1 По Пентагон, и Европската комисија реши да реагира по сајбер нападите на фрижидери во супермаркетите
Вселенската опсерваторија на НАСА паѓа од орбитата- ќе има спектакл, се очекува огнена топка на небото
1Вселенската опсерваторија на НАСА паѓа од орбитата- ќе има спектакл, се очекува огнена топка на небото
ЖивотНа денешен ден11 февруари 2023 година. 1741.- Роден е Андре Ернест Гретри, француски композитор и музички писател, од белгиско потекло, најистакнат композитор на комични опери во 18. век. Негови познати дела се „Ричард Лавовско Срце“, „Карван од Каиро“ и други, а пишувал и мемоари и есеи. Умрел на 24 септември 1813 година. 1847.- Роден е Томас Алва Едисон, американски техничар и пронаоѓач. Негови најзначајни пронајдоци се фонографот (грамофонот), микрофонот, акумулаторот, електричната светилка, го усовршил телефонот, меѓу првите изградил електрична централа, прв ја применил филмската лента од целулоид и изградил прво филмско ателје во светот. Умрел во 1931 година. 1868.- Умрел францускиот физичар Жан Бернар Леон Фуко, кој заедно со Арман Физо ја измерил брзината на светлината. 1889.- Јапонија добила нов устав, со кој во земјата се востановило дводомно собрание, но царот ја задржал извршната власт, и што е уште поважно, неговата традиционална духовно-верска улога остана нечепната. 1909.- Роден е американскиот режисер, сценарист и продуцент Џозеф Лео Менкевич, добитник на два Оскара за режија и два за сценарио. Филмови: „Сѐ за Ева“, „Писма до трите жени“, „Јулиј Цезар“, „Клеопатра“, „Босонога контеса“, „Бегство“, „Луѓето ќе зборуваат“, „Тивкиот Американец“ „Пет прсти“... 1919.- Фридрих Еберт бил избран за прв претседател на Германија, која по поразот во Првата светска војна стана република. 1920.- Роден е египетскиот крал Фарук Први, последен монарх на Египет. На престолот застанал во 1936 година, а во 1952 година бил симнат од побунетите офицери, по што бил принуден да ја напушти земјата. Умрел во Рим во 1965 година. 1929.- Со потпишувањето на Латеранскиот договор меѓу папата Пие Единаесетти и Италија, основана е ватиканската држава – „Чита дел Ватикано“. Државата Ватикан се наоѓа во центарот на Рим, оградена со ѕидини и зазема површина од 44 хектари и има 3.000 жители. Ватикан има своја радиостаница, телеграфска и поштенска служба, монетарен систем и железничка станица. Врховната власт ја има папата, а политичките работи ги врши државен секретар. 1945.- Во Јалта на Крим, била завршена Кримската конференција на која шефовите на владите на трите големи сили на антихитлеровската коалиција, Сталин (СССР), Рузвелт (САД) и Черчил (Велика Британија), ги усогласиле воените планови за окончување на војната против Германија и Јапонија. Притоа усвоиле резолуција за „ослободена Европа“ и се договориле за основање „општа меѓународна организација за мир и безбедност„ во светот - Обединетите нации. 1953.- Умрел српскиот сликар Урош Предиќ, член на Српската кралска академија. Тој е еден од најголемите српски сликари. Изработил повеќе од илјада икони и низа иконостаси. Работел и историски композиции - „Босански бегалци“, „Косовска девојка“, „Сираче на мајчиниот гроб“, „Весели браќа“. 1956.- Во снежните лавини во подкорапскиот регион, животот го загубиле 52 градители на Мавровскиот хидроенергетски систем, граничари и жители на неколку горнорекански села. 1963.- Во Љубљана умре Фран Алберт, истакнат словенечки писател, еден од најстарите есеисти и критичари. Роден е во Камник, на 17 ноември 1889 година. 1970.- Јапнија станала четвртата земја во светот која лансира вештачки сателит. 1971.- На церемониите во Москва, Вашингтон и во Лондон, 63 земји го потпишале договорот за забрана за складирање нуклеарно оружје на дното на морињата и океаните. 1975.- Убиен бил претседателот на Мадагаскар - Ричард Рацимандрав, по само шест дена откако почнал да ја извршува функцијата шеф на државата. 1975.- Првпат во Велика Британија шеф на една политичка партија станала жена. За претседател на Конзервативната партија била избрана Маргарет Тачер. 1978.- Во Стокхолм умрел Хари Едмунд Мартинсон, шведски писател и академик. Уште на 16 години станал морнар и низа години пловел од Италија до Бразил. Меѓу најпознатите негови дела се романите „Копривите цветаат“, „Заминување“, „Патување без цел“, „Кап Фарвел“ и други. Во 1974 година ја добил Нобеловата награда за литература. Роден е во Јемсхег, на 6 мај 1904 година. 1985.- Во Лос Анџелес умрел Хенри Матавеј, славен американски филмски режисер. Добитник е на еден „Оскар“, но снимил дури 66 филмови, меѓу кои најпознати се неговите вестерни „Наследството на пустината“, „Напад на поштенската кочија“, „Ѓаволска градина“ и други. Роден бил во 1899 година. 1990.- Лидерот на Африканскиот национален конгрес Нелсон Мандела бил ослободен по 27 години поминати во јужноафриканските затвори. 1992.- Во Штип умрел Методи Докузов, легендарен музички педгог на овој град и еден од основоположниците на музичката култура во Македонија. Роден бил во Штип, во 1917 година. 1993.- Умрела српската поетеса Десанка Максимовиќ, член на Српската академија на науките и уметностите. Дела: „Песни“, „Зелениот витез“, „Татковино, тука сум“, „Мирисот на земјата“, „Барам помилување“, „Немам повеќе време“, „Песни од Норвешка“, „Ничија земја“... Била носител на Златниот Венец на Струшките вечери на поезијата. 1994.- Со слетувањето на Земјата на шатлот „Дискавери“ со пет американски астронаути и еден руски космонаут, завршила првата американско-руската спејс шатл мисија. 2000.- Во Париз умрел Роже Вадим, француски режисер. Роден е во 1928 година. 2001.- Во Тетово бил поставен камен-темелник на Штуловиот колеџ, првиот приватен универзитет во Република Македонија. 2002.- Ватикан го формализирал присуството во Русија со создавање на четири римокатолички диецези, не обрнувајќи внимание на протестите на Руската православна црква. 2004.- Во Скопје умрел Томе Саздов, универзитетски професор по народна литература, научен работник и почесен член на Друштвото на писателите на Македонија. Автор е на повеќе книги, меѓу кои: „Македонски народни приказни“, „Марко К. Цепенков како собирач на македонски народни умотворби“, „Македонска народна лирика“, „Усна книжевност на Македонците“, „Историја на македонската книжевност - усна народна книжевност“, „Непознатиот Прличев“ и други. Роден е во Скопје, на 8 февруари 1934 година. 2006.- Американскиот милионер и авантурист Стив Фосит поставил нов светски рекорд во најдолго летање без сопирање, прелетувајќи за 76 часа 42.469 километри од Флорида околу Земјата во источен правец, па се до јужна Англија, двапати прелетувајќи го Атлантскиот океан. 2013.- Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Бенедикт Шеснаесетти за време на мисата во Рим најавил дека ќе се повлече од должноста на 28 февруари во 20 часот по Гринич. Бенедикт Шеснаесетти е првиот папа по речиси 600 години кој поднесол оставка на функцијата. Тој оваа функција ја извршувал речиси осум години, од неговиот избор на 19 април 2005 година. 2013.- Во Франција била пуштена во употреба најбрзата интернет врска во должина од 450 километри, која ги поврзувала Париз и Лион. Новата технологија „Фотонски двигател“ овозможувала да се пренесуваат информации со брзина до 400 гигабајти во секунда. 2019.- По кусо боледување, почина македонскиот романсиер и поет Методија Фотев. Беше член на Друштвото на писатели на Македонија од 1957 година. Неговото книжевно творештво го сочинуваат повеќе романи: „Потомците на Кат“ (1966), „Селани и војници“ (1969), „Големите скитачи“ (1970), „Неплодна вода“ (1978), „Вивариум“ (2010), како и поетската збирка „Поезија не за одмор“ (2002). Добитник е на наградите: „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Рациново признание“. Фотев е роден на 14 март 1932 година во Љубојно, Преспанско. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноЗакопале нов автомобил и чекале 50 години- кога го отвориле бункерот, ги чекало непријатно изненадување (ВИДЕО)Жителите на американскиот град Тулса, во Оклахома, учествувале во необичен проект кој требало да остави „трага за идните генерации“.Сосема нов автомобил, модел Plymouth Belvedere и други предмети од секојдневниот живот се сместени во бетонско засолниште, со очекување дека некој ќе ги отвори во 2007. Кога дојде тој ден, илјадници луѓе се собраа за да бидат сведоци на настан што требаше да биде „патување низ времето“. Бетонско засолниште пред судницата Сè започна на 15 јуни 1957 година. По повод одбележувањето на 50-годишнината од основањето на државата беше организиран голем настан наречен „Тулсарама“, а најнеобичниот дел од него беше проектот наменет за луѓето кои ќе живеат половина век подоцна. Пред зградата на градскиот суд е изграден бункер, дизајниран да издржи нуклеарен напад. Во него се наоѓало нешто што требало да стане „временска капсула“, сочувано од влијанието на надворешниот свет. Организаторите решија да го отворат дури на 15 јуни 2007 година. Во центарот на проектот бил нов златно-бел автомобил, кој во моментот на сместувањето во бункерот поминал 6,4 километри, пренесува Parade.com. Автомобилот го доби прекарот Мис Белведере, кој го осмисли организаторот на настанот Шерон Кинг Дејвис. Очекувањата беа големи Во исто време, се одржа необичен натпревар за жителите. Задачата беше да се погоди колку жители ќе има Талса во 2007 година. Кој ќе погоди најблиску до реалната бројка, ќе освои автомобил и штедна книшка со 100 долари. Најуспешен бил Рејмонд Хамбертсон, кој предвидел дека градот ќе има 384.743 жители. Неговата проценка се покажа како исклучително точна, бидејќи Тулса имаше население од 382.457 во 2007 година. Кога денот на отворањето конечно пристигна на 15 јуни 2007 година, настанот привлече илјадници љубопитни граѓани. По половина век работниците почнаа да ја отстрануваат бетонската конструкција и заштитните слоеви кои ја штитеа нејзината внатрешност. Очекувањата беа големи. Многумина сакаа да видат како времето влијаело на она што останало во 1957 година и дали засолништето успеало да ја зачува својата содржина. Историска и емоционална вредност Меѓутоа, кога беше отстранета заштитната амбалажа покриена со дебел слој црвена кал, следеше големо разочарување! Пред толпата се појави автомобил кој некогаш беше сосема нов, но сега беше покриен со 'рѓа и не можеше ни да започне. Со текот на годините во бетонското засолниште се насобрале околу 7.570 литри вода, што оставило сериозни последици. Сепак, публиката не изгледаше разочарана. Напротив, сцената за многумина имаше посебна историска и емотивна вредност. „Тоа е нашата гробница на кралот Тутанкамон. Тоа е како бајка“, изјави Дејв Страганд за локалните медиуми. Приказната имаше и тажен пресврт Иако автомобилот не успеа да ги преживее децениите поминати во влажна средина, не сите предмети од засолништето го дочекаа отворот во толку лоша состојба. Внатре биле пронајдени плински канистер и рѓосани лименки пиво Шлиц. Сепак, уникатната „временска капсула“ сочувала многу повредни спомени од 1957 година. Содржеше неизбледено американско знаме, историски документи и воздушни карти на градот, од кои сите беа во добра состојба. Така, проектот, и покрај оштетениот автомобил, сепак успеа да зачува дел од секојдневието на едно време и да го пренесе на луѓето кои дошле половина век подоцна да погледнат во минатото. Приказната имаше и тажен пресврт. Рејмонд Хамбертсон, чија проценка за населението на Тулса беше најблиску до вистинскиот број, почина во 1979 година, речиси три децении пред да се отвори бункерот. Поради ова, автомобилот отишол кај неговите наследници. За да се зачува возилото што е можно повеќе, Двајт Фостер од работилницата „Ултра уан“ донирал околу 20.000 долари за негова реставрација. Од 2020 година, тој е изложен во музејот „Historic Auto Attractions“ во Рошко, во американската сојузна држава Илиноис. Тагови: автомобил бункер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Европа По Пентагон, и Европската комисија реши да реагира по сајбер нападите на фрижидери во супермаркетите „Новите сајбер напади врз фрижидерите во супермаркетите во неколку земји од ЕУ покажаа како дигиталните закани можат сè повеќе да влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните.“„Новите сајбер напади врз фрижидерите во супермаркетите во неколку земји од ЕУ покажаа како дигиталните закани можат сè повеќе да влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните и дека кибер нападите можат да ги нарушат услугите, да влијаат врз бизнисите и директно да влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните“, изјави портпаролот на Европската комисија, кој ја нагласи важноста од зајакнување на кибербезбедноста низ цела ЕУ. Европскиот комесар за земјоделство и храна, Кристоф Хансен, предупреди дека сајбер нападите врз фрижидерите во супермаркетите во земјите од ЕУ се „намерен обид да се наруши“ снабдувањето со храна на ЕУ и да се поткопа довербата на потрошувачите. Тој рече дека иако „безбедноста на храната во моментов не е во опасност, фрлањето храна и влијанието врз бизнисите се реални“. Европската комисија соопшти дека „продолжува да работи со земјите-членки за зајакнување на кибербезбедноста“. „Го користиме CYCLON за координирање и споделување информации, бидејќи неколку земји-членки се погодени од ова“, изјави портпаролот на Комисијата, осврнувајќи се на европската мрежа на национални органи одговорни за справување со киберкризи. Кибербезбедноста е првенствено одговорност на земјите-членки на ЕУ, но поради нејзината често прекугранична природа, во последниве години се усвоени и регулативи на европско ниво за поддршка на земјите-членки, вклучително и заштитата на критичната инфраструктура и софтверот и хардверот. Зајакнување Кибербезбедноста е исто така мандат на сеопфатната европска агенција, ENISA, која, меѓу другото, управува со CYCLON. Во кибер нападите што се случија преку ноќ во повеќе од 70 супермаркети во Белгија, Луксембург и Шведска, температурата во фрижидерите беше зголемена, а слични напади се случија денес во синџирот супермаркети „Селвер“ во Естонија, како и во Ирска, принудувајќи некои трговци на мало да уништат прехранбени производи. Продавница на Икеа во југозападна Белгија беше исто така погодена од нападот. Слични инциденти беа регистрирани и во Франција на 12 октомври, кога беа погодени околу 700 продавници, а канцеларијата на парискиот обвинител во тоа време објави дека станува збор за голем кибер напад врз мрежно поврзаните ладилници на големите малопродажни синџири.Тагови: супермаркетите фрижидери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаСе подготвуваат нови нафтени рути за извоз од Блискиот истокОбединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ќе ја заштитат својата енергетска инфраструктура и ќе инвестираат во нови рути за извоз на нафта, капацитет за складирање во странство и бродски флоти.Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ќе ја заштитат својата енергетска инфраструктура и ќе инвестираат во нови рути за извоз на нафта, капацитет за складирање во странство и бродски флоти за подобро да се подготват за можна војна меѓу САД и Израел против Иран, изјави денеска министерот за енергетика на ОАЕ, Сухаил ал Мазруеи. Ал Мазруеи им рече на новинарите на маргините на Меѓународната изложба и конференција за нафта во Абу Даби (ADIPEC) дека текот на војната не може да се предвиди, но дека ОАЕ ќе бидат подобро подготвени отколку порано, објави Ројтерс. Прилагодување на идните кризи ОАЕ извезува сурова нафта преку пристаништето Фуџаира, кое се наоѓа веднаш надвор од Ормутскиот теснец, до кое е во изградба нов цевковод кој ќе го удвои капацитетот за транспорт на сурова нафта до следната година. „Мислам дека по оваа криза, многу компании ќе го преиспитаат својот бизнис и ќе ги редизајнираат своите капацитети за да бидат поотпорни во иднина“, рече Мазруеи. Тој рече дека „отпорноста е голем збор“ и дека има повеќе слоеви, од производството на секој барел нафта, „сè до неговата крајна дестинација“. Мазруеи претходно изјави дека во одредени периоди извозот на неговата земја бил поголем отколку пред почетокот на војната меѓу САД и Израел против Иран. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook