529-те килограми, со продажна вредност од околу 40 милиони евра, биле скриени во магацин во 29 пакувања во кои имало помали пакувања кокаин, прецизира холандското Министерство за правда.
Бродот, првично натоварен со креда во Бразил, отпловил за Антверпен, Белгија. По пристигнувањето во Шпанија, тргнал кон Данкерк и таму бил прегледан.
На 1 октомври, повеќе од 1,1 тон кокаин биле откриени во магацините на бродот, што е најголемата заплена во француските територијални води од 2018 година, рече Оливие Дусопт, министер задолжен за јавни сметки.
Од дваесетте членови на првичниот екипаж, 19 се обвинети како дел од првата истрага, а 15 се затворени. Бродот потоа отпловил од Данкерк до Антверпен, а потоа до Ротердам, каде што се случила последната заплена.