3Богева Мицовска: Политичкото учество е мостот помеѓу она што го знаеме и она што можеме да го промениме
ЖивотНа денешен ден24 февруари1525.- Во битката кај Павија, во Италија, шпанската армија за првпат во историјата на војните ги употребила пушките „мушкети“ и притоа ја победи француско-швајцарската војска. Во таа битка загинале 14.000 војници. 1779.- Британскиот морепловец и прославен патник околу светот, Џемс Кук, по низа опасни искушенија доживеал неславен крај. Поради непретпазливост на Хаваите, бил убиен во ненадејниот жесток судир со жителите на островот. Роден бил во 1728 година. 1786.- Роден е германскиот писател Вилхелм Грим, собирач на народни бајки и умотворби, кој како и повеќето други дела ги објавувал во соработка со постариот брат Јакоб. Покрај тоа ја проучувал и митологијата. 1815.- Умрел Роберт Фултон, северноамерикански инженер и пронаоѓач. Ја конструирал првата машина за предење лен, во 1807 година го изградил првиот употреблив параброд „Клермонт“, кој запловил по реката Хадсон кај Њујорк, а бил творец и на првиот брод на пареа. Роден бил на 14 ноември 1765 година. 1852.- Роден е англискиот писател од ирско потекло Џорџ Огастас Мур, автор на реалистички и натуралистички романи. Дела: „Модерен љубовник“, „Естер Вотерс“, „Аве“, „Спомени од мртвиот живот“, „Салве“, „Вале“. 1882.- Во Физиолошкото друштво во Берлин, бактериологот Роберт Кох изјавил дека причината за туберкулозата е патогениот микроорганизам со долгнавест облик, кој според него, е наречен кохова бактерија. 1887.- Париз и Брисел станале првите две престолнини поврзани со телефонска врска. 1920.- Во Минхен Хитлер ја објавил програмата на Националистичката странка. 1946.- Хуан Перон бил избран за претседател на Аргентина. 1946.- Во Скопје, на иницијатива на македонските уметници Никола Мартиновски, Лазар Личеноски, Димо Тодоровски, Здравко Блажевиќ, Борко Лазески и на други, било формирано Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ). 1976.- Во Охрид умрел Димитар Митрев, македонски литературен критичар и есеист, публицист, академик, професор на Филолошкиот факултет во Скопје. Негови познати дела се „Пиринска Македонија во борба за национално ослободување“, „Вапцаров“, „Критики и огледи“. Роден бил во Деде Агач, на 4 октомври 1919 година. 1990.- Умрел италијанскиот државник Алесандро Пертини, поранешен претседател на Италија, најпопуларен италијански политичар по Втората светска војна. За шеф на државата бил избран во 1978 година и таа должност ја обавувал до 1985 година, кога се повлекол од јавниот живот. 1991.- Неколку часа по последниот обид на советската дипломатија да го спречи судирот, почнала офанзивата на американските сили и нивните сојузници во Заливската војна против Ирак во која од двете страни учествувале повеќе од 1,3 милион војници. Целта на офанзивата била присилување на Ирак да го напушти Кувајт, кој бил окупиран на 1 август 1990 година. 2003.- Поради штрајк на вработените во НИП „Нова Македонија“ не излегувле весниците „Нова Македонија“, „Вечер“ и „Бирлик“. Весниците почнале одново да излегуваат на 5 март 2003 година. 2006.- Во Скопје на 70-годишна возраст починал спикерот Томе Саздов, еден од дојаените на спикерската професија. Слушателите го паметеле по препознатливиот глас со кој 40 години непрекинато поминал пред микрофоните на Радио Скопје. Саздов бил и еден од првите водители на многу манифестации на македонската естрада, а се занимавал и со проучување на говорот и правоговорот на Македонското радио. 2013.- Во 84-та година од животот починал писателот Петар Костов. Бил член на ДПМ од 1971 година. Роден бил во Битола во 1928 година. Работел во Македонската радио-телевизија. Оставил богат прозен и драмски опус. Автор е на книгите „Бог да го прости Чарли“, „Пак кукуригаат црвените петли“, „Кулата“, „Црвен дожд“, „За виното, водата и Анѓелија“ и други. 2014.- На 55-годишна возраст починал познатиот македонски фоторепортер Чедомир Ненковиќ. Професионално се занимава со фотографија од 1980 година кога почнал да работи како фото-дописник за загрепски „Вјесник“, а подоцна работел во македонските дневни весници „Вечер“, „Дневник“ и во неделниците „Пулс“ и „Дневник 7“. Соработувал и со странските новински агенции Танјуг, Ројтерс, Асосиед прес и ЕПА. Роден бил во 1958 година во Битола. 2020.- На 82-годишна возраст почина Ѓорѓи Желчески, великан на македонската музика, кој долги децении во Белград и Србија ја афирмираше македонската народна музика и заедно со сопругата Кевсер Селимова беа вистински амбасадори на македонскиот мелос. Беше многу талентиран човек во естрадниот свет, можеби и единствен кој има четири дипломи - музичко школо, средно медицинско школо, потоа вишо педагошко училиште и Природно математички факултет (наставник по хемија). Желчески, рано како солист во Радио Скопје, сфатил дека за народната музика која ја носел во своите гени не му треба никакво училиште. Во 1959 година на „Партизанските води“ на Златибор на барање на Маршалот Тито, се одржал фолклорен фестивал од цела Југославија, на кој Скопје како свој претставник го испратил Културниот клуб „Орце Николов“, на кој настапила и Кевсер Селимова. Почнале да пеат и да снимаат во дует, ширејќи ја славата на македонската песна на сите меридијани, а бидејќи 50 години живееја и твореа во Белград, ги нарекуваа амбасадори на македонските песни. Тој ќе остане запаметен со песните, кои во дует ги испеа со Кевсер, меѓу кои се „Елено, ќерко”, „Бело лице љубам јас”, „Врати ми се, љуби ме”, „Брала мома капини” и многу други. Пред седум години во Домот на АРМ во Скопје концертно го прославија пет децениското постоење. 2022.- На 80-годишна возраст почина академик Луан Старова. Академик Луан Старова е роден на 14 август 1941 година во Поградец, Албанија, а од 1943 год. со семејството се преселува и живее најнапред во Струга, кратко време во Тетово, а потоа во Скопје од 1945 година. Во 1979 година бил избран за потпретседател на Републичката комисија за културни врски со странство, бил прв главен и одговорен уредник на македонското издание на Гласникот на УНЕСКО, и член на редакцијата на меѓународното списание „Балкан – Форум“. Во 1985 година бил избран за вонреден и ополномоштен амбасадор на СФРЈ во Тунис. Бил именуван за прв амбасадор на СФРЈ во Палестинската држава. Во 1990 година бил избран за редовен професор по предметот француска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а подоцна и за шеф на катедрата на романски јазици и книжевности. Во 1994 бил именуван за прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Франција, прв постојан претставник во УНЕСКО, и нерезидентен амбасадор во Шпанија и Португалија. За редовен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 27 мај 2003. Бил секретар на Одделението за уметност, а од 1 јануари 2016 е избран за потпретседател на МАНУ. Луан Старова беше и почесен член на Академијата на науките на Албанија, член на Медитеранската Академија во Неапол и на Европската академија на науките во Салцбург. Автор е на над 200 библиографски единици на разни стручни и научни трудови во земјата и во странство, како и на преводи на дела од Жан-Пол Сартр, Ѓерѓ Лукач, Исмаил Кадаре и други. Автор е на книгата „Француски книжевни идеи на XX век“, како и на „Балканска сага“, составена од 17 романи. За своите книжевни дела е добитник на повеќе национални и меѓународни признанија и награди. 2022.- Русија изврши ракетни напади во Украина. Украинскиот лидер Володимир Зеленски прогласи воена состојба и ги прекина дипломатските односи на Киев со Москва како одговор на руската инвазија. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00
СветТрамп размислува да ги објави документите за Саудиска Арабија и нападот на 11 септември Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека ќе го разгледа барањето на семејствата на жртвите од нападите на 11 септември .Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека ќе го разгледа барањето на семејствата на жртвите од нападите на 11 септември за објавување на документи за наводната улога на Саудиска Арабија во терористичките напади што се случија пред 25 години, пишува „Гардијан“. Семејствата долго време тврдат дека влијателна група религиозни екстремисти во Саудиска Арабија имала силно влијание во владата и им помагала на киднаперите. Петнаесет од деветнаесетте напаѓачи биле саудиски државјани, но официјален Ријад упорно негира каква било вмешаност во нападите. Трамп: „Ќе го разгледам тоа“ Семејствата бараат од Трамп да ги декласифицира и објави релевантните документи. Кога беше прашан за ова за време на неговата посета на Ирска, претседателот одговори дека ќе го проучи барањето. „Ќе го разгледам кога ќе се вратам“, рече Трамп кратко пред да се качи на „Ер Форс Уан“ за да се врати во Вашингтон. „Знам дека ме прашаа тоа во петокот“. Порака од комеморацијата Членовите на семејствата на жртвите водат долгогодишен судски случај против Саудиска Арабија. Една од нив, Тери Страда, на комеморацијата во Њујорк во петокот, го повика Трамп да „им каже на Саудијците да престанат да лажат“. Страда, чиј сопруг Том беше убиен во нападот, верува дека досега американските претседатели одлучиле „да ги заштитат Саудијците наместо да стојат покрај семејствата на жртвите од 11 септември“. Таа беше меѓу членовите на семејството кои ги прочитаа имињата на загинатите на 25-годишнината од нападот. Таа рече дека сегашната администрација треба „да застане во одбрана на семејствата и преживеаните“. „Тоа беше предавство по предавство“, рече таа. „Претседателот Трамп сè уште може да го промени тоа“.Тагови: 11 септември Саудиска Арабија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеКина оставила вештачка интелигенција да води очна клиника, еве како функционираше Вештачката интелигенција сè повеќе се користи во медицината за анализа на слики и развој на лекови, но научниците во Кина спроведоа експеримент во кој отидоа уште подалеку.Тим од Пекиншкиот институт за визуелни науки и транслационо истражување на очите (BERI) го предаде управувањето со офталмолошката клиника на систем за вештачка интелигенција, со човечки надзор. Целта беше да се тестира како вештачката интелигенција се справува во реална клиничка средина, пишува ScienceAlert. Како работеше клиниката за вештачка интелигенција Клиниката, наречена AI-TEC (AI-Agent Augmented Tsinghua Eye Clinic), беше дизајнирана така што вештачката интелигенција ќе биде основа на целиот процес, а не само додаток на постојната пракса. Лекарите сè уште беа присутни и ја надгледуваа работата, но вештачката интелигенција ги управуваше сите фази, од подготовка на пациентите за преглед, преку самата дијагноза, до следењето по прегледот. Лажните позитивни резултати беа значително намалени кога сликите прегледани од експерти беа додадени во податоците за обука. (Yan et al., Nat. Med., 2026.) „Нашата работа нуди први лекции за тоа како да се примени вештачката интелигенција надвор од обичната алгоритамска ефикасност и да се насочи кон трансформација на клиничката работа и интеграција на целиот систем, што на крајот создава вистинска клиничка вредност“, наведуваат истражувачите во својот труд. Учење од грешките и прилагодување на системот Првите резултати покажаа дека системот првично имал релативно ниска стапка на успех во препознавањето на болести како што се глауком и макуларна дегенерација. Сепак, точноста значително се подобри откако искусни офталмолози внесоа 1.426 висококвалитетни слики со точни дијагнози во базата на податоци. Тој збир на податоци се покажа како покорисен од почетниот, кој содржеше речиси 27.000 снимки со понизок квалитет. Со новите податоци, точноста на системот со вештачка интелигенција надмина 0,93 на стандардизираната дијагностичка скала на AUROC, што е на исто ниво со другите напредни системи за анализа на медицински слики. Вештачката интелигенција беше делумно одговорна за препознавање на болести на слики од мрежницата. (Mikael Häggström/CC0 преку Wikimedia Commons/Јавен домен) Научниците, исто така, забележаа интересен тренд во употребата на алатки. По почетната интензивна употреба, нејзината примена опадна. Анализата покажа дека во еден момент процесот на вештачка интелигенција се користел само во 3,8 проценти од прегледите. Веќе следниот месец, тој удел се зголеми на 23 проценти, откако истражувачите го оптимизираа системот, правејќи го побрз и полесен за употреба со намалување на бројот на потребни кликови. Клучни фактори за успех „Нашето рано искуство покажа дека имплементацијата на здравствена заштита базирана на вештачка интелигенција е всушност предизвик за целиот екосистем“, истакнуваат истражувачите. Тие додаваат дека ефикасноста не зависела само од перформансите на алгоритмот, туку и „од квалитетот на податоците, интеракцијата во рамките на работниот процес, ангажманот на лекарот, соодветното управување и мерливата клиничка вредност“. Тие ја истакнаа брзината како трет клучен фактор. Повратните информации од лекарите мораа да дојдат веднаш за да може системот да се подобри во реално време, а не неколку недели подоцна. Затоа, како што велат, е неопходна тесна соработка помеѓу клиницистите и експертите за вештачка интелигенција во оваа област. Мерењето на успехот не е само бројки Иако ваквите клиники се сè уште ретки, резултатите од тестовите покажуваат дека тие можат да бидат успешни ако се исполнети соодветните услови. Сепак, остануваат специфични предизвици, како што се разликите во пристапот. Имено, вештачката интелигенција се фокусира на конечниот исход - дали пациентот ја има болеста или не - додека лекарите првенствено се справуваат со симптомите, на пример, жалбата на пациентот за заматен вид. Самиот факт дека вештачката интелигенција точно ги анализира сликите не гарантира автоматски подобра грижа за пациентите. Затоа, авторите на студијата предлагаат идните испитувања да се фокусираат помалку на статистичката моќ. „Успехот на здравствениот систем базиран на вештачка интелигенција треба да се мери според тоа дали ја трансформира клиничката работа и ги подобрува резултатите од третманот, а не според тоа дали постигнува супериорни резултати од тестовите“, заклучуваат истражувачите. Истражувањето е објавено во списанието Nature Medicine.Тагови: вештачка интелигенција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНајмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка Два минибус-такси се судрија челно, а потоа беа удрени од трето возило на голем автопат во Јужна Африка, при што загинаа најмалку 21 лице, а уште четири лица беа сериозно повредени, соопштија денеска властите.Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП. Агенцијата додаде дека бројот на жртви „може да се промени бидејќи службите за итни случаи и властите на Западен Кејп продолжуваат да го истражуваат местото на настанот“. Минибусите-такси се главна форма на јавен превоз за милиони луѓе во Јужна Африка и често се вклучени во фатални сообраќајни несреќи. Најмалку 25 лица, меѓу кои 14 деца, загинаа во две одделни несреќи во јануари во кои учествуваа минибуси-такси. Три жртви од несреќата во недела навечер беа итно префрлени во болница, но беа прогласени за мртви по пристигнувањето, соопшти полицијата. Властите веруваат дека несреќата започнала кога две минибуси-такси се судриле челно, пред да бидат удрени од теренско возило, соопшти Секретаријатот за мобилност на покраината Западен Кејп. Автопатот N1 беше затворен на местото на настанот додека Корпорацијата за управување со патниот сообраќај започна истрага.Тагови: Јужна Африка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter