчистувањето на теренот. Медицински хеликоптери се во состојба на подготвеност, но одредено време не можеа да стигнат до локацијата поради густата магла. Состојба на повредените

Осум пациенти се примени во болницата во Сливен. „Седуммина се во стабилна состојба, додека едно лице е во критична состојба“, потврди Михаил Кашеров, регионалниот гувернер на Сливен. Во болницата во Јамбол, тројца од повредените се во сериозна состојба, изјави заменик-директорот на болницата, д-р Валентин Валчев.

Автопатот „Тракија“ ќе остане затворен во двете насоки подолг временски период, поради големиот број возила вклучени во несреќата и времето потребно за вршење увид на лице место. Полицијата го надгледува отстранувањето на камионите од местото на настанот за да се расчисти коловозот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лука Дончиќ прогласен за кошаркар на неделата во НБА

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ , е прогласен за играч на неделата во Западната конференција на НБА лигата, е објавено на официјалната веб-страница на најсилната светска лига.

Лука Дончиќ прогласен за кошаркар на неделата во НБА

Лука Дончиќ со неверојатен просек од 45 поени по натпревар заслужено го доби признанието за играч на неделата во НБА лигата.

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ (27), е прогласен за играч на неделата во Западната конференција на НБА лигата, беше објавено на официјалната веб-страница на натпреварувањето.

Минатата недела во НБА лигата, кошаркарите на Лејкерс остварија три победи на три натпревари. Во тој период, Дончиќ имаше просек од 45 поени, 8,3 асистенции, седум скока и 1,3 украдени топки по натпревар.

Словенечкиот репрезентативец по 20-ти пат во кариерата е избран за играч на неделата во НБА, а по петти пат како кошаркар на ЛА Лејкерс.

Сезонава, Дончиќ има просек од 40,1 поен, 7,8 скока и 7,7 асистенции. До просекот од 45 поени по натпревар во текот на неделата тој стигна со постигнати 42 поени против Мајами, 40 против Сакраменто и дури 53 поени против Портланд во саботата.

Меѓу номинираните за признанието кошаркар на неделата на Западот беа и : Дени Авдија (Портланд), Ламело Бол (Минесота), Стефен Кари (Голден Стејт), Шеј Гилџес-Александер (Оклахома), Виктор Вембањама (Сан Антонио) и Остин Ривс (ЛА Лејкерс)

Кошаркарот на Њујорк, Џејлен Брансон, беше прогласен за најдобар играч на Источната конференција во НБА минатата недела. Тој имаше просек од 27,7 поени, 6,3 асистенции и 3,3 скока по натпревар.

Кошаркарите на шампионот Њујорк остварија три победи на три натпревари минатата недела. Кандидати за играч на неделата на Истокот беа Никил Александер-Вокер (Атланта), Јанис Адетокунбо и Клеј Томпсон (Мајами), Џејлен Браун (Филаделфија) и Карл-Ентони Таунс (Њујорк).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер