МакедонијаНа Дарко, Давид, Блаже, Теодора и Ивона им треба помош, татко им починал, мајкaтa ги напуштилаРоднина на пет мали дечиња од Кичево, братучетка на нивниот ненадејно починат татко бара помош од сите хумани луѓе .Роднината, чие име ѝ е познато на редакцијата на Канал 5 на апликацијата за помош GoFundMe апелира до сите хумани луѓе за помош на нејзините пет внучиња од Кичево. На Дарко, Давид, Блаже, Теодора и Ивона Јовановски итно им е потребна помош, особено во овој предновогодишен период, кога нивните врсници очекуваат пакетче од Дедо Мраз. „Трагично, мојот братучед, 35-годишен, почина во сон (мозочен удар), оставајќи 5 мали деца на возраст од 3 до 8 години: Дарко, Давид, Блаже, Теодора и Ивона. Тој беше единствениот вработен во семејството; мајката ги оставила децата пред 3 години и не е заинтересирана да се грижи за нив. Помогнете му на ова семејство со трошоците за погреб и финансиска помош за децата. Социјалната помош ќе биде тешко остварлива некое време бидејќи мајката не е во земјава. Децата моментално живеат со баба со хендикеп и помлад вујко, тие сакаат да ги задржат и посвојат децата. Сè што ќе им биде од помош, им треба храна, медицинска нега, платена комунална услуга, облека итн. Ви благодарам и Бог да ве благослови.“ стои во објавата на роднината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
Шоу бизЧарли Шин мора да ѝ исплати 500.000 долари алиментација на поранешната сопруга Чарли Шин и неговата поранешна сопруга Брук Милер го завршија долгогодишниот спор околу неплатената алиментација. Според постигнатиот договор, актерот ќе ѝ исплати вкупно 500.000 долари (околу 440.000 евра). Судијата во Лос Анџелес ја потврди спогодбата на 7 јули, а според судските документи, 60-годишниот Шин мора да плати половина од износот до петок, 10 јули, додека преостанатиот дел треба да се плати до 1 септември. Во судскиот поднесок се наведува дека Шин се согласил на спогодбата откако „го разгледал ризикот од судски спор и поврзаните трошоци и одлучил дека е подобро да се решат овие прашања отколку да се биде изложен на неизвесностите од судскиот спор“. Со ова се заврши спорот во врска со неплатената алиментација и камата поврзани со периодот од 1 март 2011 година до 1 јули оваа година. Според договорот, Шин и 48-годишната Милер, кои ги имаат 17-годишните близнаци Боб и Макс, во иднина ќе ги сносат трошоците за грижа за децата додека се со нив. Покрај тоа, Шин ќе мора да плати 60.000 долари (околу 52.800 евра) за судските трошоци на неговата поранешна сопруга до 15 октомври. Крај на правната битка Спорот започна во декември минатата година, кога Милер поднесе тужба тврдејќи дека Шин ѝ должи речиси 9 милиони долари (околу 7,9 милиони евра) неплатена алиментација, со дополнителни повеќе од 6 милиони долари (околу 5,3 милиони евра) камата и 25.000 долари (околу 22.000 евра) судски трошоци. Во судските документи, таа навела дека во април 2010 година, на Шин му било наредено да плаќа 55.000 долари месечно (околу 48.400 евра), но дека од јули 2011 година, тој не ги плаќал редовно тие обврски. Турбулентно минато и помирна врска Шин и Милер беа во брак од 2008 до 2011 година, а нивната врска беше нарушена од бројни проблеми, вклучувајќи битки за старателство над децата, медицински патувања и инцидент од 2009 година во кој актерот наводно ѝ се заканил на Милер со нож. И покрај нивното турбулентно минато, нивната врска стана помирна во последниве години, а поранешните сопружници повремено јавно покажуваат поддршка еден кон друг. Во 2019 година, Шин коментираше за одлуката на Милер да побара помош во трауматски центар, велејќи за TMZ: „Мислам дека е на вистинското место“, додавајќи: „Се надевам дека ќе ја добие потребната помош. Ние сме тука за неа секогаш кога ќе се јави. Таа знае каде да нè најде“.Тагови: Чарли Шин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУдар за подземјето: Во Драч уапсени двајца членови на криминалната група „Беланоца“Во Драч се уапсени двајца припадници на криминалниот клан „Беланоца“, кои се бараа со меѓународни потерници за убиства и шверц со оружје. Уапсени се двајца припадници на организираната криминална група „Беланоца“ во Драч Албанија. 26 годишниот М.Џ од Скопје и 34 годишниот С.Н роден во Норвешка за кои Интерпол имаше издадено меѓународни потерници за сторени кривични дела: убиство, убиство во обид, тешка телесна повреда, недозволено држење и тргување со оружје и злосторничко здружување. „При лишувањето од слобода, кај лицата пронајдени се фалсификувани лични документи, за кои постои сомнение дека ги користеле за да ја напуштат територијата на нашата држава и да ја избегнат правдата. Акцијата е резултат на повеќемесечна соработка на Македонската полиција, Американската дипломатска безбедносна служба (ДСС) и безбедносните органи на Р. Албанија“, соопшти МВР попладнево. Инаку, сега уапсениот М. С, минатата година избега од Македонија, тој се сомневаше за убиство на армиски офицер пред селото Батинци, за него се водеше меѓународна потерница, а претходно за него имаше обвинение за уште едно убиство. Од МВР посочуваат дека оваа акција е резултат на повеќемесечна меѓународна соработка меѓу Македонската полиција, Американската дипломатска безбедносна служба и албанските безбедносни институции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
СветИранскиот ајатолах Али Хамнеи е погребан во Машхед Иранскиот ајатолах Али Хамнеи беше погребан рано наутро во петокот по локално време во неговиот роден град Машхад, на североистокот од земјата.Иранскиот ајатолах Али Хамнеи беше погребан рано наутро во петокот по локално време во неговиот роден град Машхад, на североистокот од земјата, по деновите на комеморации и погребни церемонии во Иран и Ирак, со што заврши периодот на жалост. Последниот погреб се одржа во молитвената сала на светилиштето Имам Реза во Машхад, откако ковчегот беше пренесен околу гробницата на Имам Реза како дел од погребните обреди, објави Прес ТВ. Погребна молитва беше одржана над неговото тело во дворот на светилиштето, по што следеше приватна церемонија за збогување за семејството на Хамнеи. По погребот, Иранците и муслиманите од целиот свет се помолија за него. Молитвата за починатиот ја водеше најстариот син на покојниот ајатолах, Сејед Мостафа Хамнеи, кој изврши ритуални молитви над телата. Според Прес ТВ, за време на поворката што следеше по телото на Хамнеи, можеа да се слушнат слогани „смрт за Америка“ и „смрт за Израел“. Ајатолахот Али Хамнеи беше убиен заедно со неколку членови на неговото семејство на 28 февруари, денот кога започна војната против Иран од страна на САД и Израел. Меѓу загинатите беа сопругата на новиот лидер, ајатолахот Сејед Моџтаба Хамнеи, зетот на починатиот лидер, неговата ќерка и неговата 14-месечна внука, потсетува Прес ТВ. Синот на Хамнеи, Моџтаба, ја презеде функцијата врховен лидер, но оттогаш не се појави во јавноста и не присуствуваше на погребните церемонии.Тагови: ајатолах Али Хамнеи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38